Дали има вечна љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата АуРоРа
  • Време на започнување Време на започнување
kikiki напиша:
Se soglasuvam so Zbrat deka nema vecna ljubov. Ljubovta trae od prilika 10 godini i posle prerasnuva vo navika.

Ljubovta nemozes da i odredis rok na traenje!!!! moze da bide 5 minuto moze da bide 40 godini (ili navika)
 
Постои и ке постои...:kafe:
 
Постои вистинска љубов која повеќето ја имале или ќе ја имаат во својот живот, онаа со која потонуваме во сон, се будиме со неа, секоја секунда од денот ни ги опседнува мислите, секоја мисла ни мами насмевка, не восхитува, не издига до невозможни височини, ни дава сила и храброст да живееме во некоја трета димензија.....и колку и да сакаш или не сакаш, таа е секогаш тука околу тебе, можеби притаена во некој скриен дел од срцето или душата.....но секогаш е тука, пак и пак и пак....постојано не следи цел живот.
....тоа и уште многу е можеби она што не тера да ја класифицираме дека е вечна.....вечни се само последиците, вечно е страдањето, болката, очајот, празнината...
 
Има!И сигурна сум дека и јас ќе бидам дел од таква вечна љубов во вистинска смисла на зборот.:wub:Со тек на време страста можеби се губи ама љубовта никако..
 
sagaqua напиша:
Постои вистинска љубов која повеќето ја имале или ќе ја имаат во својот живот, онаа со која потонуваме во сон, се будиме со неа, секоја секунда од денот ни ги опседнува мислите, секоја мисла ни мами насмевка, не восхитува, не издига до невозможни височини, ни дава сила и храброст да живееме во некоја трета димензија.....и колку и да сакаш или не сакаш, таа е секогаш тука околу тебе, можеби притаена во некој скриен дел од срцето или душата.....но секогаш е тука, пак и пак и пак....постојано не следи цел живот.
....тоа и уште многу е можеби она што не тера да ја класифицираме дека е вечна.....вечни се само последиците, вечно е страдањето, болката, очајот, празнината...
Последиците, страдањата болката и очајот се само составен дел на вистинската љубов, а само вистинската љубов може да биде вечна.
-Да, постои вечна љубов. Љубовта што јас ја имам за една личност ќе трае вечно!
 
Mandrak напиша:
Последиците, страдањата болката и очајот се само составен дел на вистинската љубов, а само вистинската љубов може да биде вечна.

Составен дел на вечна љубов????:se_ molam ....само во еден случај, ако си мазохист па уживаш во сопственото страдање.....

Погрешна претстава за вечна љубов.

П.С: Прашај некого што веќе ја живее и доживува вечната љубов.....на пример Дани.
 
Mislam deka ima vecna ljubov.Mozda ne sum mnogu dovlno golem da go kazuvam ova ama mislam deka postoi takvo nesto vo realnost.Ama normalno toa vo posledno vreme se pomalku i pomalku ima.
 
sagaqua напиша:
Составен дел на вечна љубов????:se_ molam ....само во еден случај, ако си мазохист па уживаш во сопственото страдање.....

Погрешна претстава за вечна љубов.

П.С: Прашај некого што веќе ја живее и доживува вечната љубов.....на пример Дани.
Не станува збор за мазохизам. Ако една љубов ти носи последици какви ги наброја и ако неможеш да ги прифатиш, надминеш или решиш, тогаш таа љубов не е вистинска, уште помалку вечна! Ако некого навистина сакам силно, искрено вистински, тогаш ќе најдам начин како да нема болка, како таа љубов да биде вечна. Се друго е помалку важно кога за љубов се работи. Доколку такви последици те водат кон размислување за тоа колку и дали е тоа мазохизам, тогаш воопшто не станува збор за вистинска љубов, жива заблуда и лага е во прашање.
 
За вечна не знам, тешко, али за искрена, само према храната.
 
Ни-ка-де не реков дека има вечна љубов.....од случај до случај вистинската љубов трае различно, временски и не е точно определива нормално....а за болдираното, не можеш да судиш за друг:kafe:
 
MSV(support) напиша:
За вечна не знам, тешко, али за искрена, само према храната.

И уште една која е единствена искрена, безрезервна и безусловна...Мајчината љубов ( иако понекогаш тешко ја разбираме )
 
sagaqua напиша:
Ни-ка-де не реков дека има вечна љубов.....од случај до случај вистинската љубов трае различно, временски и не е точно определива нормално....а за болдираното, не можеш да судиш за друг:kafe:
Зборував општо, не судев за никого посебно. Индивидуално е мислењето за тоа дали постои вечна љубов или не постои. Некој ја има доблеста да може некого да сака вечно, некој ја нема. Се зависи од личноста. Сакав само да кажам дека ако љубовта не е вистинска неможе да биде вечна. Заблудата кај многумина е во тоа што мислат дека некого вистински сакаат и љубат, но кога настапуваат одредени ситуации се покажува дека не е така, па после доаѓа до немили последици.:star:
 
Вечната љубов не пости во смисол на кој се говори за неа, таа е само кон крајот на нештата болка.
 
Mandrak напиша:
Зборував општо, не судев за никого посебно. Индивидуално е мислењето за тоа дали постои вечна љубов или не постои. Некој ја има доблеста да може некого да сака вечно, некој ја нема. Се зависи од личноста. Сакав само да кажам дека ако љубовта не е вистинска неможе да биде вечна. Заблудата кај многумина е во тоа што мислат дека некого вистински сакаат и љубат, но кога настапуваат одредени ситуации се покажува дека не е така, па после доаѓа до немили последици.:star:

Ако зборуваш општо, немој да ме цитираш мене....ОК е...доблеста да се љуби вечно СЕКОЈ ја има....јас ги кажав само последиците кои траат подолго од „вечната„ љубов, секако индивидуално зборував :kafe: а тоа дали сум во заблуда или не....пак индивидуално секој си знае за себе.
 
Вечна љубов звучи малку идеалистички и премногу романтично.Љубовта треба да се храни постојано за да остане.Во спротивно ке ја снема.само така таа ке трае долго.Во спротивно остануваш со партнерот од навика,ако претходно долго сте заедно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom