Дали Господ казнува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е и моето прашање, но еве го и мојот одговор: вер(б)ата во Бога има своја смисла и цел, а верата дека Земјата се „врти„ околу Сонцето е очигледна безмислица...
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:37 ---


Исти такви „НН„ лица, упорно не‘ убедуваат дека Христос уопште не постоел, ама затоа постојат „вонземјани„...
Лица кои докажуваат дека Исус не бил син божјиу имаат име презиме, неведуваат пишани и материјални докази, отворено зборуваат за тоа и нивните докази или теории можат слободно да се стават под лупа, да се подвргнат на испитување.
Кај верата нема такво нешто. Едно јадење на менито, нема зачини нема сол црна пипер, нема да прашаш дал може поинаку да се спреми.... јади и ќути.
 
па да одат контра библијата .. ти ништо не разбираш...тоа ти е чиста конспирација... :D

Мики1 сериозно ти е тоа со стационарната земја или го користиш како аргумент да докажеш нешто?
 
Грешка-и ти гледаш спектрално исто и јас но во т.н видлив спектар.

Очигледната вистина, не се докажува.
Мислев на спектарот над и под 800 и 400 нанометри.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:43 ---
Корист за човештвото,гледаме како се оформуваат нови соларни системи и така учиме и за нашиот што е уште еден факт.
.

Не е тоа никаков факт: тоа е саде облик на вера на „не видено„.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:45 ---
Со телескоп можеш да ги набљудуваш со ТВОИ ОЧИ сончевите дамки и по нивното движење ќе ти стане јасно дека сонцето има оска на ротација,понатаму можеш да ги набљудуваш четирите месечини на јупитер и тие ќе ти помогнат логички да заклучиш дали се движиме или не.

Дома немам телескоп и не можам со свои очи да набљудувам што се случува „горе„. И сеа, што да праам? Да им верувам „на жими мајка„ на тие кои имаат можност за гледаат низ телескоп?
 
Вечен живот, во непосредна близина од својот Творец, Кој ќе биде очигледна Вистина.
Ти даде некој пусулче со гаранција дека баш твојот творец е оној оригиналниот а сите други се лажни. (Во случај на спор надлежен е основниот суд)
Живот имаш сега. Непобитно, јасно, и опипливо. Живот после смртта е недокажано несигурно и претпоставено. Можеби древните египќаи биле во право, па ако не ги знаеш одговорите кои по смрртта ќе ти ги поставуваат демоните и боговите душата ќе ти биде умнништена.... можебиу евреите се вво право па ќе бидеш исфрлен далеку од творецот ради кршење на неговите заповеди, можеби римјаните биле во право, па ќе ти лута душата во Хад, или хиндуси, Будисти, Муслимани, а можеби само ќе потонеш во мрак и заборав како храна за црви и хумус за земјата..... ти си зел едно ливче од многуе и се надеваш на добивка.. Игра на среќа. И тоа ливче кое се нуди овде. Немаше ни многу избор.

А за сонце и земја, ете прашај го локалниот поп кога ќе биде затемнување на сонцето (или месечината) и од каде би знаел и како? дали во толкување на светите писма или ќе си праша некое астрономско друштво кое своите пресметки ги базира на фактот како се движат небесните тела во вселената
 
Не се бескорисни замисли откриваат т.н радио галакции и колку за твое Инфо тие не се во функција на хелиоцентричниот систем туку се во функција на ВИСТИНАТА.

Тие информации се целосно бескорисни во моето секојдневно живеење и ВО функција од одржување во живот на хелиоцентричниот светоглед.

А вистината не е во Вселената, туку Христос Е Вистината.
 
Дома немам телескоп и не можам со свои очи да набљудувам што се случува „горе„. И сеа, што да праам? Да им верувам „на жими мајка„ на тие кои имаат можност за гледаат низ телескоп?

Па исто е бе Мики и со попоите - таканаречени "проводници" на Божјата мисла:P

Веруваш на н жими мајка, на тоа што они ќе го кажат околу егзистенцијата на Бог.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:49 ---
.

А вистината не е во Вселената, туку Христос Е Вистината.

Зашто 4 милијарид луѓе не го гледаат ова?
 
Па исто е бе Мики и со попоите - таканаречени "проводници" на Божјата мисла:P

Веруваш на н жими мајка, на тоа што они ќе го кажат околу егзистенцијата на Бог.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:49 ---

Тоа значи дека вродената потреба од верување, можам да ја арчам:
- на верување во Бог
- на верување дека Земјата се „врти„ околу Сонцето.

Така?
 
Дома немам телескоп и не можам со свои очи да набљудувам што се случува „горе„. И сеа, што да праам? Да им верувам „на жими мајка„ на тие кои имаат можност за гледаат низ телескоп?

Купи или оди во Скопско астрономско друштво,попаметно е таму да се ангажираш отколку во црква,патем јадеше бел грав денес без зејтин оти нели чист понеделник сме:)
 
Зашто 4 милијарид луѓе не го гледаат ова?

Затоа што:
- не веруваат
- веруваат дека очигледните нешта се вистина.

Така, се‘ дур очигледните нешта ги поистоветуваме со вистината, ќе бидеме идолопоклоници. Штом поверувам(е) во Христос-Вистината, ќе разликуваме вистинито од невистинито.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 13:54 ---
Купи или оди во Скопско астрономско друштво,попаметно е таму да се ангажираш отколку во црква,

Мојот светоглед не е идентичен со нивниот...:D и нема да ме примат.
 
Купи или оди во Скопско астрономско друштво,попаметно е таму да се ангажираш отколку во црква,патем јадеше бел грав денес без зејтин оти нели чист понеделник сме:)
Остај белиот грав, на татко ми тоа поповите му кажале на леб и вода да е цела недела... Нездрава работа, само нешто ако му се случи, има се да отерам кај што не треба.
Ако сака да си дознае за себе дека земјата се врти, ќе дознае. Но некој не сакаат да се замараат со тие факти, сакаат слепо да си веруваат во Бог и тоа е тоа. И не треба да ни пречи тоа, за нив земјата не се врти, за мене се врти... На крај сите ќе умреме... :D
 
,патем јадеше бел грав денес без зејтин оти нели чист понеделник сме:)

Не, на работа сум, а овде немам можност за варење грав...:pos:... така да морам да јадам маслинки.
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 14:02 ---
Мики1 сериозно ти е тоа со стационарната земја или го користиш како аргумент да докажеш нешто?

Пред отприлика 2 г. кога пишував за штосов со Земјата и Сонцето, еден форумџија, не го паметам никот, разбра што ми е мислата.

Да, сакам да покажам „нешто„, а тоа е начинот на кој го восприемаме и разбираме Светот и животот: дали е тоа информација „од прва рака„ (како очигледноста од Сончевото движење) или„ расипаниот телефон„ и примање информации „од 16-та рака„, по принципот „рекла-кажала„ (како наводното „вртење„ на Земјава околу Сонцето, кое практично никој не го видел).
 
Почнувам да се нервирам.

Мики аман бе....мислам АМАН свести се!!?!?
 
Пред отприлика 2 г. кога пишував за штосов со Земјата и Сонцето, еден форумџија, не го паметам никот, разбра што ми е мислата.

Да, сакам да покажам „нешто„, а тоа е начинот на кој го восприемаме и разбираме Светот и животот: дали е тоа информација „од прва рака„ (како очигледноста од Сончевото движење) или„ расипаниот телефон„ и примање информации „од 16-та рака„, по принципот „рекла-кажала„ (како наводното „вртење„ на Земјава околу Сонцето, кое практично никој не го видел).
Just as i thought... (y)
п.с А зелени или црни маслинки.. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom