Дали годините се пресудни за пријателство?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Дали годините се пресудни за да се дружите со некој?
Дали се ограничувате на некоја возраст, да речеме само ваши врсници или сте поотворени во тој поглед?
 
Не сум воопшто ограничен во тој поглед. Имам другари кои се помали, исто ко мене, поголеми... не е битно... :)

Само да си одговараме е важно, годините/полот воопшто не важат кај мене.
 
Нормално дека се.
Секако дека 2/3 години разлика не прават проблем, ама ако се повеќе... тешко дека ќе успее тоа пријателство, јас не би можела да се дружам со некој кој има 21/22 години зашто се` што мене би ми било интересно- кај таа личност е веќе иживеано.
Така да... би се задржала до пријателствата со луѓе со кои би имала исти интереси.:)
 
апсолутно не, интелегенцијата и системот на вредности се побитни од возраста.
 
апсолутно не, интелегенцијата и системот на вредности се побитни од возраста.

Ај кажи ми...
Ако ти се дружиш со некој кој е 15 години постар од тебе и неговата интелегенција е на исто ниво како твојата, дали мислиш дека е малце чудно што тој на таа возраст се однесува и размислува исто како тебе и се дружи со некои бајаги помлади од него?
 
апсолутно не, интелегенцијата и системот на вредности се побитни од возраста.

Точно. Не се битни годините. Битно е колку е зрел човек во паметот.
Има луѓе кои ги чукнале 23 години во газо, па уште се понашаат како детишта неизраснати, а има некој 16 годишни кои размислуваат многу позрело од тие 23 годишните.
Додуша не можам да зборам за сите, сите различно размислуват, па ете ставам едно ЈАС МИСЛАМ на почетокот.

Ај кажи ми...
Ако ти се дружиш со некој кој е 15 години постар од тебе и неговата интелегенција е на исто ниво како твојата, дали мислиш дека е малце чудно што тој на таа возраст се однесува и размислува исто како тебе и се дружи со некои бајаги помлади од него?

Не Маweчко. Ти си тој шо си на исто ниво со неговата интелигенција.
Значи си доволно зрела личност, со сериозни и повисоки сфаќања од твојте врсници, па можиш да си дозволиш да се дружиш и да разговараш со личности кои имаат поголема возраст.
 
имам 19 години и се чувстувам доволно созреано и интелегентно за да бидам во друштво на постари од мене.. исто така сум била доста изненадена од помлади од мене. Комшиката до мене е 8 години постара и си ја сакам најмногу.. мозам да разговарам со неа за се од проблеми со дечковците до факс.. она за работа.. општо за ставови во врска со некоја ствар.. да искочам и да се изжуркам па дури и на одмор сме биле заедно преубаво си поминавме. Братот на најдобриот другар на дечко ми има накај 30 и се случува некогаш да дојде со девојката на журка и слично со нас и да лудува поминувајки си топ. Можеби на билјарт или на тенис една партија летно време.. зашто да не??
треба да е чудно?
 
Не Маweчко. Ти си тој шо си на исто ниво со неговата интелигенција.

“Таа“ сум.:))

И не, не мора да значи дека јас сум на негово ниво. Може јас да сум си на ниво нормално за моја возраст, а тој со неговите години да е на истото ниво како и јас.

Ок, ако имам да речеме 30 и се дружам со постари е во ред, ама со моите 16, ако се дружам со некој што има 25 и размислува како мене... не ми е во ред.
 
Не. Имам пријатели кои се 8 до 10 години постари од мене, и денденес сум добар пријател со нив. Би дефинирал вака. Пријател е оној човек кој има повеќе исти или слични погледи нан нештата, а не тој што е сличен на возраст со тебе.
 
~*~

Дали годините се пресудни за да се дружите со некој?Дали се ограничувате на некоја воздраст,да речеме само ваши врсници или сте поотворени во тој поглед?

Никогаш не сум си дозволила сама себе да бидам толку ограничена во тоа поле, првенствено затоа што голем број од моите пријатели се постари од мене, исто како што имам пријатели кои што се помлади.
Сакам да споделуваат луѓето искуство со мене и јас со нив, ставовите и мислењата се тука за да се разменуваат, а тој процес многу полесно/поефективно оди со луѓе од различна возраст.
:sklupturce:
 
“Таа“ сум.:))

И не, не мора да значи дека јас сум на негово ниво. Може јас да сум си на ниво нормално за моја возраст, а тој со неговите години да е на истото ниво како и јас.

Ок, ако имам да речеме 30 и се дружам со постари е во ред, ама со моите 16, ако се дружам со некој што има 25 и размислува како мене... не ми е во ред.

Ок де, сум згрешила. Не се фаќај са за то.
Шо ако размислува како тебе? Ти како размислуваш не ми е јасно?
Колку шо иам забележано, доволно си зрела личност, шо значи ве прај зрели и тебе и та 25 годишната личност.
Не биди ограничена..
 
Доколку има разбирање и слога помеѓу пријателите, ништо друго не е пресудно...
 
Пријателите ми се максимум 3 години поголеми или 2 години помали. Познаниците пак, можат да се и 15 години постари, и 5 помали, ама за пријателство, во овој стадиум од животов, годините се пресудни поради круговите на излегување, интересите и слични работи.
 
Пријателство и години. Тоа кај мене нема врска имам 17 години, а имам и помлади другари од по 11 па дури и постари другари и од над 25 па така да немам некој проблем со тоа, а исто така и тие немаат.
 
Ок де, сум згрешила. Не се фаќај са за то.
Шо ако размислува како тебе? Ти како размислуваш не ми е јасно?
Колку шо иам забележано, доволно си зрела личност, шо значи ве прај зрели и тебе и та 25 годишната личност.
Не биди ограничена..

Ќе ме усрамиш сега:pos:

Дадов јас само пример, ако да речеме некој размислува складно со неговите 16/17 години и нема некоја виша интелегенција, дека тогаш би било чудно ако некој 15 години постар би размислувал исто.

Јас немам ништо против ширење познанства со постари, само не би можала да се замислам во друштво со 25 годишни, првенствено зашто непријатно ќе ми биде.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom