Преувеличување
Колку сте склони кон преувеличување на работите?
Некои луѓе помалку, некои луѓе повеќе, али секој барем еднаш ги преувеличи работите пред други луѓе.
Од најмали ситници, па можеби и до поголеми работи, што за да ни се воодушевуваат, што за да си исполниме некоја цел итн.
Постојат илјадници примери ќе добиеме ние и уште 5 деца кец по некој предмет во школо и дома за да се извадиме ќе кажеме 20 деца кецови сме добиле. Сме биле на гости во некоја голема куќа, таа е 200 квадрати, а ние ќе кажуваме леле огромна е, може 500 квадрати е.
Па за места кои сме ги посетиле преувеличуваме во раскажувањето само за да ни се воодушевуваат.
А најголеми преувеличувања има во трачарски муабети. Тука е врвот.
Тепачка во дискотека на 2ца луѓе. Тој што видел ќе рече изгледа беа 3 или 4ца. Потоа тој ќе пренесе дека биле 7 луѓе. Другиот ќе пренесе 10 луѓе. За на крај да испадне дека имало масовна тепачка во цела дискотека...
Така да колку си подлажувате и си преувеличувате кога раскажувате или објаснувате??? Често, ретко, понекогаш??? Никогаш не е во можни одговори :wink:
И ве вадат ли од такт преувеличувањата на другите, иако ја знаете реалноста? :smir: