Политичка криза во Грција
Грција влегува во уште посериозна политичка криза, каде што владиното мнозинство од само еден пратеник во парламентот е сериозно разнишано, не создава поволен амбиент за брзо решавање на грчко-македонскиот спор за името летоска
[SIZE=+0]На вчерашните избори за европскиот парламент опозицискиот ПАСОК убедливо победи со освоени 36, 5 насто од гласовите, наспроти 32, 3 насто што ги освои владеачклата Нова Демократија. Иако станува збор за евроизбори, политичката кампања во Грција беше водена како да станува збор за национални парламентарни избори, а дебатата беше фокусирана речиси исклучиво на домашната политика. Лидерот на опозицијата Јорго Папандреу веднаш по објавувањето на првичните резултати побара предвремени избори, порачувајќи дека владата на Караманлис која одамна нема легитимитет да владее, вчера за тоа доби потврда и од избирачите. ПАСОК смета дека резултатот на евроизборите не е порака на незадоволство од грчките граѓани до владата, туку јасна одлука на граѓаните со која се одзема легитимитетот на власта да владее со земјата, поради неможност да се справи со континуираните скандали и политичката и економска криза. Инаку вчерашниот пораз на Нова Демократија е прв пораз на Караманлис од 2000-тата година.
Караманлис рече дека поразот е тежок и дека ја добил пораката од граѓаните, но истовремено порача дека неговата влада има мандат да владее уште две години, и оти тој е решителен да ја предводи земјата во наредниот период. Ситуација, во која Караманлис останува на власт, но Грција влегува во уште посериозна политичка криза, каде што владиното мнозинство од само еден пратеник во парламентот е сериозно разнишано, не создава поволен амбиент за брзо решавање на грчко-македонскиот спор за името летоска, како што беше најавено, со промптна шатл дипломатија на новата американска администрација. Иако не директно од членови на Нова Демократија туку од главниот уредник на Елефетерос типос, весник којшто е близок на партијата, синоќа беше најавена можноста Караманлис да коалицира со Јоргос Караѕаферис и неговата ултрадесничарска ЛАОС за грчката десница да ја консолидира власта. Влегувањето на ултранационалнистичкиот и ксенофобичени ЛАОС во владата со крајно негативен став во однос на македонското прашање, би довел до ситуација и онака исклучително тешките преговори со Грција за решавање на спорот со името да станат речиси невозможни.
[/SIZE]