Дали лепите постери во вашата соба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Порано имав и некаде во средина на средно сите ги извадив доста им беше.
Имав од се и сешто од Ац Милан, до Ален Ајверсон многу го сакав тогаш, па Џастин, па Бритни :icon_lol: (кај ми бил мозокот), па Бекстрит бојс се подразбира, па Агилера, Бред Пит секако, имаше всушност се и сешто.

Потоа ги тргнав и сега имам на ѕид само еден постер од Тоше кој си го залепив лани. Ах да имам на еден дел од ѕидот цветчиња лепени малецки добро тоа не е постер ама пак се лепат:)

Поубаво е кога ѕидот е без постери тие се жива глупост. Добро си имам исцртано пеперуга на едниот ѕид а на другиот шалче имам, али постери нема шанси повеќе :)
 
Постери:vozbud:...
Леле кога ке се сетам ејјј цела соба со постери ми беше...ама ги тргнав некаде во средно. Колку ми е различно сега без нив...ама и поубаво:pipi:
 
Порано имав 5-6то негде,сега не.
На ѕид имам закачено само едно големо знаме од Аргентина
 
Порано лепев што ти не. И постери и песни и слики, се што ми беше убаво наоѓаше место во мојата соба. Robbie Williams ги имаше најубавите места нормално, тука нема што да се збори, Тагоре ги имаше споредните. :icon_lol::icon_lol: Сега од како се преселив греота ми е да лепам посери на лилаковиот ѕид.:)
 
Порано лепев и мислев којзнае како што да е тоа.
Сега повеќе нема шанси да лепам, имам само закачено една убава слика
и доволно ми е тоа.
А кога видам закачени постери во соба, многу ми изгледа одвратно.:smir:
 
Имам неколку од Аврил, сакам уште да ставам ама ме мрзи.:nesvest:
 
хаха кај мене само на таван неам постери. и фората е шо голем дел од тие треба да се фрлат пошо се од морони кои не ги слушам али пуста мрза јбг. :)
 
Nope. Кога станува збор за мојата соба, I wanna keep things as simple as possible.
 
Порано имав ептен постери .. Ми ја искречиа собата пред неколку месеци и више не ставам ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom