Дали и кога се исплати да се поседува автомобил?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Uvoz sakale nejkele moraa da dozvolat, inaku poveke koli ke bea kaj nas so BG tabli nego so MK. Ovaka em carina lapnaa, em pari za registracii sekoja godina, em pari za notari,preveduvaci,spedicii i uste ednocudo nepotrebni pijavici.
Od novite koli se mrsat samo glavnite importeri,a na narodot ne mu trebaat. Odi vo bugarija da vidis kolku novi koli se prodavaat godisno,zemi nekoj prosek sprema brojot na naselenie pa zaedno da se nasmeeeme. Ete vo EU se.
Patem najprodavani polovni vozila se corsa,polo i golf, i toa zato sto site dobro znaat deka se najeftini za odrzuvanje. Nitu 10% od narodot nema so se lepat i kupuvaat mercedesi, bmwinja i slicni kao luksuzni i skapi za odrzuvanje gomna kako ti so ni kazuvas.
 
Последно уредено:
Да ве потсетам господине дека пред да почне увозот на ЕУ ѓубрето во Македонија можеше да купите за 6000-7000 евра ново мало градско возило со неколку години гаранција.Ако од 2009 година важи ЕУРО5 норма, бидете сигурен дека ќе го возевте доста долго и без да се замарате со еко давачки бидејќи немаше да се однесуваат на вас. Но ако вие преферирате голема луксузна лимузина со преку 150 коња како основно средство за превоз макар и 20 години старо, тоа е друга работа.
Проблемот е во две работи- државата и менталитетот:
1. Државата тотално погрешно го третира овој проблем, наместо субвенции и поволни кредити за купување ново возило, дозволува увоз на стари возила за да потоа им наплаќа такса. Еве пример од една нормална држава:
http://automedia.mk/?p=7091
2. Менталитетот ни е таков да и по цигари со кола се оди, градски превоз е срамота да се користи (тоа е за сиромаштија, студенти и пензионери), а не дај боже велосипед (ќе мислат не си арен, па мора да вежбаш). Еве уште еден пример на оваа тема:
http://automedia.mk/?p=7128
увозот мораше да се дозволи,сепак не дозволија СЕ и сешто да се увези...........очигледно овој потег многу ги намали колите со странски таблички во земјава,не можеш да речиш дека не е баш добар потег.

напна со тој спаркот како да е чудо од возило,важи за не баш економично мало возило,несигурно,небезбедно,освен за во мали градови,мали фамилии не нуди баш нешто за цената. примерот кој го даваш ама баш ништо не влијае на муабетот.
 
Ако е причината странските таблици, тогаш потегот е изнуден, а дали е добар потег ќе покаже времето.
Спаркот е само пример,има избор и од други модели, не инсистирам да ти се допадне...:)
 
.....вистината, ;)мене никогаш не ми станало јасно како еден тилку сиромав , дури и статистички беден со огромна безработица народ, вози толку многу коли...и тоа по еден-двајца внатре, а при солена цена на гориво и морски казни
Одамна тврдам дека кај и да е свет ќе почне да не купуе на пипета за да му кажуваме како.....:)
Повеќето коли денес во РМ се спечалени со кредити. И тоа со 2-3 кредити во фамилија. Мажот кредит од Тутунска банка, жената од Комерцијална банка синот од Стопанска банка... И не само со кредити туку и со заеми од роднини, пријатели..

Инаку кај нас тоа што се намалувал бројот на стоедени, стодвајсосмици, југовци, пеглици, лади, Рено четворки се сметаат за симболи на добра живеачка. Тажно... На секој што ќе му објасниш дека во РМ се живее бедно тој ќе ти одговори добро се живее бидејќи немојш стоеден да видиш и се подновил доста возниот парк. Подновен е возниот парк ама со возила најчесто произведени од 1998 до 2001 година... А сегашниве најнови модели на возила ќе ги возиме некаде во периодот од 2030-2033 година... Какво површно размислување има овој народ...

И што дека некои фамилии имаат 2 коли пред куќа, а пак од друга страна кога врни му течи покривот???

Што дека некои фамилии имаат 2 коли пред куќа, а живеат во куќарче од 70-80 квадрати со само едно приземје и едно мало поткровје???
 
Ако е причината странските таблици, тогаш потегот е изнуден, а дали е добар потег ќе покаже времето.
Спаркот е само пример,има избор и од други модели, не инсистирам да ти се допадне...:)
Ako Bugarite so se vo EU i se vo prosek pobogati od nas site vozat polovni avtomobili ne gledam zosto kaj nas bi bilo poinaku. Ako na nekoja vlada povtorno i tekne da se ku*ci i nabiva na registracii i glupi zabrani za uvoz i pocne da lupa akcizi povtorno ke se aktiviraat BG pasosite i koli na BG tabli. Jas prv. I moze samo za stojko da mi se fatat.
 
Ајде малку за стандардот и амбициите. Кога владата ја донесе мерката за увоз на ЕУРО2 возила до 2016 година, корегирај ме ако грешам, образложението беше да се задоволи социјалниот момент и да секој оној што немал можност да купи кола или имал премногу стара, да дојде до понов автомобил.
1. Социјален момент не се задоволува со дозвола за увоз на евтини коли. Ако си без пари, ќе ги дадеш и последните малку што си ги чувал и си ги дал топтан, а после ќему ја мислиш од каде пари за бензин, сервиси и регистрација.Или ќе ја купиш, бензин како така ќе ставаш а за сервис и регистрација нема врска, вози додека не те фатат или додека не откаже колата, не дај боже додека не ја уништиш.
Социјален момент пријателе се задоволува со отварање работни места, со можност да заработиш пари, па сам да одлучиш дали ќе купиш кола. дали нова или стара, е тоа е задоволување на социјален момент.
2. Ако ги следиш работиве со увозот на стари коли, или ајде прогуглај по огласи и форуми за коли, да видиш сиромавиот ни народец какви коли бара и купува - Мерцедес, Ауди, БМВ,Алфа Ромео.. Бугарските дилери се фалат дека Мкаедонските купувачи ги бараат луксузните модели и плаќаат и до 20000 евра за користен абтомобил, и најбарани се дизелите..Толку за сиромавиот ни народ.
А пред да се донесе овој закон за увоз, можеше да купиш на пример Chevrolet Spark нов за 7000 евра или помалку со 5 години гаранција.Ама кај Македонец ќе се брука со мало евтино количе...
Ако државата стимулира увоз на мали и еколошки возила со ниска цена, тогаш малку од нас ќе се најдат засегнати од најавените давачки.

Мене ми е поарно да ги дадам парите одеднаш отколку да мислам секој ден дали нареден месец ќе имам да платам рата,и дали ќе дојдат да ми ја земат.друга работа,заеби гугл,требало да прошеташ по улиците.пред увозот,се возеа со бг табли,оние што немаа со бг табли,имаа југо,101 и слични возила.истиве овие сега југата ги заменија со корси.подобро 10 години стара корса отколку 30 години старо југо да возиш,и пази првата е возена на автопат со сите сервиси редвно праени,второво е возено по сите ниви,и секој 'сервис' го праи газдата.
Изборот на возило е индивидуален,ти не глеј кој што купува ,гледај си за тебе,не ги мисли другите ;).
Ко веќе ко спомна спаркот,зашо да дадам 7000евра за спарк ,кога за тие 7000 можам да возам 5 години стара кола со фул опрема,и заштита што спарк може да ја сања.пријател мој купи нова киа пиканто за 7500евра,од опрема има свирче за каиш ако немаш ставено:D:D:D,а у гепек собира еден ранец.е сеа ако ти или некој друг сакате ваква кола слободно купете си.
 
Одржувањето е клучна работа. Цената на возењето кола не ја опфаќа само куповната сума за возилото, туку и цената на одржувањето.
Како за пример: фар за Цитроен Меган е накај 300евра, а фар за VW Golf MK3 кошта 13евра.

Patem najprodavani polovni vozila se corsa,polo i golf, i toa zato sto site dobro znaat deka se najeftini za odrzuvanje. Nitu 10% od narodot nema so se lepat i kupuvaat mercedesi, bmwinja i slicni kao luksuzni i skapi za odrzuvanje gomna kako ti so ni kazuvas.
 
Uvoz sakale nejkele moraa da dozvolat, inaku poveke koli ke bea kaj nas so BG tabli nego so MK. Ovaka em carina lapnaa, em pari za registracii sekoja godina, em pari za notari,preveduvaci,spedicii i uste ednocudo nepotrebni pijavici.
Od novite koli se mrsat samo glavnite importeri,a na narodot ne mu trebaat. Odi vo bugarija da vidis kolku novi koli se prodavaat godisno,zemi nekoj prosek sprema brojot na naselenie pa zaedno da se nasmeeeme. Ete vo EU se.
Patem najprodavani polovni vozila se corsa,polo i golf, i toa zato sto site dobro znaat deka se najeftini za odrzuvanje. Nitu 10% od narodot nema so se lepat i kupuvaat mercedesi, bmwinja i slicni kao luksuzni i skapi za odrzuvanje gomna kako ti so ni kazuvas.
Кажи друг начин освен овој европа да си ги исчисти ѓубрето кај нас(балкан)а индустријата да работи и произведува нови автомобили за европјаните.
Само глуп човек(балканец)купува луксузна канта или кантичка од средна класа со минимум 500-800к киломретри кои се вратени на 120-180к километри и со прикаска дека жена,баба,семејно возило било за време на викенд ја возеле или кој знае уште каква ли не лага ќе измислат шверцерите за да ги продатат кантите односно кантичките кои сигурно дневно поминувале минимум по 150-200 километри
 
Нејасни ми се луѓето кои купуваат нови спаркови, дачии, шевролети и слични срања и за такви возила даваат по десетина илјади евра кога за истите тие пари можеш да возиш вистински автомобил кој е стар 5-10 години но иако е постар ке оди многу подолго од горенаведените, ке возиш кола со сите параметри а не некое пластично тезгере. Си мислам дека сите кои купиле спарк или слично на него, при изборот пресудно влијание морало да имаат сопругите... нема друго објаснување.
 
Кажи друг начин освен овој европа да си ги исчисти ѓубрето кај нас(балкан)а индустријата да работи и произведува нови автомобили за европјаните.
Само глуп човек(балканец)купува луксузна канта или кантичка од средна класа со минимум 500-800к киломретри кои се вратени на 120-180к километри и со прикаска дека жена,баба,семејно возило било за време на викенд ја возеле или кој знае уште каква ли не лага ќе измислат шверцерите за да ги продатат кантите односно кантичките кои сигурно дневно поминувале минимум по 150-200 километри

Затоа во странство постојат сервисни книшки и луѓето прават редовни сервиси,во сервисната книшка секогаш е впишана километражата.ако сам купуваш у странство има специјализирани институции(исто и онлајн проверка може) каде за мала сума пари ќе добиеш историја за возилото што сакаш да го купиш.
 
Ако одиш лично односно ако ти ја донесе некој роднина или пријател има сервисна книшка.
Во поголемиот број шверцерите ги зимат сервисните книшки и имаш евиденција толку колку што ја вратил километражата и неговите лаги
 
Колку постаро возило толку поголеми трошоци за регистрација?
Објавено: 21/04/2014 11:15
Регистрацијата на старите возила најверојатно ќе поскапи откако ќе стапат во сила измените во Законот за животна средина со кои се предвидува нов начин на плаќање на оваа давачка. Досега главен критериум при определување на надоместокот за загадување на животната средина беше јачината на моторот, а со предложените измени возачите ќе плаќаат и за годините на старост на возилото, зафатнината на моторот и за видот на горивото што го користи возилото, пишува Нова Македонија.

tehnicki-pregled-300x172.jpg
- При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост – се вели во предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.

Тоа значи дека од наведените критериуми ќе зависи и висината на надоместокот. За возила со понов датум на производство, како и со помала зафатнина на моторот, кои помалку придонесуваат кон загадување на животната средина, ќе се плаќа помал надоместок.Висината на надоместокот ќе зависи и од видот на горивото што го користи возилото затоа што возилата што користат дизел-гориво придонесуваат повеќе кон загадување на животната средина.

Од Министерството за животна средина потврдуваат дека во план е подготвување подзаконски акт за воведување дополнителни надоместоци за намалување на загаденоста, но засега нема конечна одлука.

Во Македонија возниот парк е со капацитет од околу 400.000 автомобили, а старосниот просек се движи околу 12 години. Само последните три години, откога во 2010 година се дозволи увоз на половни возила со еуро 1 стандарди, во земјава се внесени повеќе од 140.000 употребувани автомобили. Од Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори уште лани апелираа до Владата да не дозволува повеќе увоз на возила постари од седум години и да почне да се практикува само увоз на стари возила со еуро 4 стандард.

- Новите автомобили не се само еколошки поволни, тие нудат и безбедност на патиштата – укажуваат од групацијата.

Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“, информира дека во рамките на Сојузот на стопански комори имаат упатено неколку иницијативи по ова прашање, а главната цел е да се подобри квалитетот на воздухот што го дишеме. Нивниот предлог е од автомобили со еуро 2 стандард за емисии на гасови да се премине барем на еуро 4, бидејќи во Европа еуро 6 е веќе валиден стандард.

- Треба да внимаваме во поглед на воздухот што го дишеме затоа што овој норматив за увоз на поволни возила што во моментов е во сила овозможува увоз на 20 години стари возила, а со староста на возилата се нарушуваат нивните перформанси во поглед на издувните гасови. Многу подобро е да се земе можеби помало, но ново возило, отколку да се инвестираат во стари возила со кои се намалува безбедноста, имаат зголемена потрошувачка на гориво, како и се загадува воздухот – рече Муцунски.

Во Германија за секои сто кубни сантиметри јачина на моторот, возилата со бензински мотор плаќаат две евра, а дизел-моторите 9,5 евра. Во Германија се плаќа и такса за јаглероддиоксид, во висина од две евра за секој грам од штетниот гас, без разлика на еколошката норма или каков било друг параметар на автомобилот.

И после мене ме прават будала и црна овца....а јас сум само рационална и неискомплексирана коза.
 
Да не си од тие што треба да го спроведат законот па собираш мислења.

Како и да е го подржувам донесувањето или измената на законот ама старосната граница да не биде помала од 8-9 години

Не сум сигурен ама мислам дека има закон за постари возила да одат на технички преглед двапати годишно или и тоа беше некоја инијацијатива.
 
Само копи/пејст на натпис за некоја рандом давачка за возила...посебно се погодени старите возила или тие што работат на поефтино гориво...и ова треба да се земе во предвид при купување на возило. Инаку заборавив во првиот коментар да ставама цена за полагање на возачки испит. Ама како што можам да приметам од најголем дел од коментарите кога се во прашање возилата најголем дел не размислуваат воопшто рационално.
 
сиромавиот двапати плаќа - ако сака да поседува половњак треба да издвојува посебно средства од својот буџет..........прашање е каде тие средства ќе одат,ќе се садат садници,паркови зеленило ?! или во стомакот на некој административец како хранарина и К15 :facepalm: ти ибам ЕУ,абер немаме за влез а сите овие закони наметнати полека треба да се имплементираат..........
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom