Дали може да се поништи крштеницата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Крстен сум во црква не по моjа желба туку по желба на моите (знам, неправедно е)
па ме интересира дали има начин да не бидам воден како православен во официjалните црквени книги? Моите религиски погледи се различни од оние на моите па не се сметам за христиjанин.

Доколку има ваква тема споjте jа, jас не успеав да наjдам.
На истава тема правев муабет со МИКИ1.
Тој ми кажа дека не постои процес за поништување на крштеница, а за статистиките на МПЦ, не се секирај, тие се одделени од државните статистики, како ќе се изјасниш на попис, така ќе бидеш статистички воден.
 
Чинам некој плачел како мал кога мајкаму и таткопу го пикале под петрафил кај попот.
Ако е толку проблем што те прашуваат од црква за вода или слично што не им кажеш извини ама не крштевам вода јас во мојот дом. Биди сигурен дека тој што дошол нема да дојде пак. Е сега ако ти е срам да им го кажеш тоа во очи тогаш не се сили овде по форуми дека сакаш да избришеш крштење. Е сега ако живееш со родителите и ти смета што идат од црква во нивниот дом тогаш машко засукај ракавите и оствари си можности да живееш сам па прај што сакаш. Само едно да ти каже чичково од оваа страна на тастатурата. Сето ова што тресиш зелени за одкажување од верата ќе го заборавиш кога некое многу добро другарче ќе побара да му бидеш девер или кум на венчавањето. Знај дека тогаш ќе испретуриш се да ја најдеш крштаницата наспроти тоа да му одкажеш на другарот. Можеби тоа никад нема да се случи но поканата ќе дојде кога најмалку очекуваш а за тоа дека може ќе налеташ на девојче што си држи до верата па ќе сака да се венчате пред бога тоа е друг муабет... само гледам сега е рано за да те жениме, уште ти лета мозокот со чавките...
 
пред 2 св. војна црковната крштеница и црковното венчавање биле законски легален документ (во краљевина југославија).
од 1945 наваму таа улога ја има матична служба и само таа издава законски легални документи. (пробајте да се венчате во црква - прво ќе ви побараат извод од матична книга на венчани).
каде што бараат извод не може да дадете црковен документ. така е тоа во секуларни држави, нАли.
црковните изводи имаат само сентиментално значење.

мислам дека со примање на друга религија „се откажуваш“ од претходната. колку јас што знам не постои религија која би ги ослободила доброволно тие што не сакаат. има екскомуникација или анатема. ти викаат ти си лош за у „наша вера“ - ајт мрш.
е, сега ако сакаш да се вратиш у атеизам, незнам. искини крштеницата, кажи од денес сум атеист, начукај се со другарите... кога ќе ти се јави попот за вода, отерај го у три лепе. ќе запише он у тефтерот и ќе те заобиколуваат, не се секирај...
ако решиш да го прифатиш мојот совет - тури некоја слика после....:D
 
У мода е да си официјално атеист. Порано се колнеле пред споменикот на Гоце Делчев у парк дека не јадат ајвар за да бидат фраери, сеа ова. Голем таков ако имаш таков документ. Документот не те прави верник, исто како што непоседување на документ не те прави неверник. Сфашта...
 
Демек, дај да не и правам проблеми на црковната статистика...
 
Демек, дај да не и сметам на црковната статистика...

А што ќе ти смени тоа? Лично што ќе ти смени? Поголем атеист ќе испаднеш од тие што имаат крштеница?
Или пак демек ај МПЦ да ги зафркнам, статистика што водат они. Голема работа таа статистика, бројките сигурно не се ни точни, произволно е напишано а не пак ти да смениш самоволно нешто во таа бројка. Па и да смениш, не гледам некоја голема работа што ќе направиш...
 
Добро бе не се открстувам ја :D
 
Чинам некој плачел како мал кога мајкаму и таткопу го пикале под петрафил кај попот.
Ако е толку проблем што те прашуваат од црква за вода или слично што не им кажеш извини ама не крштевам вода јас во мојот дом. Биди сигурен дека тој што дошол нема да дојде пак. Е сега ако ти е срам да им го кажеш тоа во очи тогаш не се сили овде по форуми дека сакаш да избришеш крштење. Е сега ако живееш со родителите и ти смета што идат од црква во нивниот дом тогаш машко засукај ракавите и оствари си можности да живееш сам па прај што сакаш. Само едно да ти каже чичково од оваа страна на тастатурата. Сето ова што тресиш зелени за одкажување од верата ќе го заборавиш кога некое многу добро другарче ќе побара да му бидеш девер или кум на венчавањето. Знај дека тогаш ќе испретуриш се да ја најдеш крштаницата наспроти тоа да му одкажеш на другарот. Можеби тоа никад нема да се случи но поканата ќе дојде кога најмалку очекуваш а за тоа дека може ќе налеташ на девојче што си држи до верата па ќе сака да се венчате пред бога тоа е друг муабет... само гледам сега е рано за да те жениме, уште ти лета мозокот со чавките...
Долго се мислев како да ти реплицирам за дрскиов пост и по сто пати пиши - бриши решив да ти порачам кратко и jасно - гледаj си го твоjот живот и не бери гаjле за мене.
 
За 200-300 денари се откажуваш од верата затоа што ќе платиш на поп што ќе ти крсти вода,тогаш направи си сунет и нема да бидеш православен и нема да плаќаш попови да ти крстат вода

Еееееееееее Македонче колку си проклето

Игнорантен, човекот не е христијанин, ги нема тие верувања кон некој бог, можеби има кон друг, но не тој христијански, или не се сложува со православието. Секој има право на тоа, ако не е христијанин божем помалку е македонец? Ех, кој менталитет е тоа бе?
 
озбилно ......и ќе ти смени нешто...поголе атеист уффф повеќе шанси за работа можеби
ццц ПОРАСНЕТЕ
--- надополнето: 28 август 2012 во 19:00 ---
Крстен сум во црква не по моjа желба туку по желба на моите (знам, неправедно е)
па ме интересира дали има начин да не бидам воден како православен во официjалните црквени книги? Моите религиски погледи се различни од оние на моите па не се сметам за христиjанин.

Доколку има ваква тема споjте jа, jас не успеав да наjдам.
што ти мења тоа, дај не јеби
 
Игнорантен, човекот не е христијанин, ги нема тие верувања кон некој бог, можеби има кон друг, но не тој христијански, или не се сложува со православието. Секој има право на тоа, ако не е христијанин божем помалку е македонец? Ех, кој менталитет е тоа бе?
А да бил тоа што сака да биде моментално,ќе се сменел ли тогаш?
Кој нормален би го негирал или сменил тоа таков каков што е создаден
Ебати таквиот менталитет
 
Ако може да се оствари тоа одкрстување, те молам стварно тоа да го сториш и да ни приложиш овде слика како истото го правиш. Зошто би се разочарал ако е некое си бесцелно фурање и билдање рејтинг некој на ултра атеист. Ни ја не сум некој голем верник а не би ми паднало на крај на памет да ОДКРСТАМ, си имаш попис кажи си атеист сум и крај! Да не му доаѓале попови со водата, ако ти заѕвонат на врата, кажи им не, не сакам. То ес не можеш пошто живееш со твоите најверојатно.
 
Крстен сум во црква не по моjа желба туку по желба на моите (знам, неправедно е)
па ме интересира дали има начин да не бидам воден како православен во официjалните црквени книги? Моите религиски погледи се различни од оние на моите па не се сметам за христиjанин.

Доколку има ваква тема споjте jа, jас не успеав да наjдам.
Ако си еднаш крстен засекогаш си крстен. Џабе ти е откажување. Светата вода си го направила своето и ти си божје чедо! Нема мрдање помири се со тоа.
 
Крстен сум во црква не по моjа желба туку по желба на моите (знам, неправедно е)
па ме интересира дали има начин да не бидам воден како православен во официjалните црквени книги? Моите религиски погледи се различни од оние на моите па не се сметам за христиjанин.

.

Официјални црковни книги... потврди, уверенија и слични писанија... прскање со вода, димење со кандило и други враџбини...
... надвор од црквата тие се на исто рамниште со тоалетната хартија...
..така да ич не се замарај со тоа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom