Дали е подобро редовно студирање факултет или вонредно студирање и работење ??

  • Креатор на темата Креатор на темата diesel900
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 септември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
1
Возраст
32
Дали мислите дека е подобро редовно студирање на факултет или вонредно студирање и работење ?
 
Второто. Ќе добиеш и диплома а за тоа време ќе имаш веќе набиено стаж + плата ќе добиваш. Барем вака мислам :)
 
Второто. Ќе добиеш и диплома а за тоа време ќе имаш веќе набиено стаж + плата ќе добиваш. Барем вака мислам :)
Бар да беше тоа така лесно............
Мислам дека е подобро само да студираш.Сепак тоа се доста убави години,полесно ќе го завршиш факултетот,а нема да се мачиш да конобвариш по цел ден за некоја ситна паричка.
 
Бар да беше тоа така лесно............

Имам другарка вака што прави и и успева. Е сега не мора да значи дека кај сите би било вака :)
 
Имам другарка вака што прави и и успева. Е сега не мора да значи дека кај сите би било вака :)
Алал да и е на другарка ти,али ја што знам на повеќето или не им успева или некако гураат,но се пишман што направиле така.За кого како... :)
 
Зависи што имаш завршено и која работа ја работиш . Пример јас имам завршено средно медицинско отсек лаборант . Работам како лаборант и студирам Медицински факултет смер Радиолошки техничар ..
 
Второто би било подобро само ако знаеш дека ти е сигурна работата, и нема да те отпуштат после некое време работење. Ако е за работа во некоја добро позната фирма во која ќе зимаш добра плата, тогаш да, се исплаќа второто, али ако е за некоја работа како келнер или слично, работа во која во секој миг можеш да добиеш отказ, и потоа да седиш дома и само да си плаќаш плус затоа што си вонреден студент, не се исплаќа.
 
Алал да и е на другарка ти,али ја што знам на повеќето или не им успева или некако гураат,но се пишман што направиле така.За кого како... :)

Па напорно е, изолирана е најчесто ама уште малку и остана. За правен се работи, инаку да беше за некој технички факултет или природна наука тешко да ќе може на овој начин да се прави ова :)
 
Студиите за Радиолошки техничар се многу полесни од минатите години и полесно се завршува.. Познавам жена што успеа да го заврши факултетот а дома има две деца и плус работи ...
 
Јас прв семестар бев редовен и видов дека од дремење напредавање нема аир(не научував ништо) а неможев да одам редовно на тренинзи и да дадам макисмум па решив да се префрлам вонредно и добро ми иде положив се' а имам време за тренинг и за останати работи. Стварно на моменти знае да биде напорно аи барем и двете најважни работи моментално (факултетот и пливањето) си ги фурам :)
 
најдобро е вонредно студирање и неработење
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom