Дали Марија имала деца после Исус?

Во право си, Исак и Исмаил никаде не се нарекуваат браќа. Избрзав со примерот без да го проверам. Затоа сега ќе ти дадам друг проверен пример.

Јаков имал 12 синови од 4 различни жени.
Од Лија: Рувим, Симеон, Леви, Јуда, Исахар и Завулон.
Од Рахила: Јосиф и Венијамин;
Од Рахилината слугинка Вала: Дан и Нефталим;
Од Лиината слугинка Зелфа: Гад и Асир.
(Битие 35:23-26)


Иако Јуда и Јосиф се од различна мајка, сепак Јуда го нарекува Јосиф "брат":
"Ајде, да го продадеме (Јосиф) на Исмаилците; но да не дигаме рака на него. Зашто тој е наш брат, наше месо.” (Битие 37:27)

Исто така и Јосиф неколку стихови пред тоа ги нарекува "браќа" своите браќа, иако само Венјамин е негов брат од неговата мајка Рахила.
"Некој човек го најде (Јосиф) како скита по полето, и го праша: „Што бараш?” „Ги барам браќата”, одговори" (Битие 37:15-16)

Доволно?
 
да, али сите по таткова линија.
мајките се различни но еден е таткото.
 
Па да де, за тоа и зборевме. Ист е случајот и кај иста мајка, а различен татко т.е. по мајчинска линија. Сакаш да ти најдам и таков пример? :)
 
Види, знаеме дека Исус имал браќа и сестри. Ако претпоставиме на миг дека и полубраќа спаѓале во браќа тоа значи еден од родителите на Исус е ист и за Исус и за останатите.
Или Јосиф или Марија. Значи Марија раѓала деца и на Бог и на Јосиф, (не знам што роднини тогаш паѓаат Бог и Јосиф... баџанаци некои ??
 
Конечно сме на иста фрекфенција. Да, еден од родителите на Исус и браќата и сестрите Негови бил ист, а тоа е Марија. Не знам што паѓаат Бог и Јосиф преку Марија, ама сигурен сум дека, по дирекна линија, Бог е Творец и Небесен Татко на Јосиф.
 
Конечно сме на иста фрекфенција.

Полека со фреквенцијата

Види, знаеме дека Исус имал браќа и сестри. Ако претпоставиме на миг дека и полубраќа спаѓале во браќа тоа значи еден од родителите на Исус е ист и за Исус и за останатите.
Или Јосиф или Марија. Значи Марија раѓала деца и на Бог и на Јосиф, (не знам што роднини тогаш паѓаат Бог и Јосиф... баџанаци некои ??
 
...почеток на 16ти век папата Лео 10ти вели: “Досега добро ни служи овој мит за Исус“

папата што го цитираш, ти и многу други, несте ли духовни чеда на истиот отец? оној истиот отец на книжниците (убијците), кој го негира ЖИВОТО ЕВАНГЕЛИЕ и (лажејќи) го преставува само како мит? :helou:
 
папата што го цитираш, ти и многу други, несте ли духовни чеда на истиот отец? оној истиот отец на книжниците (убијците), кој го негира ЖИВОТО ЕВАНГЕЛИЕ и (лажејќи) го преставува само како мит? :helou:

pa neli papata e namesnik na gospod cunki polnomosno
 
папата што го цитираш, ти и многу други, несте ли духовни чеда на истиот отец? оној истиот отец на книжниците (убијците), кој го негира ЖИВОТО ЕВАНГЕЛИЕ и (лажејќи) го преставува само како мит? :helou:
Не е тоа баш мит, тоа е еден историски настан кој попримил митски облик. Исус си бил син на Јосиф, и по него наследник на Давидовиот престол. Во тоа време со неговото кралство владееле Римјаните. Во обидот да си го поврати престолот (и крени востание против Рим) Исус е заробен осуден и убиен од страна на Рим. Не долго по тоа, Евреите се протерани од Ерусалем, (кој е разурнат од римјаните) и по долги и тешки борби се раселени низ светот (преживеаните) а историската прикаска за Исус, кралот кој не владеел, станала религија со помош на усните преданија на поколенија кои живееле по него. Новиот завет е искомпилиран векови по смртта на Исус, одбрани се книги кои ќе влезат во него а отфрлени се книги кои нема, шпекулациите се прогласени за догми. Христијанството е сеќавање за еден принц еврејски кој не успеал да седни на престолот, и богот на Евреите.
 
Значи најавата на најтурбулентниот период во историјата на човештвото почнувајќи со (гаврило принцип) глобалните војни, масовното паѓање на царствата,земјотреси, тсунами, декаденцијата, се поголемиот отпад од верата, еколошки катастрофи од неспоредлив карактер ... кое е најавено лично од “митскиот цар“ ИСУС, не е реалност кој секој од нас може лично да ја види?

Очи човекот може да има, но што ќе му се тие ако не гледаат?
Уши човекот може да има, но што ќе му се тие ако не слушаат?:uvo:
 
Не знам, ама не верувам.
 
Значи најавата на најтурбулентниот период во историјата на човештвото почнувајќи со (гаврило принцип) глобалните војни, масовното паѓање на царствата,земјотреси, тсунами, декаденцијата, се поголемиот отпад од верата, еколошки катастрофи од неспоредлив карактер ... кое е најавено лично од “митскиот цар“ ИСУС, не е реалност кој секој од нас може лично да ја види?

Очи човекот може да има, но што ќе му се тие ако не гледаат?
Уши човекот може да има, но што ќе му се тие ако не слушаат?:uvo:
И пред исус паднале царства и се случиле земјотреси, и се воделе глобални војни, и имало декаденција. Исус не го најавил ни гаврило принцип ни надвојводата фердинанд ни битката кај Сома. Исус кога се земи строго критички всушност не најавил ништо. Ние имаме само запис на некој кој рекол што рекол Исус. И тоа некои 50-100 години од кога умрел исус. Види вака, верата не може да се доведе во прашањ, ниту пак сакам да ја доведувам нечијата вера во нешто во прашање. Луѓето веруваат во разни работи, во син божји кој воскреснал, во света змија, во чудноватиот чадор. Ние можеме овде да ги протресиме малку фактите околу настани и ликови кои се споменуваат во светите писма. Исус живееше во време кое е доста добро документовано, време и место за кои и во кои пишувале и опишувале и римјани и евреи. И теолози и филозофи и историчари и природњаци. Можеме да споредиме во каква корелација се нивните записи со оние во евангелијата, можеме на пример да го побараме Назарет. И замисли нема да го најдеме. назарет не постоеше во Исусово време. Не се споменува ни во еврејски ни во римски пописи и документи, патеписи, географии.... Го нема се до некој 3ти век. А денес пак христијаните се убедени дека Исус е од Назарет. Град кој и не постоел во негово време. Можеби исус бил НАЗАРЕН, припадник на една верско - политичка група. Или на пример усталено е меѓу христијаните мислење дека Пилат наредил да се стави натписот Исус Христ крал Јудајски за да му се исмева, иако никаде во заветот тоа не е така споменато, и иако кога тројцата мудреци дојдоа да му се поклонат на кралот јудејски тоа никој не го смета како исмевање. Едноставно едно толкување на шпекулација дадено од некого станало општоприфатено како вистина, или браќата и сестрите на Исус се протнуваат сега како полубраќа или полусестри иако никаде во заветот ни со еден збор како такви (полу) не се наведени или опишани, Магдалена е општоприфатена како блудница иако заветот така не ја опишува, или читајќи како исус се појавува де во јудеја де во Галилеја де во Ерусалем де на бреговите на Јордан, ниту некој се труди да види каде се тие области, колку се одалечени една од друга, и колку би требало на исус и неговите ученици во тоа време пешки да стигнат од едно место до друго. Тоа се факти, запишани за кои може да се дикутира али ти го имаш сето право да веруваш во исус дека е син божји кој умрел на крст за гревовите на човештвото исто како што има право некој индијанец од Јужна Америка да верува дека Кортез е бог.
 
И сега што решивте, Марија имала или немала други деца после Исус?

Исус имал брат близнак.
Технички можеби се родил прв Исус па по него братот близнак (по неколку минути), така да би бил Исус првороден, но тогаш треба да се прашаме кој е таткото на близнакот?
 
И пред исус паднале царства и се случиле земјотреси, и се воделе глобални војни, ...

Зошто ги затвораш очите пред ВИСТИНАТА?

Кога толку масовно и глобално се воделе светски војни во кои масовно се рушеле монархиите (царставата) и завладувале други форми на власт?

Кога во историјата на човештвото имало земјотреси со толкави жртви, како што тоа беше случај во изминативе 100тина години?

Ако малку барем си начитан како се фалеше дека си и не си заразен со неверниот книжнички квасец, засигурно ќе знаеше на што упатуваат имињата Гаврило Принцип или Ajнштајн!

Nomen et omen!

spiros напиша:
Принцип!

Од првата светска војна па навака, паѓаат царства како никогаш досега во историјата на човештвото.

Пред неколку месеци падна и (географски) највисокото царство - Непал! Го видов нивниот крал а во позадина на него видов нешто што многу ме зачуди.

Види Даниел 2:44

И сега што решивте, Марија имала или немала други деца после Исус?

Пресвета Дева Марија - која заедно со Светиот Јосив потекнува од истата утроба од која потекнува и кралевската лозата Давидова - има повеќе деца од билокоја друга жена на овој свет!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom