Дали и колку ги преувеличувате работите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
морам да признаем дека во некои случаи преувеличувам, ПРОСЕЧНО колку секој нормален човек:toe:
 
Многу сакам да бидам реална кога објаснувам нешто и највеќе што се плашам е од тоа да не преувеличувам и хиперболизирам - секогаш кога зборувам за некои работи во исто време меѓу останатото размислувам дали навистина зборам реално, дали навистина било така или јас сепак не сум реална и заради мојот субјективизам преувеличувам. Не верувам дека секогаш сум била сосема реална и не сум преувеличувала, но сигурна сум дека не сум измислувала и додавала настани кои не се случиле воопшто или да ги направам обратно, како што познавам случаеви. Ако не за друго, секогаш гледам да ја имам реалноста како потпора, таа е најубава некогаш. Сепак верувам дека сум донекаде реална и дека не забегувам.
 
Ги преувеличувам работите намерно,кога сакам нешто да направам да биде во моја корист:).
На пример ако некој ми каже нешто на зафрканција,јас иако знам дека личноста само се шегува,кога ке се скараме,ги преувиличувам работите,демек многу сум се навредила и слично.:):)Инаку почесто сум реална.
 
Во нашите гени тоа е запишано како карактеристика која во одреден момент ни помага да се насладуваме на туѓата неупатеност кон одредени нешта. Мерката на перувеличувањето зависи од неупатеноста на слушателот кој преку „разинатата“ уста ви покажува со колкава мера треба да го изведете преувеличувањето.
 
Преувеличување

Колку сте склони кон преувеличување на работите? :)

Некои луѓе помалку, некои луѓе повеќе, али секој барем еднаш ги преувеличи работите пред други луѓе.
Од најмали ситници, па можеби и до поголеми работи, што за да ни се воодушевуваат, што за да си исполниме некоја цел итн.

Постојат илјадници примери ќе добиеме ние и уште 5 деца кец по некој предмет во школо и дома за да се извадиме ќе кажеме 20 деца кецови сме добиле. Сме биле на гости во некоја голема куќа, таа е 200 квадрати, а ние ќе кажуваме леле огромна е, може 500 квадрати е.
Па за места кои сме ги посетиле преувеличуваме во раскажувањето само за да ни се воодушевуваат.

А најголеми преувеличувања има во трачарски муабети. Тука е врвот.
Тепачка во дискотека на 2ца луѓе. Тој што видел ќе рече изгледа беа 3 или 4ца. Потоа тој ќе пренесе дека биле 7 луѓе. Другиот ќе пренесе 10 луѓе. За на крај да испадне дека имало масовна тепачка во цела дискотека...

Така да колку си подлажувате и си преувеличувате кога раскажувате или објаснувате??? Често, ретко, понекогаш??? Никогаш не е во можни одговори :wink:
И ве вадат ли од такт преувеличувањата на другите, иако ја знаете реалноста? :smir:
 
Сум забележал дека мн. луѓе преувелчуваат кога ќе ги прашаш колку е саат. Ако е 20 за 1 на пр. (или 15 за 1) они ќе ти кажат дека е 1:uvo: Тоа мн. ме нервира.


Иначе ретко преуваличувам работи, освен кога ќе добијам некоја послаба оценка у школо, тогаш ќе кажам дека и повеќето добиле послаби оценки. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom