Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

  • ДА

    Гласови: 28 30,4%
  • НЕ

    Гласови: 50 54,3%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 14 15,2%

  • Вкупно гласачи
    92
ТАТ беше штедилница, овие сега се многу конзервативни банки. ТАТ даваше нереално високи камати, сега каматите се прилично ниски. Парите во банките најмалку подеднакво сигурни, како да ги чуваме под перница. Без разлика дали Јанчески му е пријател на Велија и не сакал да му даде кредит без покритие на некому. Сега најголемата глупост што може да се направи е да се остават банките без пари. Тогаш ќе ја почувствуваме кризата...
TAT даваше камата од 30%!!! Сега највисоката камата е 9% и тоа на орочена поголема сума пари и на 2 години рочност. Банките во МК се добри и стабилни само ако се појавуваат лудаци како Миленко може и да пропаднат. Но, во секоја глупост има и вистина Миленко е сосема во право дека најверојатно е подобро парите да ги имаш во hard assets земја, злато, нафта, храна од денари и евра.
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:48 AM ---
не правам јас муабет за дали била штедилница или банка. зборувам за гаранциите и ветувањата кои тогаш ги даваа и гувернерот и премиерот и сите по ред. па дури и бизнисмен на годината ја прогласија или така нешто. тоа ми е поентата. нешто и сега слично глеам по телевизиите. сите нешто не убедуваат како и тогаш дека се е во ред, а не беше и ние битолчани на свој грб најдобро го осетивме, така да кога ке се изгориш од млекото и на јогуртот ке дуваш. знам дека ако банката остани без пари ке биде лошо, но ако јас останам без пари ке биде полошо за мене во секој случај.
Тогашниот премиер и Гувернер беа идиоти. Има разлика од тогаш. Каматните стапки се пониски, државата гарантира за депозити до 20-30.000 евра плус имаш задолжителна резерва од 25% во НБРМ за секоја банка.
 
Но, во секоја глупост има и вистина Миленко е сосема во право дека најверојатно е подобро парите да ги имаш во hard assets земја, злато, нафта, храна од денари и евра.
Да, ама колку од нашиве заштеди се доволни за купување земја или злато? На тие што имаат пари за такви работи не им треба Миленко да им каже што е најпаметно. Љубчо на пример, купи злато пред година и пол.
 
не спорам јас ни за првото дека биле идиоти ни за второто дека има гаранции. ама сума сумарум ако работата тргне надолу се ке си еби матер така да тие гаранции ке си останат како убаво сеќавање. и нормално дека гувернерот и сите други порелевантни фактори ке речат дека немајте гајле се е во ред. но проблемот е што баш и нема да зависи од нив. друга работа е што колку и да гарантира државата за влоговите , сите знаат дека банките не располагаат ни со фракција од средставта за кои гарантираат. и од тука иди стравот дека ако сите ги повлечат парите , банката колку и да гарантирала едноставно ке нема пари. не нашата туку било која банка, и тука е она лошото. и во најнормални услови сите наеднаш да си ги повлечат влоговите банката ке банкротира, а не пак во вакви времиња. но при нормални услови зошто некој би ги повлекувал, додека сега ситуацијата е малце поинаква.
исто доволно знам дека ако никој не ги повлече средствата од банка , можеби влоговите и ке преживеат и се ке биде во ред, додека ако ги повлечат се ке си еби матер. но она можеби ја мати водата. можеби значи можи да можи и не. затоа секој со своја глава.
 
Не гледам што можеш да добиеш ако ги извадиш парите. Ќе ги чуваш под перница и гледаш секој ден. Ако планираш да инвестираш во нешто или трошиш ОК ако не што ќе ти се. Банките имаат 20% од депозитет во секој момент остатокот се во кредити итн. Ова функционира во нормални услови се додека не се појави паника. Се е параноја и психологија.
 
сега ако си играме патриотски игри во ред.
инаку ке можам да ги трошам, а ако ми пропаднат во банка ке можам да се сликам со нив.
мене јасна ми е паранојата што може да настани помеѓу лугето и во паника сите да почнат да ги повлекуваат средствата, што по автоматизам ке направи уште поголема збрка, но да изигравам народен херој и при здрав разум да се потпрам на изјавата од гувернерот кој ми гарантира за моите пари со пари кои ги нема или со туѓи пари мислам рамно е на глупост.
ако одиме од патриотизам или општо добро и намерно и свесно да не се осигураш се со цел да не пропаднат банките или да не се појави паника тогаш во ред. можеш и да не направиш ништо и да им веруваш на зборот. сепак за твоите пари и заштеда се работи.
баш ме интересира дали гувернерот сите свои средства и заштеди и имот ги има вложено во банка, и дали нема да превземи ама баш ништо за да се осигура на некој начин дека сето тоа нема да му пропадни во блиска иднина. ако тоа тој го има направено значи си верува во тоа што го тврди, но ако се има осигурано на некој начин тогаш треба да се подзамислиме малце.
 
Секој сам си одлучува што ќе прави со своите пари. Јас не кријам немам пари во банка. Парите ми се во долари, шорт на S&P 500, шорт на нафта и сребро. И нешто малку евра за секојдневни потреби. Иако не мислам дека ќе пропаднат парите во банки посебно не во МК. Немам пари во банка зошто мислам дека вака ќе заработам повеќе.
 
TAT даваше камата од 30%!!! Сега највисоката камата е 9% и тоа на орочена поголема сума пари и на 2 години рочност. Банките во МК се добри и стабилни само ако се појавуваат лудаци како Миленко може и да пропаднат. Но, во секоја глупост има и вистина Миленко е сосема во право дека најверојатно е подобро парите да ги имаш во hard assets земја, злато, нафта, храна од денари и евра.
--- надополнето: Dec 9, 2011 11:48 AM ---

Тогашниот премиер и Гувернер беа идиоти. Има разлика од тогаш. Каматните стапки се пониски, државата гарантира за депозити до 20-30.000 евра плус имаш задолжителна резерва од 25% во НБРМ за секоја банка.
Сакам да ве прашам (тебе и останатите кои знаат точно) за фондот за осигурување од депозити гарантира 100% за депозити до 20 000 евра и 90% за дапозити до 30 000 евра по матичен број на жител. Е сега дали важи само за депозите во денари и/или евра или и за депозити во други валути во против вредност на евра?
 
http://www.fodsk.org.mk/mac/depins.asp
Според ова сите девизни депозити.
 
Сакам да ве прашам (тебе и останатите кои знаат точно) за фондот за осигурување од депозити гарантира 100% за депозити до 20 000 евра и 90% за дапозити до 30 000 евра по матичен број на жител. Е сега дали важи само за депозите во денари и/или евра или и за депозити во други валути во против вредност на евра?

Важи за сите депозити, без разлика какви се. Ако имаш заштета од 60 000 евра. Стави во две банки банки по 30 000 и си осигуран. :)
Веќе на постои различен процент на осигурување на депозити. До 30 000 евра се обештетуваат 100%. И тоа е најголем износ што се добива од поединечна сметка.
 
Мислам дека неможеш така, тоа важи по матичен број по жител, значи дека ти е исто во колку банки ги чуваш парите
 
Moже, ова го имам слушнато на предавање од директорката на Фондот за осигурување на депозити.
 
После денешниве случувања јасно е дека еврото не само што ќе опстане туку и ќе му стане уште посериозна конкуренција на доларот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom