Дали постои оправдан злостор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
Раѓањето на многумина од форумџиите е злостор,нажалост оправдан.
 
Доколку се работи за самоодбрана тогаш да, а мислам дека и одредени правни норми до одреден степен го оравдуваат тогаш злосторот. Но сепак ниедно злосторство неможе да биде оправдано во целост.
 
Според мене постои оправдан злостор, ако некој ти направи лошо на тебе или на некој твој близок, си заслужува.
 
Да, но ако станува збор за нужна потреба.

Во сите други случаи не го оправдувам!
 
Секој злостор извршен од мене е оправдан од моја гледна точка. Што е важно туѓото мислење. :oops:
 
Ако е во самоодбрана или одбрана на близок човек, не само што е оправдан, него е и нужен. Доколку некогаш бидам доведен во таква ситуација, мислам дека не би имал грижа на совеста.
 
Секој злостор извршен од мене е оправдан од моја гледна точка. Што е важно туѓото мислење. :oops:

Да, но секој злостор извршен и оправдан од тебе може да биде соодветно казнет, па тогаш да сфатиш дека и туѓото мислење е понекогаш битно :)
 
Дали може на било кој начин да се оправда злостор? Дали злосторот како таков може да послужи за повисоки цели?
Под злостор подразбирам нешто што наштетува на друг, а е и казниво со закон.
На пример, дали е опрвдано да се убие човек ако е тоа во самоодбрана?
Од друга страна, помислете колку човечки животи се губат во војна со цел да се освои територија, вреди ли тоа убивање?
Сакам објаснување со вашето мислење. Ако може да се оправда, во какви случаи може, а ако не може, зошто не може?!
Оправдан злостор не постои .Пошто еве примерот што го даде за самоодбрана ти не правиш никаков злостор бидејќи е самоодбрана.
Додека примерот со војните е на друго ниво што поттикнува друго прашање
Дали вреди да се нанесе „мало“ зло за да се спречи „големо“?
Јас не оправдувам никаков злостор што не значи дека не го поддржувам ако сметам дека е правилен.
Пошто зборот злостор е на некој начин релативен како и се останато во светов пример во турско време да убиеш Турчин ти си херој и ослободител ама па од страната на турците те сметаат за злосторник и убиец.
И така е тоа сиве овие работи се многу релативни и искрено не би можел да се одлучам дали може да се оправда.
И уште нешто некоја работа на пример одреден злостор може да не го оправдувам ,но сепак да го поддржувам како потребен за дадена ситуација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom