Абе какво кино бре, вистински грабеж е да фрлиш 430 денари (со се пуканките) за еден филм да го ебам. И така ќе излезе на торент за 2-3 месеци па ќе го изгледаш на раат филмот, дали сам, дали со друштво. Барем во Македонијава никој не ја забранил пиратеријата, па зошто да им давам пари на кинана со напумпанине цени што ги ставаат. Знам дека повеќето од оние што одат во кино се палат на 3D, подобар звук, слика, ова-она, ама јас кога ќе седнам да гледам филм сакам да ја разберам содржината во него, и да пропуштиш некоја сцена, или пак да не ја разбереш да можеш да го вратиш филмот наназад, одпоново да го изгледаш. Башка потоа на цд ќе го ставиш и ќе си направиш колекција дома . Далеку е поисплатливо дома да го гледаш филмот, па макар ако треба да почекаш некое одредено време фимот да го извадат со добра снимка.
Башка Топче што кажа дека блуреј излагало 6 месеци после премиерата, нема врска. Додека Expendables 2 уште се прикажуваше по кинава, на интернет веќе беше излезен со блуреј слика. Мерачки си го изгледав...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.