Еве како тоа прашање го решиле словенците.
Уставниот суд на Словенија против улицата на Тито
Уставниот суд на Словенија ја поништи одлуката на љубљанскиот градски совет од април 2009 година за именување на една нова улица во словенечката престолнина како „Титова цеста“.
„Фактот дека Јосип Броз Тито беше доживотен претседател на поранешната СФРЈ значи дека токму неговото име во најголема мера го симболизира некогашниот тоталитарен режим. Повторното именување на една улица по него како симбол на југословенскиот комунистички режим затоа објективно може да се сфати како признание за некогашниот недемократски режим“, се вели во писмената изјава на словенечкиот уставен суд што ја цитираат тамошните медиуми.
Во соопштението за јавноста на судот од вторникот, се наведува уште дека оваа одлука е донесена едногласно, како и дека „давењето имиња на улиците или плоштадите во Словенија која веќе 18 години е самостојна држава (во времето на именувањето на улицата и поднесокот против тоа пред судот) по носителите на недемократскиот режим на поранешната СФРЈ е во спротивност со принципите на човечкото достоинство коешто е втемелено во словенечкиот устав“.
Имајќи предвид дека улицата по Тито е именувана по осамостојувањето на Словенија, тоа не може да се толкува како почитување на историската традиција, објаснуваат од Уставниот суд на Словенија. Од таму појаснуваат дека и некои други градови во земјата имаат улици или плоштади со имиња по Тито, но од периодот на СФРЈ, а во меѓувреме локалните власти не донеле одлука за нивно применување.
Одлуката за именување на улица по Тито, за што најмногу се залагаше љубљанскиот градоначалник Зоран Јанковиќ, градскиот совет ја донесе во април 2009 година, со толкување дека Тито е дел и од словенечката историја, и дека во Љубљана веќе претходно постоела улица „Титова цеста“ која е преименувана по осамостојувањето на земјата.
Уставниот суд кое го поништи именувањето на улицата во главниот град на Словенија според Тито, одлуката ја донесе по барање за преиспитување на уставност на именувањето поднесено од една мала вонпарламентарна партија, која во барањето наведе дека Тито бил лидер на недемократскиот режим и дека именување улица по него ги навредува жртвите на тој режим.
Извор:
Кајгана