Дали има потреба од македонско списание за игри?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сабазиј
  • Време на започнување Време на започнување

Дали има потреба од македонско списание за игри?

  • Да, има

    Гласови: 53 75,7%
  • Нема потреба

    Гласови: 13 18,6%
  • Не знам

    Гласови: 4 5,7%

  • Вкупно гласачи
    70
Секогаш ќе има потреба од списанија, бидејќи не можеш со мониторот да одиш во веце.

Но, поим за добро гејмерско списание беше PcPlay од нашите балкански (некаде до 2006 летото), а потоа длабоко потона и под стандардите на Ентер. Со воведувањето на трите летни броја во 2006та, кои содржеа мало книгиче и другото беше напишано во електронска форма - PcPlay и неговиот уредник видоа дека за помалце работа може да наплаќаат исто пари.

Денеска во него пишуваат деца, баш буквално деца во права смисла на зборот, кои за вошливи пари месечно склопуваат некои полу-рецензии.

Македонско списание за игри, квалитетно, никогаш нема да има. Бидејќи дури и денеска сите тинејџери од 13 години па натаму мислат само на пари, а без љубов и професионализам не се прави списание.
А кога 13 годишен мисли на пари, тек замислете колку мислат оние 20 и 30 годишните, кои и треба да го склопуваат списанието.

Од сегашните магазини, вреден за спомнување е OXM360, односно Official Xbox 360 Magazine, британска креација, правена од новинари гејмери.

Кај нас нема потреба од такво нешто значи, бидејќи знам дека ќе биде тиње.

Малку е off topic, но и јас го спомнав PCPLAY на почетокот од темава:smir:.
Го читав од 19. број се до пред година - две, се додека не се претвори во куп неупотреблива хартија.
Имаше прекрасни, оригинални рецензии од 2 - 4 страни, одлична смисла за хумор, интересни вести и се тоа на 100 страни. А после стана
совршен пример за тоа како се упропастува бренд.
А „авторите“ што денес „работат“ таму не им се ни до колена на онаа група (Г. Зец, Ива Баришиќ, Антарес или Тео Валиќ и др.) чии рецензии беа права мала уметност.
 
Dobro e da se ima nekoe Gaimng spisanie zosto da ne... vredi da se proba.
 
Се е добродојдено.....само никој не купува списанија...:toe:

GameInformer е најпродаваниот магазин во Америка со сигурни 3.600 000 претплатници.

OXM 360 има 500 000 претплатници, поточно сите Official магазини имаат по толку или малку повеќе.

Сеуште печатените и електронските магазини ги добиваат најдобрите ексклузиви поврзани за некој од хит насловите кои доаѓаат, и да тоа е една од причините за коиа трошам по илјадници денари месечно (сега динари пошто живеам во Нови Сад ). Нема потреба да се донесуваат заклучоци на брза рака, во светот постојат повеќе од 10 000 000 читатели кои секој месец ја бараат својата ексклузива во еден од овие престижни магазини :D

Незнам зошто баш OXM360 ти оставил таков впечаток но добро... мене искрено ми е ист како и сите други Official магазини.

Него со муабетов за парите, ја и Daffa почнавме сериозен проект кој се вика se.zaigri.com, го правиме скоро од љубов ( со много малку пари за битни трошоци ) и мислам дека ги задоволува стандардите на било кој светски медиум од оваа бранша како хардверски така и содржински. Проблемот кај нас е многу посериозен, се вика немање на адекватна публика која би го пратела тој медиум и би го развивала на секаков начин. Запрашајте се само со колку малку луѓе можете да разговарате како ли PROJECT NATAL ќе го смени пристапот кон не конвенционалните контролери кај hard core гејмерите и дали воопшто тоа ќе се случи, или зошто од најдобра година во гејмингот 2009 ќе биде најслаба поради се почестите одложувања на ААА насловите закажани за оваа божикна сезона.

Мислам дека публиката е таа која го диктира темпото и потребата од создавање на било каков медиум а за жал списание за игри во Македонија ќе биде долго неоставерн сон за луѓето како нас...
 
Не велам дека не е така. Сепак релацијата на било кој медиум со публиката е двонасочна, или би требало да биде. Освен што забавува, пишаниот медиум информира и така создава информирани (да не речам образовани) читатели. Според мене поголем проблем се промовирањето на едно такво списание, создавањето и одржувањето на неговиот квалитет и оној фатален период: од создавањето до евентуалната афирмација (тешко дека уште од почетокот би се продавало во повеќе илјади примероци:tapp:). Публиката (читателите) може да се создадат со добро и разбирливо пренесена информација.
 
Нека си ја пробаат среќата зашто да не.
Знаеме поише за странците зашто да не знаеме и за нашите.:smir:
 
Nemora da e vo pecatena forma :D moze i da e i kako nasiot sajt... I da vo pravo si deka treba da ima konstanten kvalitet sodrzinski gledano, samo konkretno kaj nas e golem problem sto sme 3ca a igrame i recenzirame se i sesto na sekoja platforma, malku vreme mnogu igri :D
 
Ја сум за некое гејминг списание,само да не се фокусира само на игри за компјутер туку да се опфатат и конзолите,по можност и PS 1 :pipi:
 
Треба. Може да биде интернет издание. Може и на хартија. Битно да има.
 
Секогаш ќе има потреба од списанија, бидејќи не можеш со мониторот да одиш во веце.

Запознајсе со

19c751876b.jpg

Шала на страна, него за списанија што знам македонска работа знаете ќе го има 2 месеца па ќе го нема, а во тие два месеца ќе давет реценции за работи стари 2 месеци и така :pos2::pos2::pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom