Имам доста предмети,сега колку се вредни-знак прашалник,ама не ги продала по никоја цена.Пример,подароци или некои што сум ги купила сама,но се посебни на некој начин за мене,или екстремно ми се допаѓаат па не би се откажала од нив за ниедна цена.
Сепак,не се врзувам емотивно за предмети,се што е неупотребливо го фрлам.Употребливото,пак не ми е за продавање.
Вака испадна дека немам ниту еден предмет за продавање моментално...:kesa:
Паа... Кога ќе размислам подобро, тоа е една колекција на поштенски марки, која ја собираме со еден другар. Мада се загуби некаде во последно време, се надевам не засекогаш. :nesum:
Чудна работа бе...ја немам ништо такво...
Се би продала за добра сума пари... Секогаш може да се купи нешто ново и поубаво...освен можеби цд-ињата со слики и видеа мои или воопшто фотографиите што ги имам ако можат да се сметаат за предмети.
Имам 3 такви предмети прстенот од мајка ми што отсекогаш го носам.Ланчето што го носам постојано и не го вадам.И уште едно ланче кое е со преврзок скршено срце кое го носам у новчаникот.Тоа се работите кои едноставно немаат цена
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.