Дали некогаш сте биле ограбени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nina
  • Време на започнување Време на започнување

Дали некогаш сте биле ограбени?

  • Да

    Гласови: 56 57,7%
  • Не

    Гласови: 41 42,3%

  • Вкупно гласачи
    97
Досега колку што се сеќавам, не. Знам дека на тетка ми и ја украдоа одаамна чантата- и ги земале парите и личната карта. Се сеќавам дека после чантата ја најде, празна внатре....
 
пред некое време ми го украдоа телефонот :icon_frow штета многу беше убав...уште го жалам
 
мобилниот у охрид у луна парк...не беше некое ограбување..ми падна од џеб кога се возев на оние количките ,изгледа од пресилен судир...ама оној шо си го најде одма го исклучи...ама го рачунам како кражба зошто немаше да бараат у полиција иначе ако пријавев како загубен...:D
 
da doma mi kradeja pari pred 4-5 godini...
 
да телефонот во 2005 :nesvest:
 
Денеска ја ограбија женами. Еве и како.
Во нова зграда,во населба Ново Лисиче,оклолу 14,30 часот враќајки се од работа,и пред самиот влез кој што е малку вовлечен на внатре,а со тоа и непрегледен на лица што се на улица или во околината. А такви се влезовите сега на сите згради и тоа не е добро. Жена ми се доближила да отвори врата со клуч,некое си дете 14-15 години чекало пред вратата,таа прво се свртила да отвори во пошта да не има нешто и ова детето ја зграпчило околи вратот стоеиќи и зад грб и и го скинал ланчето со привезоци и дим да го нема,на главата носел „дуксер“- капуљача,тренерка сива боја.
Пред малку ги информирав и другите станари за да внимаваат на оваа појава.
 
Me имаат ограбено, еднаш како мала. 10 годинки мислам имав.
Многу се плашев од циганчиња тогаш.
И еден ден кога се враќав од школо ме начекаа.
И ми рекоа давај се што имаш :pos: И јас итрата, им велам еве ви ги шнолкиве (што ги носев на глава, патем беа многу убави:love:). Земете ги и подарете и ги на некоја девојка, одма ќе се заљуби во вас :pos:И овие, поверуваа...и ги земаа. Почнаа да се смеат и истрчаа, заминаа.

Јас само што се ослободив и почнав да се смешкам оти ги измамив :eek: ете ги назад.
Ми викаат ''ама девојките сакале и прстен'' (имав златно прстенче на рака) и почнаа да ме тегнат.
Го истегнаа прстенчето и пак дим да ги нема :tapp: а јас ваква :place: си заминав дома.

п.с После 2-3 години:D го сретнав тоа едното. Го бркав со точак и го претепав :mad: Ете така.
 
Автомобил, велосипед, ауспух од мотор, телефон. Толку сега за сега
 
Ми дигнаа патики во теретана пред 3 години. Не ми текнува на друг случај.
 
се брои кола? или мотор? :(
нека не даде господ (а не верувам у него:)) да дознам кој бил.
 
Мене чевли ми имаат собрано од пред влезна врата, на гости додека бев кај другарка. После накај дома си одев со нејзини обувки. Наредните 2 - 3 недели постојано ги гледав луѓето во нозе. Само ако си ги познаев чевлите кај некој, имаше да му ги соблечам. Ама не се случи тоа, не си ги најдов...:place:
 
nokia 3410
втора средно
на фитнес
ко идиот си ја остаив јакната у соблекувална, 200 денари у едниот, мобилниот у другиот џеб
чувството кога завршив со фитнес и ги фатив празните џебови е едно од најчудни чувства што некогаш сум ги почувствувал

барем да ми остаеше една 100 за автобус...
се надевам бил наркоман и веќе се има предозирано.
 
не ама за малце
еден ми се качи на тераса ноќе беше со фантомка со се
кога земав дрво од секира беше без металниот дел да го бркам типот низ огради рипаше да се спаси
 
nikad.... koj smee da mi ukrade neshto :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom