Зошто би дозволила ЕУ либерализација на визниот режим ако Македонија после тоа реши да не биде дел од ЕУ?
Либерализација сакаме за да шетаме и да избегаме од Македонија.
А притоа не сакаме да влеземе во ЕУ.
Е нема така. Ако не сакаме во ЕУ нема ни либерализација, нема ни други поволности и со тоа добиваме еден затворен пазар и затварање на Македонија и не добивање на подршка од европските земји.
Сите држави во развој во Европа се стремат кон ЕУ заштот таму го гледаат спасот, а и ништо нема да се постигне ако се блокира од страна на овие земји тој влез. Едноставно земјите од ЕУ се 100 пати на повисоко рамниште од земјите во развој. Не зборам за Швајцарија, Русија... кои нималку не им треба ЕУ но сепак се во постојана соработка иако не се членки. А и овие земји се многу над Македонија.
Не е ЕУ нешто свето и нешто совршено, напротив нема ништо посебно да се добие од самото членство туку едноставно подршка од државите кои се дел на ЕУ.
Со ставање на блокада ќе станеме како некои паднати од Марс.
Подобро е да се продолжи со преговори секако со зачувување на сопствениот идентитет (сум за да влеземе по нашето Уставно име) или ако не да чекаме да се распадне ЕУ

А да ако ги прекинеме преговорите и соработката си сприведуваме сопствено уништување и изолација.
Всушност ние никој не ни сакаме, затоа никој не не ни сака!