Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Темава ми е конкретно за форумов, затоа и ја отварам тука.
Значи, дали ги почитувате мислењата на Кајганџиите? Дали знаете да ги прифатите и тогаш кога се разликуваат од вашите? Дали имате почит кон сечие мислење на форумов, особено кон мислењата на тие што не ги знаете? Или па токму нивните мислења повеќе ги омаловажувате и токму со нив помалку внимавате како дискутирате?
Темава ја отварам бидејќи често се случува членовите (посебно со новите) да се најдат со различни ставови и мислења, па да се раскараат на една или неколку теми и останат на некој начин непријатели. Ми се случило и мене, многу јасно, па еве малку и тој проблем да го разгледаме.
Ми се случило да оценам лошо некој нов член според некој негов пост, па подоцна да забележам дека всушност многу добро размислува за повеќе работи и ми е криво што сум помислила така или ако сум вратила на тоа, ми е криво што сум го направила тоа. После таквите грешки, се трудам да не пресудувам ништо за некој што не го знам, без оглед дали некаде за нешто ќе се сложиме, а некаде не. Исто така внимавам и кога реплицирам некому кој има спротивен став од мојот, за да не бидам грешно сватена, нормално, до некои свои граници. Сепак, секогаш и во се` има исклучоци.:podsmev:
Убаво и средено мислење поштовам, па некогаш знам таквите да ги наградам и со репутација, иако не се сложуваат со моите.
Јас мислам дека е многу подобро кога и луѓето со различни ставови би знаеле да комуницираат, токму со тие спротивни мислења. Тоа е интересно, таква дискусија привлекува внимание и од останатите, а исто во една таква дискусија можеби на крај некој нешто може да научи или дознае (како што повеќето напишавте во таквата тема во Општи). Неможе сите на сите теми да мислиме исто, па нели е во ред да се прифаќаат и спротивните мислења без понатамошни расправии, туку со дискусија во која секој со секого би се разбрал?
Што мислите вие во врска со ова и како реагирате кога се наоѓате во такви ситуации?
:helou: