Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека еврото ќе пропадне?

  • ДА

    Гласови: 28 30,4%
  • НЕ

    Гласови: 50 54,3%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 14 15,2%

  • Вкупно гласачи
    92
У пм....премногу ми е сомнително ова што Богов секој втор ден го има по телевизија и објаснува како тоа не требало граѓаните да ги заменуваат еврата....и дека демек немало голема навала на заменување евра.

Епа ако немало навала на заменување евра...тогаш Богов немаше да го гледаме по телевизии.....значи факт е изгледа дека многу големи суми,се сменети од евра во други валути(можеби и денари).

Е сеа маме ли му еам....можно ли ќе биде германциве да сакаат намерно да го баталат еврото заради преголемата вредност...која нема да им одговара и во иднина за извозните цени...бидејќи истокот се развива....ќе нема веќе кој да купува германски скапи производи?!:coffee:

Инаку за тие што имаат пари...најубаво е да си ги префрлат во долари...и да чекаат да падне австралискиот долар....и потоа на него да си ги префрлат парите.(бидејќи австралискиот има пораснато за 3 денари од 2месец до сега 12ти месец)
Е па тоа и е целта на америка,на сметка на еврото да го зајакне доларот.Попрво еврата би ги претворил во денари(y) отколку скапани долари :drk:
 
Није ваљда...се надевам дека немаме толку глуп министер за нешто што се вика економија...????

Не, поглуп е од што можеш да замислиш. Некој си албански фраер околу 30тина години со научени напамет економски термини и чита од лист. На прашањата одговара како од учебник. Страшно, страшно е ова што ни се случува. Вели требало сега во кризава ние диверзифицирани производи да понудиме во еу, а ние кутрите само лим извезуваме. Како ќе го диверзифицираме лимот Конкрит?:icon_lol: Или решение второ што го нуди е да сме се бореле со конкуренцијата во еу сега. Како овој копук мисли дека се продава обоената металургија? Полниш камионот и тргаш да се „бориш“?

Ќе си ги ископам очите некој ден и ќе си ги пукнам ушните тапанчиња, е до толку неможам да го смислам владиниов тим. Сега пак слушам еден во Македонија пат му префрлале пари за плати, а он не дал од Септември месец.
 
Пред 2 саата Миленко Неделковски го објави следниот текст

http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/euro-bi-mogao-eksplodirati-a-europa-se-raspasti.html
Одамна не користам кредитни и дебитни картички. Немам пари ни заштеда во банка. Не сум некој слеп следбеник на Зетгајст движењето, ама се согласувам дека на банките не смееме да им ги даваме нашите пари. Па со нашите пари тие да се прават газди.
Но, НЕМОЈТЕ ДА КАЖЕТЕ ДЕКА НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ НА ВРЕМЕ. Или дека не сум ви кажал. ВАДЕТЕ ГИ ПАРИТЕ ОД БАНКА. СМЕНЕТЕ ГИ ЕВРАТА ВО ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ (или злато) ЗА ДА НЕ ЈА СПОДЕЛИТЕ СУДБИНАТА НА ГРЦИЈА.
Уште утре, одете во банка и вадете се што имате надвор. Не го слушајте ниту Богово, ниту Ставревски, ниту Хари Костов, ниту Бишев од Стопанска, ниту Јанчевски од Тутунска...
Вадете ги вашите пари од банка и претворете ги во нешто вредно (злато, замеја или сл.).

Не сум многу упатен во монетаризмов и евро-долар-денар односите и импликациите при кризи, па ме интересира:

Што ако утре еврото пропадне(може ли да пропадне?)? Што ќе праам тогаш со моите да речам 10 евра?
 
Не би можело да пропадне како кула од карти т.е. едноставно да исчезне.
Најдаалеку што може да се отиде е негова конверзија и сугурно деноминација во некои нови валути..валута врзана за злато за почетокот...па после отом потом. Но тоа значи огромен број луѓе да бидат донесени на просјачки стап. Тогаш секоја држава ќе проба да се спасува сама за себе, а тоа пак со сегашната национална, етничка, религиозна и друга поделеност..ДЕФИНИТИВНО води кон босанско сценарио т.е. секој со секого и против секого.
Она што во последно време ги пали алармите барем кај мене е неверојатната сличност на активностите на политичарите на европските држави со патувачкиот циркус на југословенските политичари кои само правеа некакви состаноци по главните градови на републиките, во некој редослед...за да на крајот се виде дека тоа нема веза со одењето на целата таа фина држава у п..материну.
А пред тоа изглеаше многу чврста и нерастурлива...во секој поглед.
Денешна Европа нема ни петтина од таа чврстина.
Дополнителен елемент е американската КАТАСТРОФАЛНА ситуација .....тие се тропа...висат на надуен балон од билијарди и катаљиони долари кој е во сопственост на неколку мангупи, пренадуен и може да пукне секој момент. Занимливо е што тој балон всушност НАЈМНОГУ им го дујат Кина и Европа.., но како гледам и тие губат здив. Наместо да ги дигне платите и створи внатрешна потрошувачка Кина и понатака за безвредни електронски долари им продава на американците чврсти производа, па и уште купува нивни обврзници иако добро знае дека со нив може само г'зот да си го избрише. До кога незнам, но веројатно се премислува ..штом онаа Клинтонка почна да зборува за човечки права у Кина...:)
А тоа на Путин му се случува веќе..., борците за људске правице му се на улица..., на терен инструирани од српските сорос тренери за таква герила.
А као сега се сеќавам дека онаа бабата Олбрајт.., онаа пријателката на косовскиот Тачи , уште одамна пропагираше дека ТЕРИТОРИЈАТА И БОГАТСТВАТА н а Советскиот сојуз се сепак преголеми за да само советите СЕБИЧНО си ги користат.
Изглеа од зборови прешле на дела...:)
Многу сложена ситуација која бара многу вешто и мудро управување со процесот за да не се слушне некое ГОЛЕМО ПАФФФ. Некако не гледам такви мајстори , а и да ги има , ако не се веќе дел од естаблишментот не вредат ништо. Нема шанса некој однадвор да ги среди тиа работи. Само некој-некои многу интелигентни и образувани мангупи одвнатре кои ќе сватат дека седат на бомба со краток фитиљ па ќе пробаат нешто....се надевам нешто умно и функционално и без многу мртви...
Кај е Македонија тука??? Па како и секогаш трета галерија каде се седиштата со најефтините карти..,седи и гледа и се надева дека Операта нема да се сруши.
 
Пред 2 саата Миленко Неделковски го објави следниот текст

http://dnevnik.hr/vijesti/svijet/euro-bi-mogao-eksplodirati-a-europa-se-raspasti.html
Одамна не користам кредитни и дебитни картички. Немам пари ни заштеда во банка. Не сум некој слеп следбеник на Зетгајст движењето, ама се согласувам дека на банките не смееме да им ги даваме нашите пари. Па со нашите пари тие да се прават газди.
Но, НЕМОЈТЕ ДА КАЖЕТЕ ДЕКА НЕ СТЕ ЗНАЕЛЕ НА ВРЕМЕ. Или дека не сум ви кажал. ВАДЕТЕ ГИ ПАРИТЕ ОД БАНКА. СМЕНЕТЕ ГИ ЕВРАТА ВО ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ (или злато) ЗА ДА НЕ ЈА СПОДЕЛИТЕ СУДБИНАТА НА ГРЦИЈА.
Уште утре, одете во банка и вадете се што имате надвор. Не го слушајте ниту Богово, ниту Ставревски, ниту Хари Костов, ниту Бишев од Стопанска, ниту Јанчевски од Тутунска...
Вадете ги вашите пари од банка и претворете ги во нешто вредно (злато, замеја или сл.).
Mиленко сака да направи bank run. И Македонија да оди упм.
http://en.wikipedia.org/wiki/Bank_run
 
Mиленко сака да направи bank run. И Македонија да оди упм.
http://en.wikipedia.org/wiki/Bank_run
...незнам зошто, ама одамна ми се чини дека Миленко едноставно треба да се претепа..., до ниво на билка..Неверојатно нападна личност..ја па ја..., а се што напраил у живот се само превари на недолжни наивчини.
Да расчистиме нешто: парите од банка кои би ги повлекле, НЕ МОЖЕТЕ да ги претворите во ништо друго( купивање земја, злато итн.се пусти соништа , а и алтернативи со многу нејасна иднина).., освен во хартија која се вика денар и која после ГОЛЕМИОТ КРАХ кој Миленко го заговара , ќе можете да ги користите за потпалување огништа..., на кои ќе им бидете вратени... и евентуално онаму каде и царот оди пешки...:)
Сепак најбитно е парите да останат во институционализирани теченија.., каде и ќе се одвиваат сите процеси.., небитно со каков резултат, сепак ќе биде најмала загуба во вредност за малите пари за кои зборуваме. Колкава загуба или и добивка е веќе прашање на к'смет за обичниот човек.
Овде колку знам не си праат муабет некои белосветски финансиски тајкуни со респектабилна количина на пари...:)
 
Евра и Денари се најсигурни нема да дозоволи ЕУ и Македонија 500 милиони луѓе да ограбат ќе направат се можно за да се спаси еврото. Бегање од еврото/денар и од банки е поголем ризик. Се друго варира и може да се направат пари но може и да се изгуби. Мене лично парите не ми се во денари и евра имам долари, шортови на акции и нафта, и злато. Јас си играм инвеститор, во последниве денови добро оди. Aма до кога господ знае.
 
...незнам зошто, ама одамна ми се чини дека Миленко едноставно треба да се претепа..., до ниво на билка..

Незнам зошто но мислам дека твојот став го делат 1 000 000 Македонци. Човеков треба добро да се претепа, фино лепо да се истриже нула и да се избричи и да се пушти пред споменикот да анимира туристи.
Кои фаци заговараат повлекување на пари од банка, фаци кој немаат допирна точка со реалноста.
 
не да кобиме ама така и за тат зборуваа. море бизнисменка на годината, море влоговите ви се сигурни, посигурни здравје. де премиерот, де министрите де гувернерот. сите во еден глас извикуваа изведете си ги од швајцарска банка парите и ставете ги кај соња посигурни ви се. какво пропаѓање попрво марката ке девалвира отколку тат банка да банкротира!
и на крај за една недела пуф се си еба мајката. не верувам дека сите сте толку млади тука на форумот да не паметите или сте со селективна меморија. така да секој со свој ум. или ке им верувате на банкарите кои и тогаш исто така даваа гаранции па после пу пу не важи или ке учите од минатотот со тат банка.
 
Еу не се разбраа вчера што понатаму, сега се очекува пад на берзите и силен удар на економијата. Иде бура што би се рекло.
 
не да кобиме ама така и за тат зборуваа. море бизнисменка на годината, море влоговите ви се сигурни, посигурни здравје. де премиерот, де министрите де гувернерот. сите во еден глас извикуваа изведете си ги од швајцарска банка парите и ставете ги кај соња посигурни ви се. какво пропаѓање попрво марката ке девалвира отколку тат банка да банкротира!
и на крај за една недела пуф се си еба мајката. не верувам дека сите сте толку млади тука на форумот да не паметите или сте со селективна меморија. така да секој со свој ум. или ке им верувате на банкарите кои и тогаш исто така даваа гаранции па после пу пу не важи или ке учите од минатотот со тат банка.
ТАТ беше штедилница, овие сега се многу конзервативни банки. ТАТ даваше нереално високи камати, сега каматите се прилично ниски. Парите во банките најмалку подеднакво сигурни, како да ги чуваме под перница. Без разлика дали Јанчевски му е пријател на Велија и не сакал да му даде кредит без покритие на некому. Сега најголемата глупост што може да се направи е да се остават банките без пари. Тогаш ќе ја почувствуваме кризата...
 
не правам јас муабет за дали била штедилница или банка. зборувам за гаранциите и ветувањата кои тогаш ги даваа и гувернерот и премиерот и сите по ред. па дури и бизнисмен на годината ја прогласија или така нешто. тоа ми е поентата. нешто и сега слично глеам по телевизиите. сите нешто не убедуваат како и тогаш дека се е во ред, а не беше и ние битолчани на свој грб најдобро го осетивме, така да кога ке се изгориш од млекото и на јогуртот ке дуваш. знам дека ако банката остани без пари ке биде лошо, но ако јас останам без пари ке биде полошо за мене во секој случај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom