Не сум многу упатен во монетаризмов и евро-долар-денар односите и импликациите при кризи, па ме интересира:
Што ако утре еврото пропадне(може ли да пропадне?)? Што ќе праам тогаш со моите да речам 10 евра?
Не би можело да пропадне како кула од карти т.е. едноставно да исчезне.
Најдаалеку што може да се отиде е негова конверзија и сугурно деноминација во некои нови валути..валута врзана за злато за почетокот...па после отом потом. Но тоа значи огромен број луѓе да бидат донесени на просјачки стап. Тогаш секоја држава ќе проба да се спасува сама за себе, а тоа пак со сегашната национална, етничка, религиозна и друга поделеност..ДЕФИНИТИВНО води кон босанско сценарио т.е. секој со секого и против секого.
Она што во последно време ги пали алармите барем кај мене е неверојатната сличност на активностите на политичарите на европските држави со патувачкиот циркус на југословенските политичари кои само правеа некакви состаноци по главните градови на републиките, во некој редослед...за да на крајот се виде дека тоа нема веза со одењето на целата таа фина држава у п..материну.
А пред тоа изглеаше многу чврста и нерастурлива...во секој поглед.
Денешна Европа нема ни петтина од таа чврстина.
Дополнителен елемент е американската КАТАСТРОФАЛНА ситуација .....тие се тропа...висат на надуен балон од билијарди и катаљиони долари кој е во сопственост на неколку мангупи, пренадуен и може да пукне секој момент. Занимливо е што тој балон всушност НАЈМНОГУ им го дујат Кина и Европа.., но како гледам и тие губат здив. Наместо да ги дигне платите и створи внатрешна потрошувачка Кина и понатака за безвредни електронски долари им продава на американците чврсти производа, па и уште купува нивни обврзници иако добро знае дека со нив може само г'зот да си го избрише. До кога незнам, но веројатно се премислува ..штом онаа Клинтонка почна да зборува за човечки права у Кина...

А тоа на Путин му се случува веќе..., борците за људске правице му се на улица..., на терен инструирани од српските сорос тренери за таква герила.
А као сега се сеќавам дека онаа бабата Олбрајт.., онаа пријателката на косовскиот Тачи , уште одамна пропагираше дека ТЕРИТОРИЈАТА И БОГАТСТВАТА н а Советскиот сојуз се сепак преголеми за да само советите СЕБИЧНО си ги користат.
Изглеа од зборови прешле на дела...
Многу сложена ситуација која бара многу вешто и мудро управување со процесот за да не се слушне некое ГОЛЕМО ПАФФФ. Некако не гледам такви мајстори , а и да ги има , ако не се веќе дел од естаблишментот не вредат ништо. Нема шанса некој однадвор да ги среди тиа работи. Само некој-некои многу интелигентни и образувани мангупи одвнатре кои ќе сватат дека седат на бомба со краток фитиљ па ќе пробаат нешто....се надевам нешто умно и функционално и без многу мртви...
Кај е Македонија тука??? Па како и секогаш трета галерија каде се седиштата со најефтините карти..,седи и гледа и се надева дека Операта нема да се сруши.