- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Секогаш ќе има потреба од списанија, бидејќи не можеш со мониторот да одиш во веце.
Но, поим за добро гејмерско списание беше PcPlay од нашите балкански (некаде до 2006 летото), а потоа длабоко потона и под стандардите на Ентер. Со воведувањето на трите летни броја во 2006та, кои содржеа мало книгиче и другото беше напишано во електронска форма - PcPlay и неговиот уредник видоа дека за помалце работа може да наплаќаат исто пари.
Денеска во него пишуваат деца, баш буквално деца во права смисла на зборот, кои за вошливи пари месечно склопуваат некои полу-рецензии.
Македонско списание за игри, квалитетно, никогаш нема да има. Бидејќи дури и денеска сите тинејџери од 13 години па натаму мислат само на пари, а без љубов и професионализам не се прави списание.
А кога 13 годишен мисли на пари, тек замислете колку мислат оние 20 и 30 годишните, кои и треба да го склопуваат списанието.
Од сегашните магазини, вреден за спомнување е OXM360, односно Official Xbox 360 Magazine, британска креација, правена од новинари гејмери.
Кај нас нема потреба од такво нешто значи, бидејќи знам дека ќе биде тиње.
Малку е off topic, но и јас го спомнав PCPLAY на почетокот од темава:smir:.
Го читав од 19. број се до пред година - две, се додека не се претвори во куп неупотреблива хартија.
Имаше прекрасни, оригинални рецензии од 2 - 4 страни, одлична смисла за хумор, интересни вести и се тоа на 100 страни. А после стана
совршен пример за тоа како се упропастува бренд.
А „авторите“ што денес „работат“ таму не им се ни до колена на онаа група (Г. Зец, Ива Баришиќ, Антарес или Тео Валиќ и др.) чии рецензии беа права мала уметност.