Дали Р.М ќе купува борбени авиони

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Добро се изнасмејав, инаку ова е објаснувано по 100 пати на други теми, не е потребно да се отвара оваа само за тоа... Како прво армијата нема пари... Од година во година преживува... Со 90 милиона евра имаат 8000 персонал, а каде се јадења, пари за одржавање, муниција? Специјалните единици користат амерички пушки, не ни даваат никаква информација од еурокомпозит за ништо, војници се отпуштаат, пушките се продаваат, тенковите се топат... А вие прашувате за воени авиони?! Куќата се гради од темелите, но изгледа тоа не го знае никој, или се прави дека не го знае... Но кога би имале пари за воени авиони, за нас најповолни би биле некои борбено-тренажни авиони... Нешто како Yakovlev Yak 130... Топ авион за нас, многу малце троши (во споредба со други борбени авиони), лесен, брз, добро вооружен... А и плус ќе излезе и борбена верзија на тој авион, така да супер ќе ни дојдат тренажните... А може и ако се иде на нешто западно, да се земе Aermacchi M-346, сосема истиот авион, платен од Алениа направен од Јаколев. Но, поради нашите моронски политичари што ги имаме, ако зимаме воени авиони, најверојатно би земале половни турски Ф-16ки или Ф-5ки (кои веќе ни ги имаа нудено) или верзијата на Миг-21 на Елбит која ја користат хрватите (зашто да не ги копираме во авионите кога ги копираме во законите), за кои нормално, би немале пари да ги летаме ни еднаш неделно... Затоа со моменталните политички партии и политичари, Македонија нема да има војска, а и некаква иднина, а да не збориме за воени авиони...
 
Навистина е лошо тоа што направи ја со Су-25ките ги оставиа таму да скапуваат
Дали Македонија е во план да купува борбени авиони на пример Миг-29 Су-35 Су-27 Торнадо било кои борбени авиони?


Најдобро ќе биди да купиме 200-250 Ф-35ки (најнов борбен авион од петта генерација) од Америка, плус 2-3 Б-2 бомбардери. Бидејќи ќе добиеме бројна и моќна авијација, ќе треба да набавиме и неколку авиони-танкери за воздушно надополнување на гориво.
За секој случај ќе земиме и против бункерски бомби, можеби ќе притребаат. Ако купиме такви, Американците давале гратис против сателитски ракети, па можеби еден ден ќе се најдат...

Може и некоја подморница да се купи, за вадење на давеници од Вардар...
 
а за што ни се авиони???
не ми е јасно..............
Ние проблемите на земја не можеме да ги решиме, сега па воздушно ќе ги решаваме.......
 
Авијацијата е според мене двигател на воената одбрана во една држава, ама во држава како нашата не. Паметно рече тој дека сме 200км широки и д'лги, така да треба наместо авиони да се усовршуе анти еркрафт системот, против авионски ракети итн. Треба најпрвин да се среди копното, тенкови немаме како што треба...Можда и олеснување е што неаме морнарица и ретко би не нападнале со крстосувачки ракети :) А и на хелихоптерите ништо не им фали, Бугарија е во НАТО, што значи дека нема шанси да не нападне како и Грција и Албанија. Косово би требало да иде со Албанија, а со Србиве немамо ништо да би се заратиле. Израел е сасвим друго и нејќем да се повторам за нешто што рекле другиве погоре, тоа е сасвим различно од нас...Прво нека се среди доле армијата со чизме и тија неопходни ствари па тек онда да размисљуемо за сухој торнадо локид мартин или миг...

А и да купимо сигурно ќе го постаа у Аеродром у паркот ка споменик, хехе :) :LOL:
 
Авијацијата е според мене двигател на воената одбрана во една држава, ама во држава како нашата не. Паметно рече тој дека сме 200км широки и д'лги, така да треба наместо авиони да се усовршуе анти еркрафт системот, против авионски ракети итн. Треба најпрвин да се среди копното, тенкови немаме како што треба...Можда и олеснување е што неаме морнарица и ретко би не нападнале со крстосувачки ракети :) А и на хелихоптерите ништо не им фали, Бугарија е во НАТО, што значи дека нема шанси да не нападне како и Грција и Албанија. Косово би требало да иде со Албанија, а со Србиве немамо ништо да би се заратиле. Израел е сасвим друго и нејќем да се повторам за нешто што рекле другиве погоре, тоа е сасвим различно од нас...Прво нека се среди доле армијата со чизме и тија неопходни ствари па тек онда да размисљуемо за сухој торнадо локид мартин или миг...

А и да купимо сигурно ќе го постаа у Аеродром у паркот ка споменик, хехе :) :LOL:
Македонија моментално не треба да се фокусира кон модернизирање на војската , туку цел фокус и енергија кон економијата ... чим имаш економија,имаш пари,чим имаш пари, можеш да купиш што сакаш .... Грција ја направи таа грешка,наместо да си среди општество и економија , западна во дупка уште повеќе .... види го Израел,можеби цело време се под воена состојба но си средуваат економија но во исто време и модернизација на војската цело време .... кога ќе видиш колку иновации имаат на глобален план што доаѓаат од Израел,прават и пари и модернизација и дотерување на војската, не е ни чудно што се најдобри .... Путин рекол ... за малите земји да останат, мора да бидат со најмногу оружје,најопремени дури и од поголемите земји .... пример .... Швајцарија,Израел итн .....
 
Евреите ајнштајн го имале а не некој си патенти од Израел шо доаѓаат. Ние немаме економија тоа е факт, и сега се чека да пукне граѓанска војна,мада македончето е мирно :) Мојот пост еве заборавив да напишам се однесуваше доколку би имале добра економија, грешка хД
 
Кратко и Јасно-НЕ.

Во планот за модернизација на АРМ нема простор за авиони, спомнав има простор за неколку САМ системи(два типа различни), нешто ракетна артилерија MANPADS и остатокот е на пешадиско вооружување и нешто ATGM.
 
Кратко и Јасно-НЕ.

Во планот за модернизација на АРМ нема простор за авиони, спомнав има простор за неколку САМ системи(два типа различни), нешто ракетна артилерија MANPADS и остатокот е на пешадиско вооружување и нешто ATGM.
И така е,нема потреба моментално,слабо ни е развиена војската моментално,се шо беше оружја,моружја,капацитет се однесено од Ех-Ју армија ... останавме со празни раце .... сега полека полека се обновуваме,крпиме некако ... Помага Турција,Израел,Америка,Шнато со донации,обуки ... Голтари сме моментално,тоа е реалноста ... Сега само економија да средиме,да мислиме,ќе си дојде пари и време и одлуки за војската,јас сум за да почнеме да креираме оружја,итк нешо како Швајцарците,Израелците ,џебно ноже,автоматски пушки,нешо шо ќе носи пари :)
 
Македонија да купува борбени авиони ? Тикви ке купи . во АРМ немаат пари за одржување на СИТЕ 2 (еден 17 и 24) хеликоптери па камо за борбени авиони , а кој да ги лета нив . пилот на лесни авиони како што имаат они ЗЛИН хаххаха пилот на борбен авион .
Израел остајте ја настрана ,они имаат непријатели од сите страни а и имаат пари , Војската кај нас нема ВОДА за ПИЕЊЕ ејјјјјјј народе 21 век сме
Касарната Петровец и цел Аеродром Александар велики немаат вода за пиење . вие зборувате авиони борбени пффф
 
Не ни требаат авиони кога 35 % од вработените у АРМ имаат крилја.
 
Со овој буџет единствено нови чизми за војниците може да купат.Мвр има 4 пати поголем буџет од одрбрана така да јасна е политиката.Инаку мислам дека борбени авиони во суштина не се потребни за држава како нашата,посебно не во моментов и со оваа економска состојба.Јас би одел со борбени хеликоптери (на пример 2 Ми-24; 2 Mи-28; 2-3 транспортни Ми 171( новите 17ки) и уште 2-3 хеликоптери од американско производство( бидејќи нели сакаме да сме членка на нато, да не испадне купуваме само руско оружје).Доколку се реализира оваа идеја заедно со се овие 4-5 ми24ки и 3-4 ми 8/17 кои се во летна состојба би имале сосема солидна и копактна хеликоптерска единица :)
 
СУ 25 се одлични борбени авиони за дејствување врз цели на земја и сосема доволни беа тие 4 што ги имавме,и ден денеска многу држави заедно со Русија ги користат и ќе ги користат.Ако тие беа во употреба,тогаш требаше да ја зајакнеме против-воздушната одбрана со некој добар систем бидејќи освен албнаија и косово сите наши соседи располагаат со добри борбени авиони што за нас е дефакто закана.Само што тоа неможе да се оствари... прво Македонија има пари ама не помислува да троши на одбраната второ се сомневам дека НАТО ќе дозволи Македонија да има добра против-воздушна одбрана,освен Игла и оние лансери од транспортери не знам како се викаа.. а искрено без навреда не знам ни колку им е дометот и колку се добри..
 
Су 25 беа добри, а и ние имавме среќа во конфликтот да немаа учките никакви рачни лансери, за други и да не зборуваме.
Значи времето на јуришни авиони поминува, иста е ситуацијата и со американскиот A10. Функијата ќе им ја преземат делумно хеликоптерите (кои се барем поефтини), делумно ловци бомбардери.
Што се однесува до нас ќе останеме со хеликоптерите кој што во иднина ќе ги зајакнеме пред се со електроника, а може и нови јуришни хеликоптери. Од авијација засега ќе си останеме со злиновите.
А и општо гледано авијацијата станува се поскапа и поскапа и нови авиони од последниве генерации си дозволуваат само побогати или поголеми држави. Овие другиве се задоволуваат со тоа што и досега го имале, некои стари миг 21 и слично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom