Дали навистина луѓето ја сакаат и ценат искреноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Добро, да, сите кажуваат дека ја сакаат вистината, ценат искреност, дека се искрени итн итн, ама сум забележала дека ако на истите тие луѓе им ја кажуваш вистината т.е си искрен веднаш се навредуваат, го дигаат носот, реагираат хистерично, се лутат и слично.
Па тоа ме наведе да размислувам, колку всушност луѓето ценат искреност?
Да, вистината боли.
Што е во прашање? Навреда на суета?
Зошто сите велат дека инсистираат да им биде кажана вистината, а потоа се лутат?
Ако толку постојано некој сака искреност, зашто ја отфрла кога му е пружено тоа?
Што подразбираат луѓево под искреност? Кажување и слушање на она што сакаат да го слушнат?
 
Добро,да сите кажуваат дека ја сакаат вистината,ценат искреност,дека се искрени итн итн,ама сум приметила дека ако на истите тие луѓе им ја кажуваш вистината т.е си искрен веднаш се навредуваат,го дигаат носот,реагираат хистерично,се лутат и слично.
Па тоа ме наведе да размислувам,колку всушност луѓето ценат искреност?
Да,вистината боли.
Што е во прашање?Навреда на суета?
Зашто сите велат дека инсистираат да им биде кажана вистината,а потоа се лутат?
Ако толку постојано некој сака искреност,зашто ја отфрла кога му е пружено тоа?
Што подразбираат луѓево под искреност?Кажување и слушање на она што сакаат да го слушнат?

Зависи од личноста и нејзиниот систем на вредности, да, луѓето се лицемери голем дел од времето, сите ние сме, малку или многу, зависи од силата што ја поседуваме.Така што, кога некој вели дека ја сака вистината, се правда пред светот за својот сопствен страв од неа.
Дека таа боли, веројатно и тоа е вистина, но сепак, вистината сите ние различно ја гледаме и е прилично релативна работа, но кога ќе ја земеме вистината во една релација помеѓу две личности, небитно дали е пријателска, љубовна, професионална, тогаш веќе може да се земе како нешто пофиксно.
Лутината, повредата на егото, секогаш зависи од тоа колку ние ја цениме личноста која што тоа ни го презентира, ако некој ми е битен и ме гледа како нешто што јас мислам дека не сум, тогаш, повеќе е болка, него лутина.Ако ја кажува реалноста, тогаш, повреда на егото.

Јас лично, сакам луѓе што во лице ми кажуваат како стојат работите, не дека ми смета да ми ласкаат, напротив, но оние најблиските, што ми го градат светот во кој што постојам заедно со нив, онда, без вистина и со страв, се е лажно.
 
Еве вака, лично за мене ќе одговорам.
Јас на пример многу ја ценам искреноста и искрена сум речиси секогаш, но убаво велиш, имам забележано како се фаќам самата себеси да се налутам за тоа што некој ми ја плеснал вистината во лице. Имам размислувано на оваа тема уште одамна и се прашував себеси зошто се нервирам за тоа кога јас бев таа која на сите страни се расфрлаше со искреноста. Навистина не ми беше јасно :toe:.
После долго и искрено размислување забележав дека всушност не сакам да ја слушнам вистината од секого и во секое време. Не за џабе рекле има место и време. Не сакам било кој да ми ја плеснува вистината во лице. Ако станува збор за некоја глупост, како на пример " леле колку ти е ужас косава " тогаш не се лутам. Кој било може да ми го каже тоа , ќе удрам на сеир. Но, проблемот се јавува кога станува збор за посериозни работи. Е тогаш вистината сакам да ја слушнам само од блиски луѓе кои се надевам дека ќе го погодат вистинскиот момент за тоа. Не се лутам за тоа што ми ја кажале вистината а не ми се блиски, туку повеќе тоа го сфаќам како тие лица да немаат доволно обзири кон мене... не знам. Чувствувам дека немаат право да ми го кажат тоа, а нивните зборови ме повредуваат и затоа се лутам.
 
Jaс секогаш сакам луѓето да бидат искрени со мене и се` да ми биде кажано во лице, бидејќи и јас сум таква личност, ништо не кријам и се` што имам против некого, му го кажувам во лице, но гледам тоа да биде насамо. Не секој сака да бидат некои работи откриени пред другите.
Лично ја ценам искреноста, бидејќи останатото(оговарање, подмолно ширење гласини и др) ми наведува на мислење дека личностите се дволични и лицемерни.
 
Многу малце искрени луѓе познавам,а имам цела листа докажани лицемери и преваранти.
Нормално дека повеќе ценам искрени луѓе, со директен пристап и коректни.

Практикувам строго реален поглед, обично “задолжен“ сум за спуштање на земја во друштво доколку излезат работите од реалноста.
Сите различно го доживуваат ама и ме почитуваат заради тоа, без залажувања и отворено машки лице в лице.
Затоа и јас почитувам кога некој се води од истиот реален и искрен принцип и ми укажува доколку грешам.
 
Знам дека има многу луѓе кои ја сакаат искреноста по секоја цена, а колку знаат да ја ценат тоа е веќе дискутабилно.
Секоја искреност и секој искрен гест може да се искористи во негативна конотација, и мислам дека многу често се случува тоа.
 
За мене искреноста е една од најважните работи. Ако нема икреност, не е битно дали спрема партнерот или другарките, тогаш всушност и нема многу, бидејќи јас мислам дека се започнува од искреноста. Многу ја почитувам искреноста и ги почитувам и луѓето кои се искрени, за некои работи треба да се има храброст за да бидеш искрен спрема некој и тоа многу го почитувам.
 
Абе сите ја сакаме искреноста..Но колку ја сакаме кога не е баш пријатна?Значи секој сака да слушне за себе само убави работи тогаш и да не се искрени ги сакаме..Ама кога ќе треба нешто лошо да ни треснат во лице,се лутиме,тогаш другите се бесчуствителни,лажговци,и.т.н и.т.н.Да скратам искреноста ја сакаме но не секогаш..
 
Не ја сакаме, зошто боли
 
Малку тешко е да оценам во глобала, ама јас лично ја ценам искреноста и сигурно сум се навредил и јас од некои искрени работи со ми ги рекле мене. Ама сепак зарем не се то работи кој неќиме да си ги признајме и самите себе?
 
Четири букви, пет адреси на покажувачот.

A LOT
 
Колку ќе беше лесно да знаевме што сакаме
 
iskrenosta nema efekt.toa se vika naivnost.ponekogas molkot e zlato.
 
Повеќето луѓе не ја ценат искреноста, ниту пак се искрени кога кажуваат нешто. Јас например би била многу посрекна кога некој би ми кажал што навистина мисли, без разлика дали тоа ке ме боли...колку и да боли, тоа е тоа, ке знам...и ке се справам. А ако некој ми мачка очи само губиме време и на крај пак повредени, навредени и гневни
 
Човекот е природно егоистично суштество, така да ако чуе нешто што не му одговара наеднаш тоа му смета, а доколку чуе нешто убаво и посакувано му одговара.
Ако треба да избира меѓу горката вистина и слатката лага, многу побрзо би го избрал второто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom