Дали можете да бидете во љубовна врска со човек што не го сакате?

  • Креатор на темата Креатор на темата facule bacule
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ми е убаво со таа личност, мислам дека можам. Не ја исклучувам шансата со тек на време да се заљубам.
 
Последно уредено:
Јас искрено не можам, и колку да ми биде убаво не можам. Ја имав врска 4 месеци, он многу ме сакаше,стварно убаво ми беше со него али не го сакав.. Пробував да го засакам.. али ништо поминаа 4 месеци ја почнав да му се понашам и се мрзев себеси заради тоа и сфатив дека најдобро решение да му раскинам бидејќи ако го влечев уште повеќе потешко би му направила... Немам право да го влечам и да го повредувам со тоа што не го сакав, иако уште на почетокот му кажав дека не го сакам и дека ќе се потрудам он тоа го прифати и продолжи да биде со мене :)
 
Добар дел од врските се изградени на тој принцип. Со евентуална надеж дека некогаш едниот ќе се заљуби во другиот, или до евентуалното финансиско исцицување на другиот.
 
Можеш да бидеш во врска, ама дека тоа е љубовна, мало морген :D

Пробав еднаш и траеше скоро месец дена, се` додека не се затрескав во друг.
 
No way my darling :D
Значи ако не го засакам после 2 излегување,ако не ми се превртува стомак кога ќе се видиме тоа кај мене кажува дека нема ни да се заљубам и дека само време ќе си губиме.Така да фино лепо на време се тргаш :)
 
No way my darling :D
Значи ако не го засакам после 2 излегување,ако не ми се превртува стомак кога ќе се видиме тоа кај мене кажува дека нема ни да се заљубам и дека само време ќе си губиме.Така да фино лепо на време се тргаш :)

Да го ЗАСАКАШ после second date its fucking science fiction...
 
Да го ЗАСАКАШ после second date its fucking science fiction...
Ти па баш ме свати во буквална смисла да го засакам. :PСакав да кажам дека ако после 2ро излегување не почуствувам нешто за да продолжам понатака не продолжувам.
 
Чисто од куртоазија и демек да се покажам во друштво дека сум у врска, а они не се?
Па колку ли треба човек да биде мизерен да покажува демек „види - ова е моја територија, иако не ми е по ќеф, ама јас си ја поседувам“.
За жал, има вакви врски со лопата да ги ринеш.
 
сум одела со некој што не сум го сакала, чисто си го губиш времето и сеедно тие, не се замараш за него, не те нервира. Си кулираш и си гледаш тебе да ти биди убаво. Кога че почни да ти иди на нерви едноставно си ставаш крај и си заминуваш. Според мене cool ствар.;)
 
Зашто да не.Ти си во контрола и неможе да си игра таквото со тебе,пошо и да ти раскине таквото нема те боли.Си фураш ко што ти е ќејф,дур те трпи трпи,си тераш свој филм.Еве така ја почнав врската со сегашнава,чисто ради што немав девојка подолго време.Се приметуваше дека ме свиѓа,си викам убава е,не е некоја размазена глупача,можда добро ќе се слагаме,уај д хел нот.И еве уште сме заедно.Колку што повеќе време поминуваше почна да ми прираснува за срце.Али најбитно е што го немаше оној crush и првичен занес кој ги мава машките кога ќе ја добијат онаа по која трчале ко луди.И од коа ќе се фатат се понашаат ко да добиле Ферари на лотарија и се тресат околу неа,и трчаат по газот,и се лигават.Што и доведува до несреќни краеви.:icon_lol:
 
Па скоро секоја врска така започнува,не може да кажеш за некој што го знаеш 10 дена дека си заљубен во него до уши,после некое време си доаѓа она вистинското
 
врска без љубов ... има кај спонзорушите / спонзорите ...
 
не ја сфаќам поентата што би барал да бидам со некоја ако не осеќам ништо, лажна надеж и губење време со погрешна :sick:

а пеперутки кога ке осетам за некоја е тоа не е арно, моментална занесеност и брзо ги иживувам и ајт додека со 2 што сум бил а на почеток сум осеќал само привлечност и милост, идев подолго и ги засакав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom