Дали ќотегот излегол од рајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Котегот како воспитна мерка:

  • Вкупно гласачи
    117
Докажано е дека ќотекот помага. Иако звучи сурово, мислам дека е делотворно да си ги проплескате децата (онака, со лесни шамарчиња) од време на време.
 
Колку ли од вас се родители, да ми е да знам.

Ќотекот е излезен од рајот означува дека е потребно понекогаш да се изврши коректура на однесувањето на некој поединец, односно казнување заради несоодветно однесување. Не станува збор само за физичко казнување, односно коректура на однесувањето.

Постојат мноштво начини како некој да изеде „гулем ќутек“, а да не се предизвика физичка болка.

Проблемот тука е кој тоа ќе одредува кој и каков „ќотек“ треба да добие и за што.

П.С.
Како и да е, ќе ве видам кога ќе станете родители. Кога ќе треба/ мора да оддржите лекција за однесување во вид на ќотек. Кого повеќе ќе го боли? Знаете ли? Ај ќе си видите сами. Ништо не може да ве подготви за таквата болка.
 
Не мислам дека ќотекот излегол од рајот во никој случај. Да беше убав секој ден ќе се тепавме :lol: Луѓе сме и мислам дека тој што може да разбере со збор ќе разбере, а тој што неможе џабе е и ќотек. А кога станува збор за деца ... секако дека секој некогаш ќе си го исплеска детето ... болката нормално дека кај родителот ќе е поголема ... ама па и тоа не се знае како ќе се рефлектира на самото дете ... што ако се добие уште полош ефект врз него? Како и да е, додека се мислам што би можела да произлезе од ќотекот, подобро да не го применувам ... мислам на деца, дека возрасен некој не би удрила :wink:
 
lynx напиша:
Колку ли од вас се родители, да ми е да знам.

Ќотекот е излезен од рајот означува дека е потребно понекогаш да се изврши коректура на однесувањето на некој поединец, односно казнување заради несоодветно однесување. Не станува збор само за физичко казнување, односно коректура на однесувањето.

Постојат мноштво начини како некој да изеде „гулем ќутек“, а да не се предизвика физичка болка.

Проблемот тука е кој тоа ќе одредува кој и каков „ќотек“ треба да добие и за што.

П.С.
Како и да е, ќе ве видам кога ќе станете родители. Кога ќе треба/ мора да оддржите лекција за однесување во вид на ќотек. Кого повеќе ќе го боли? Знаете ли? Ај ќе си видите сами. Ништо не може да ве подготви за таквата болка.
еве јас сум мајка на три деца и мислам дека со тепање или ударање се постигнува само спротивен ефект.Мое е дека децата не треба никогаш ама баш никогаш да се тепат ѕатоа што децата гледат на се другачие од нас возрасните,може секое недоразбирање да се реши со зборови барем тој што го умее тоа :wink:Пред да удрите некој поставете се во негова глава и гледајте ја ситуацијата од пониска перспектива па ке видите како изгледа тоа :wink: за мене е срамно еден возрасен човек да удара едно безпомошно дете :evil:
 
natasa напиша:
за мене е срамно еден возрасен човек да удара едно безпомошно дете :evil:
Mene pa ova ic voda ne mi drzi, izvini!
Voopsto ne e cudno na denesno vreme, mladi luge da krevaat raka na postari bespomosni dali roditeli ili pak drugi. ;)
Stosot e eden, kotekot pomaga ako znaes da go primenuvas.
 
StormAngel напиша:

за мене децата и старите луѓе се исти изгледа ме немаш добро разберено или не сакаш да ме разбереш. :roll: треба ако сакаме да си ги равнеме снагите тогаш да избереме еден противник со исти сили е тогаш нека падне котек,ке си земам пуканки и ке си гледам :lol: ама да се правиме курназ на деца,постари луѓе или жени(тоа важи за мажите)е тогаш нема оправдување.
 
Ќотекот не е педагошки ама е ефективен. Се разбира не мислам на ќотек (тепање, шамарање, на клоци дигање итн., не ми е сфатливо дека некој може такво нешто на свое дете да направи) туку мислам на здраво плескање по газе.
 
Абе зошто сите го сфативте во смисла на воспитување на децата? :)
Котег општо, ќотег на копиљаци у маало, ќотег на пијани будали, ќотег на љубоморен комшија.

Ќотег у разни варијации, каде што не помогнале вербални комуникации! :)
 
Со такви ашљаци може и на друг начин да се справиме на друг начин. И игнорирањето помага. Во некои случаи (неверојатно) ама помага и законот. Реков, ќотек (добро де - "ќотече мало") воспитен помага само на неразбрани деца. Свои деца. Друго дете не би плеснал.

Е сега, ако те нападне некоја будала (или осетиш дека може да дојде тепање) подобро е ти прв да удриш - ама само во тој случај.
 
Jас на пример немам нерви да се објаснувам до бескрај во опасни и конфликтни ситуации и кога некој апла аздисува. Опоменувам еднаш до двапати. Најчесто ја согледуваат мојата сериозност и престануваат. А доколку не престанат...

Инаку воопшто не сум "закачко" и проблематична личност која предизвикува конфликти.
 
Мистичен напиша:

Јас сум среќна што сум женско поради овој муабет ... да бев машко ќе бев тепач дека и јас неам нерви да се објаснувам многу многу :lol: :lol: 8)
 
Дивајн ми е сведок на една таква ситуација! :) Ама за среќа копукот спаси глава! :)
 
:lol: :lol: :lol: Не сакав да кажам да не испадне вака - така ... иначе знаеш дека на сите ни беше криво зашто не го скрши! :lol: :lol: :lol: :lol: :wink:
 
Го имам видено Мистик мен во акција!!! Страотен куп на органска маса која заликува на руски тенк. :lol:

Инаку, јас бев под импресија дека станува збор за воспитување на деца, а не на исправка на нечие однесување кое предизвикува одредено чувство на неправда или пак погазување на нечија суета преку прекумерното исложување на сопствената.

Како и да е, за разлика од времето на мојата (условно) младост сега имам повеќе време (трпение) на таквите да им нанесам вистинска болка. Болка која нема да помине за неколку дена ниту години. :twisted:
Сепак морам да признам дека физичкото, агресивното, во афект сторено дело на повредување некого кој заслужува е повкусна варијанта.

Како и да е, колку и да сака човек да биде мирољубив, доблесен и либерален сепак постојат состојби каде што ќе мора да докаже дали е доминантен мажјак, особено кога неговата доминантност е предизвикана од друг доминантен мажјак. Народски кажано, понекогаш мора некому забите во раце да му ги дадеш за да те сфати сериозно.
Сепак таквиот ќотек не е излезен од рајот туку би рекол дека повеќе е излезен од праисториското време, па продолжува до денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom