Дали го одобруваме штрајкот организиран од СОНК?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
potiknuvanje , podrska i organiziranje i ako se ostane samo na toa e samo laicko huskanje za na plekite na zasegnatite politicki da se poentira, zasega opozicijata vo odnos na strajkovite ne gledam da ima pa taa ponudeno opcija kako bi izlegla vo presret na zasegnatite ako na toa s e dodade i vremeto koga istata bese vlast i za ovie zasegnati mnogu i ne mrdna so mal prst se demaskira pozadinata na nivnata ``zagrizenost``

Јасно е тоа! Сакав да потенцирам дека секоја опозиција би поддржала штрајк кој оди против желбите на власта/позицијата.

Да беше обратно СДСМ ќе беше против а ВМРО ќе даваше поддршка на штрајкот :wink:.

СДСМ како опозиција не ни мора да бара решение, позицијата ќе мора да го најде пошто во нивен мандат се случува!

ПС. Дали е оправдан или не не навлегувам пошто немам информации.
 
@abc zatoa i vo pogoren post napisav deka vo slucajov na SONK opozicijava e hiena koja ceka od mrshata da sobere nesto , za razlika od toj strajk na muratov kade bese soorganizator.
 
@abc zatoa i vo pogoren post napisav deka vo slucajov na SONK opozicijava e hiena koja ceka od mrshata da sobere nesto , za razlika od toj strajk na muratov kade bese soorganizator.

Тогаш зошто владава направи таква “рашамонијада“ пред камери,во обид да ја нурне позицијата на Дојчин како релевантен и неприкосновено добар сендикален лидер?
 
Тогаш зошто владава направи таква “рашамонијада“ пред камери,во обид да ја нурне позицијата на Дојчин како релевантен и неприкосновено добар сендикален лидер?

затоа што човекот е во право....а на нив тоа не му одговара...зошто да даваат пари на други ко можат во џеб да си ги стават тие пари..и нормално ке се потрудат да го турнат како човек кој не е способен...
 
Од СОНК најавија дека доколку продолжат притисоците на теренот ќе го известат генералниот секретар на интернационалната за образование од Брисел и меѓународната организација на трудот.ајде да видиме сега...
 
СДСМ како опозиција не ни мора да бара решение, позицијата ќе мора да го најде пошто во нивен мандат се случува!

Добра опозиција и конструктивна е онаа која нуди решение а не онаа која бега од истото.А колку што ме држи сеќавањето ДПМНЕ немал ни К од конструктивност за време на нивно опозиционирање.
 
Кога од ДПМНЕ се бараше конструктивност излегоа на протести со гласот на светлината,на автомобили и автобуси се качуваа дур,кога тоа најмногу беше потребно како конструктивна опозиција ДПМНЕ го сруши тој збор и непотребно протестираа во собрание со тенџериња дур,абе циркузи.
 
Добра опозиција и конструктивна е онаа која нуди решение а не онаа која бега од истото.А колку што ме држи сеќавањето ДПМНЕ немал ни К од конструктивност за време на нивно опозиционирање.

Кога веќе ме влечеш за јазик има ли СДСМ решение за штрајкот?

Што ги мешаш ВМРО каква опозиција биле кога се на власт. Збори за СДСМ каква опозиција се и кои решенија ги нудат (освен виткање кичма се разбира).
 
Решението треба да го најде власта,затоа што тоа е единствено во нејзина надлежност.:toe:
 
Кога веќе ме влечеш за јазик има ли СДСМ решение за штрајкот?

Има, само ДПМНЕ бега и го отфрла и упорно не дозакопува со "преродбата".

Што ги мешаш ВМРО

ВЕМЕРО е на власт, кој треба да го мешам?Амди Бајрам?И тој е на власт.Кој треба да го мешам?Цацко од К15?Не е на власт!
 
затоа што човекот е во право....а на нив тоа не му одговара...зошто да даваат пари на други ко можат во џеб да си ги стават тие пари..и нормално ке се потрудат да го турнат како човек кој не е способен...

Дојчин не го процени тајмингот за штрајк. Можеби се прецени мислејќи дека покачувањата што претходно ги направи владата ќе ги забрза пред донесувањето на Буџетот за 2009 со едно модифицирање и влегување на барањата на СОНК во Буџетот пред неговото влегување во парламент. Можеби стратегијата гледано теоретски беше добра. Но што се случува, како и досега така и сега политиката длабоко навлезе во штрајкот. Зошто? Гледано од аспект на мојата општина во која на власт е СДСМ со сите сили партијата се вклучи во организација на штрајкот, не оти сака да се исполнат барањата на просветарите туку да ќари во матно. Како инаку би го толкувал фактот што организаторите на штрајкот се истурени играчи на сите избори на СДСМ. Замислете бивш директор на училиште од едно време каде што бил директор замислете 32 години (истурен член на СДСМ) сега е активен координатор на штрајкувачкиот одбор (мислам дека ако ја барате логиката , ја нема) исто така на друго пак училиште претседателот на синдикатот е член на СДСМ (ако, тоа не е проблем) но тој повеќе го знаеме како агитатор и пропагатор за време на изборите, значи нема легитимитет да води синдикална организација од едноставна причина што е подложен на манипулација. И во останатите училишта истотака водачите на штрајкувачките одбори се веќе докажани членови на СДСМ. Од тука смислата на штрајкот колку и да започна како вистински барања за подобрување на позицијата и стандардот на СОНК ја губи смислата, од проста причина што на секоја акција следува реакција, па и власта преку истурени играчи на секој начин го стопира штрајкот бранејќи ја неоправданоста на истиот. Од сето ова сакам да кажам дека Дојчин како претседател најпрво треба да одржи конгрес на СОНК на кој ќе ги проветри ваквите полтрони (камелеони) и др. играчи било да се од едната или другата партија и да избере вистински синдикалци, синдикалци со достоинство и углед на теренот. А потоа да оди на штрајк, е тогаш никој ништо не му може, зошто сега во неговите редови има многу петоколонаши кои работат за партиски интереси. Жално е што страдаат вистинските просветари кои се трудољубиви, а зад штрајкот се кријат повеќето неработници и мрзливи наставници. Ако излезе од контрола, а веќе излегува тогаш ова веќе не е штрајк туку инает кој ќе успее повеќе да биде “магаре“, а забораваат дека “оштетената странка“ децата никој не ги прашува. Ако тие се една алка на еден круг наречен образование тогаш би требало и тие да бидат прашани
 
Марко, а наместо СДСМ да го стаеше ДПМНЕ кој сега е на власт? Од уста не го извади СДСМ, и колку јас што се сеќавам СОНК никогаш не бил доведен до оваа ситуација да штрајкува поради несмасноста на СДСМ.Тезите контра СДСМ ти се ужас!
 
Марко, а наместо СДСМ да го стаеше ДПМНЕ кој сега е на власт? Од уста не го извади СДСМ, и колку јас што се сеќавам СОНК никогаш не бил доведен до оваа ситуација да штрајкува поради несмасноста на СДСМ.Тезите контра СДСМ ти се ужас!

Моментално зборувам од искуство во мојата општина со релевантни докази. А на власт кај мене е СДСМ. Но не го амнестирам ни ВМРО-ДПМНЕ до колку го прави истото. Во секој случај жално е во синдикатот да се спомениуваат партии иако тоа не е нешто невообичаено. Но постојано ние се компромитираме и затоа не не бива, затоа што ти мојот текст го гледаш така заслепено и те боли кога го споменувам СДСМ. Е СДСМ се дотогаш додека не излезе од својата самобендисаност се дотогаш вака ќе ги води работите и нема да биде имун на вакви полтрони кои го кочат во преобразување во една модерна политичка партија. А ти се додека не се издигнеш на ниво на самокритичност се дотогаш ќе те боли за СДСМ па макар бранел и вакви истрошени полтрони кои единствена штета му нанесуваат на СДСМ. Издигни се и ти и твојот СДСМ над тоа и јас прв ќе гласам за вас , а ти гарантирам уште најмалку 100 гласа. :helou:
 
Издигни се и ти и твојот СДСМ над тоа и јас прв ќе гласам за вас , а ти гарантирам уште најмалку 100 гласа. :helou:

Ќе имаш предизборна програма...разгледај ги од ДПМНЕ и СДСМ и најди најмал заеднички содржател па трезвено размисли.Сигурен сум дека ќе успееш во крајниот епилог на таа математика и сигурен сум дека ќе успееш да направиш разлика од плукање и реклама до програма и предлози.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom