Дали Марија имала деца после Исус?

spiros>>Еве сега држам едно Свето Писмо во рака за кое немам нити еден динариј дадено. На раскрсница го најдов. Се наведнав и го зедов. На раскрсницата седеше (клекнат) еден безкуќник со долга црна брада а едно куче лежеше до него.
Му го понудив, прашувајќи дали сака тој да го земе Писмото ...<<
бре бре ,каква патетика!!!
1.на раскрсница во денешно време не можеш да најдеш ништо,само ти можеш да се најдеш под тркалата на некого.
ако алудираш на твојата душевна раскрсница и дека со помош на светото писмо си го нашол вистинскиот пат , можеш да бидеш пресреќен . ти си еден од малкуте среќници предодредени на среќа до крајот на животот.
2.чуварите на светото писмо во денешно време не се испиени бездомници со куче покрај нив седнати на раскрсница.
тие се веќе одамна на прав пат , мрсни во задниците и со мерцедеси во гаражите.
 
Да немаш некој БЛИЗОК во сојот/родот свој, па така самоуверено тоа го кажуваш?
А, Nemanjici!??!
 
ова можеше и приватно да ме прашаш , но и каков да е одговорот нема да ја смени фактичката состојба. нејсе нашава полемика излегува од темата . како би рекле љубителите на поновата терминологија оф топик затоа назад на темата.
 
Prigovor do toj sto ja otvoril temata. NE SE OBIDUVAJ DA DOZNAES NESTO STO NIKOJ NE ZNAE,mislam deka toa e tema sto treba da bide zatvorena.
 
излези од пештерата!!! надвор ке видиш дека тие што не те послушале измислиле едно чудо доблесни работи....
 
Малку надвор од темава: ајде бе, Лет, пиши, која е причината/причините за она кое го наведуваш во својот пост? И глеј само, твојот одговор да не биде збирка од празни емоции, оти на тоа редовно „паѓам„....
Непочитување на божјите закони.
Земи Библија, Стар завет. Таму се напишани и опишани што како и кога.
 
Непочитување на божјите закони.
Земи Библија, Стар завет. Таму се напишани и опишани што како и кога.


Лет, немаш осет за реалност, оти „..старото помина...„. Сега е на сила Новиот Завет.
А твојот пост ни оддалеку не е одговор на моето прашање.
 
седнале некои луѓе 300 години по Исус се договарале, гласале, прегласувале уфрлале исфрале, се карале, се ценкале.... и рекле: “Е вака ќе биди новата религија“ И ти си ја прифатил. То е новвоверство. Тој е на сила сегде каде луѓето го спроведуваат, но таму каде луѓето не одлучуваат што е укинато а што не си владее законот кој е даден еднаш за секогаш “Додека трае земјата и небото“.
 
Koга би знаел колку деца умираат секој ден низ светот со страшна и бавна смрт од болест, глад, жед, покриени со гнојни рани од кои излегуваат црви би се запрашал која е поуката од такво нешто.

Уште денеска мојот единствен син има 9 години. Некаде околу почетокот 1999 година мојата жена бремена (во 6/7 месец) беше на контрола кадешто и го прекинаа радосното исчекување на новороденчето. Таму и рекоја дека со плодот што го носи, нешто не е во ред. Нё пратија во една од најдобрите европски клиники на контрола. Таму само потврдија дека нашиот син ќе дојде на свет со тешка срцева деформација која се појавува годишно еднаш на 7 милиони жители!

Со 7/8 години, доживеав како после вакцина во тетовската болница, почна раката да ми “скапува“. Пошто тетовските лекари незнаеја што е тоа, ме пратија во козле. Таму многу љубезно ме пречека примариус .др. Јаничиески, кој сиротиот појќе ме водеше на сликување и чудење одколку на лекување. Уште црви што не ми излегуваа од раката. На детската болница во козле имаше една табла на која пишуваше кој ги донирал техничките уреди на болницата. Нити на крај памет не ми паднало дека баш во таа земја којашто ги донирала уредите ќе биде моето дете оперирано на срце.

Ова ти го пишувам бидејќи (незнам сё и да недаде БОГ да знам, но) сум вкусил малкуц, што сё се случува низ светот!


Светот е суров. Како оној што го создал.

БОГ е ЉУБОВ, а егото (индивидуално + колективно) е тој што е суров!

Пак нашето ѓубре го пројицираме врз БОГОТ што вистински беше и ё во ИСУС и кога би бил пак тука видлив пред и среде нас, пак би се обиделе да го убиеме! Така???
Жална работа е неверата на Радостната Вест!

... би се запрашал која е поуката од такво нешто.

Со 100% сигурност можам да ти гарантирам, кога на апсолутно прво место во нашиот живот би бил Оној БОГ што е во ИСУС, дека најголемите болки на оваа планета ќе исчезнат!

Затоа те молам, наместо да ја поткопуваш верата во Чудесниот СПАСИТЕЛ, - и жената под чие верно срце Тој се отелотвори - со сета своја сила, ум и разум, да помагаш при култивирањето на истата.


поздрав

п.с. Мојот единствен син беше на 25 март 1999 - 9 зајдисонца после неговото раѓање - оперисан на срце.
Баш точно на истиот ден (православниот празник Благовест), кога мојот телесен татко го “славеше“ својот 50ти роденден, а во соседна србија започна втората голема “битка за косово“!

Утре :costumed4 Давид, слави 10ти роденден!
ХАЛЕЛУЈАХ + Елхамдулилах + Алилуја!!!
 
Дали Марија имала деца после Исус?
“Она што за човек не е можно-за Бог е можно“
Јосиф бил постар роднина на Марија за кого ја вериле бидејќи немало кој да се грижи за неа, а во храмот повеќе не смеела да служи (ја имала добиено првата менструација).
Ништо чудно и да не му била прва или единствена жена на Јосиф како налагале обичаите од тоа време.
Јаков, Јосија, Јуда, Симон? Сестрите кои се споменати?
Зар некаде сеуште не се употребува терминот “брат“ за братучед?

Зар е неможно за Бог девица која зачнала од Св. Дух!!!Слава Му на Бога-да остане девица и после породувањето?

Пак ќе речам, она што за човек е неможно, за Бог е можно.
Јас лично верувам дека Марија немала деца после Исус.
 
Не гледам причина зошто Марија би морала да остане девица и по породувањето на Исус.
Да беа Јаков, Јосиф, Јуда, Симон и останатите сестри ословени како браќа и сестри на Јован Крстителот никој од вас немаше да тврди дека Захарија имал друга жена пред Елисавета, дека тие биле братучеди, дека Захарија не ја венчал Елисавета туку дека ја "земал на чување" и сл.
Не сфаќам, зошто имате потреба сето ова да го тврдите за Марија? Од Марија се барало девственост единствено до раѓањето на Исус, а не потоа. Зошто и наметнувате бреме кое воопшто не се ни барало од неа?
 
п.с. Мојот единствен син беше на 25 март 1999 - 9 зајдисонца после неговото раѓање - оперисан на срце.
Баш точно на истиот ден (православниот празник Благовест), кога мојот телесен татко го “славеше“ својот 50ти роденден, а во соседна србија започна втората голема “битка за косово“!

Утре :costumed4 Давид, слави 10ти роденден!
ХАЛЕЛУЈАХ + Елхамдулилах + Алилуја!!!

Koга бројот на моите години ќе го поделам со бројот на куќата во која живеам и му додадам разлика од годините на Тетка ми и Брачед ми Славе, ќе добијам број 12 што е еднаков на бројот на Апостолите!!

Хакуна Матата

Јас видов дека некои ситуации во животот кои те исплашиле те насочиле да го бараш одговорот и решението во религијата. Тоа не е ништо чудно, секој човек има такви точки на преломување, некои ја достигнуваат во текот на животот, некои не, јас можам да дискутирам со тебе за она што го кажува светото писмо, а не да дискутирам дали ти си во право да веруваш во Исус или некој таму е во право да верува во светиот кондор или можеби некој Еским да верува во светиот пингвин. То е ствар на вера, на која има секој право, али ако ги гледаме фактите, во евангелијата пиши дека Исус имал 4 браќа и неколку сестри. Не пиши ни полу браќа или полу сестри, ни братучеди ни ортаци ни другари. Пиши браќа и сестри. Тоа значи дека Марија физички забременувала и раѓала повеќе пати во животот. А Исус го нарекуваат крал на Израел или крал на Јудејците и како доказ вадат родословие кое од Давида преку татко му на Исус, Јосиф водат до него. И тоа пишува во евангелијата. Ние сега можеме да ги протресуваме фактите, а јас тебе нема да те терам да си ја смениш верата, ниту ми е од некое значение дали ти ќе веруваш или не и во што ќе веруваш. То си е твоја лична работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom