Никогаш не сум дозволила да паднам на толку ниско ниво и да и го превземам дечкото на другарка. Не сакам да превземам нешто што е туѓо, а посебно па не на другарка.
Исто, барем до сега ми се нема случено другарка да ми го превземе дечото, се надевам нема ни да се случи. Што другарка ќе беше кога се осудила да направи такво нешто. Направи ли такво нешто, ја бришам од живот и неа и него. Нема што да барам понатака со нив.
Едноставно ќе сватам дека тие личности не ме ценат.
Па и тој дечко ништо да не ми значи, ќе ми биде глупо да седам во исто друштво и да ја гледам *другарка ми* како се лигави со некој со кој јас сум била до вчера :nenene:
Туку така ќе продолжиш и ќе заборавиш на долгогодишното другарство?
Па колку години и да траело, се ќе падне во вода, колку и да сме биле добри другарки. Ако ми била толку блиска, сигурно ќе знае дека тој човек мене ми значи, а ако тоа го знае нема да се осуди да помисли на него, а камоли да се заљуби.
Па и да не ми значел, на што личи тоа. Ајде сега ќе си ги менуваме дечковците, како заморчиња за испитување да се. (а тоа нема шанси-штом сум со него во врска секако дека ми значи, макар и малце) :nenene: :nerv: :ne: