Дали е опасно да се живее безбедно?

  • Креатор на темата Креатор на темата MaRiNa`Oh
  • Време на започнување Време на започнување

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Самите ние, безбедни меѓу четири ѕида. Немоќни да еволуираме психички, душевно, но и спасени од надворешните предизвици и влијанија кои би можеле да ни ги поместат границите на разумот на екстремно подалечни простори.
Затворени.
Неослободени и закоравени.
Удобно засолнати следејќи ги принципите и моралите на однесување и размислување.
Прифатени од околината како успешни, разумни, морални индивидуалисти, незнаејќи што е тоа индивидуалност. Каде е интегритетот?
Кој е клучот за пронаоѓање на себеси, ако такво нешто воопшто постои во едно општество?
Дали страшно го загрозуваме своето постоење, својата хармонија со нас, само за слепо да припаднеме некаде, или некому; Или сето тоа е еден животен пат исполнет со догми кои мораме да ги испочитуваме за на крај да добиеме пакетче од дедо Мраз??
 
Не бива така...не треба луѓето да се затвораат по дома, да не се социјализираат тет-а-тет, треба да се тргнеме од компјутериве, да го живееме животот, да го заборавиме мсн-месинџерот, да заборавиме на дудлањата на форумов и сите тие работи кои мислиме дека ни ги заменуваат вистинските работи...треба да живееме во реалноста, а не имагинарно во некој наш свет...

не прифаќаат како индивидуалци...но со тоа само не исклучуваат од нивниот свет, надворешниот...

треба малце да лусн ап...иначе сите ќе станат како Најлс и Фрејзер...
 
Погрешно ме сфати.
Имам земено многу поголем опсег на акции и реакции во постот. Повикуваш на живеење во реалноста. Која реалност? Онаа која ти е презентирана во јавноста? Или онаа твојата, сопствената која ти е само тебе важна и доволна за да си спокоен?
Безбедното живеење, напротив, не е буквално да се заклучиш дома и да не комуницираш и да не просперираш во животот. Безбедното живеење е она секојдневното, исполнето со морали и принципи кои ги следат огромна група на луѓе и мислат дека управуваат со своите животи.
Зборувам за состојбата на умот.
Најопасните, но и најгенијалните мигови на истиот можат да се случат во потполна изолираност. Тоа е релативно.
 
Паа како што кажа немоќни сме да евололуираме ... Например тој човек што е сам и изолиран ... не превзема ризици во својот живот ... и не е образован за главните инстинкти за преживување во дивината на еден модерен свет во каков што живееме... Теоретски тој нема да знае ни улица да помине ... Според мене е опасно да се живее безбедно зошто ако ни се скрши стакленото ѕвоно што понатаму ... и најглупо нешто што можеме да го направиме е слепо да следиме некого и неговите мислења ... Во животот треба да ги следиме правилата ... но не слепо ... туку понекогаш да ги искривуваме и кршиме за наше мало задоволство ...
 
Интересно прашање е насловот на темата. И, да е одговорот.
"Дали страшно го загрозуваме своето постоење, својата хармонија со нас, само за слепо да припаднеме некаде, или некому?" Да, со тоа ние и немаме карактер или интегритет, стануваме аморфни. Ако човек ги занемари сопствените вредности за да ги задоволи туѓите очекувања, тој се изневерува себеси.
"Удобно засолнати следејќи ги принципите и моралите на однесување и размислување. Прифатени од околината како успешни, разумни, морални индивидуалисти, незнаејќи што е тоа индивидуалност. Каде е интегритетот? Кој е клучот за пронаоѓање на себеси, ако такво нешто воопшто постои во едно општество?"
Прашањето е каде да биде границата на компромисот. Ако ги "следиш принципите и моралите на однесување и размислување" имаш доста добра шанса да си поминеш добро во животот. Ако ги отфрлиш потполно, знај дека те чека трнлив пат. Но како што вели поговорката per aspera ad astra - низ трњето до ѕвездите. Кажав порано, во друг пост и во друга тема, дека луѓето кои заслужиле вистинска и вечна слава се оние кои се осмелиле да ја оспорат догмата, да го сменат сменат светот, да го прилагодат на нивните видувања, со храброст која потекнува од нивниот какрактер и со право што им го дава нивнот разум - правото на секој разумен човек да го подобри светот околу себе, за себе и за сите други. На пример, Махатма Ганди, Нелсон Мандела... нивните животи не биле лесни, ама затоа светот не е ист по нив.
Но, сепак, не мора човек да ја преземе тежината на светот на свои рамена и да тргне во поход против се што е лошо во светов. Мудар воин, мудро ги бира своите битки. Не е паметно во СССР да викаш на цел глас, долу влада, долу СТАЛИН, ДОЛУ ТИРАНИНОТ, зошто не ќе дочекаш да го видиш следниот ден. Но затоа секако има и ситуации каде можеш да завземеш став зошто можеш да постигнеш нешто - не викам дека ќе биде лесно но со истрајност е можно. И накрај има ситуации каде мораш да завземеш став зошто инаку општеството ќе те прегази.
Како и да е најважно е ДА МИСЛИШ СО СВОЈА ГЛАВА.
 
Не е опасно, ама е ограничувачки.
На крајот на краиштата, не за џабе почнале да се соединуваат луѓето уште во првобитните родовски заедници. За да се заштитат од напади, за колективно да ловат за да преживеат, за заедно да ги штитат поколенијата. Се знаело, тој што се одделува од племето ќе биде изеден од лав.
Ама додека животот ти е побезбеден и можеш навечер мирно да спиеш знаејќи дека некој од племето стражари, твојот ум е во самица и твоите постапки се ограничени.
Не го загрозуваме своето постоење за слепо да припаднеме некаде, ама ги компромитираме способностите на нашиот разум, што во случај кога се косат со моралниот кодекс на мнозинството, се принудени да се кријат во кората на мозокот, зошто ако му се спротивстават на мнозинството ни ја загрозуваат безбедноста.
Е сега... егзистенција или слобода на умот? Тежок избор. :)
 
тотално го порекнувам тоа што го пишав прееска...седи си дома ко чоек, незнаеш што ќе те снајде надвор...
што ме натера да се предомислам?

седиме пред фреш јас, Exotic, SSS-Stolica и ZeroStyle....си доаѓа чоек, најкултурно ни ѓи бара сите пари што ги иаме, ни вика полека, ако зуцнеш те убив и такви слични претњи...ДА МУ Е*АМ МАТЕР...сеа сум 500 ден у минус...

П.С. еден голем поздрав до продавачката од Л-НИК, пошто нејкеше да ми ја раситни петстотката, па морав цела да ја носам...

Наравоучение:
1. Продавачите/чките низ самопослугите се вмешани со рекетарите.
2. Седи си дома, најбезбеден си...
 
седиме пред фреш јас, Exotic, SSS-Stolica и ZeroStyle....си доаѓа чоек, најкултурно ни ѓи бара сите пари што ги иаме, ни вика полека, ако зуцнеш те убив и такви слични претњи...ДА МУ Е*АМ МАТЕР...сеа сум 500 ден у минус...
ВИЕ ЧЕТВОРИЦА А ТОЈ САМ И ВИ ГИ ЗЕМА ПАРИТЕ !?!?!
Кажете кај се берите па да поминам и јас некој ден!
А бе акни го по јајца другио му скока на грб и му го гризи увото третиот му брца прсти в око четвртиот го сопка на земја, го газите дур е на земја со клоци по лице, бубрези и меѓунозе, на крај му вадиш новчанико негов, ваѓаш лична карта и му велиш “Сега знам кој си и каде живееш, секој месец да ме чекаат по 500 евра инаку ќе те запалам жив“
 
Самите ние, безбедни меѓу четири ѕида. Немоќни да еволуираме психички, душевно, но и спасени од надворешните предизвици и влијанија кои би можеле да ни ги поместат границите на разумот на екстремно подалечни простори.
Затворени.
Неослободени и закоравени.
Удобно засолнати следејќи ги принципите и моралите на однесување и размислување.
Прифатени од околината како успешни, разумни, морални индивидуалисти, незнаејќи што е тоа индивидуалност. Каде е интегритетот?
Кој е клучот за пронаоѓање на себеси, ако такво нешто воопшто постои во едно општество?
Дали страшно го загрозуваме своето постоење, својата хармонија со нас, само за слепо да припаднеме некаде, или некому; Или сето тоа е еден животен пат исполнет со догми кои мораме да ги испочитуваме за на крај да добиеме пакетче од дедо Мраз??

„ Нема пастир, постои само едно стадо!Секој го сака истото, сите се еднакви, тој што се чувствува различен, доброволно заминува во лудница. “
Ниче

Со цитатот сигурна сум дека ми ја разбираш поентата.Не можеш да очекуваш дека лесно ќе ги пронајдеш одговорите за тоа дали треба да се стопиш со масата за да ги добиеш посластиците како статус, моќ и функција или да бидеш индивидуалистот кој што ќе се бори со светот за свое парче воздух и земја.

И да, во право си, нема тука никакво достоинство и интегритет.Трагичноста на нашата егзистенција лежи сама по себе во негирањето на горе спомнатите човечки особини.
Тоа право го губиме од раѓање.
​
 
:helou:Се наоѓам во едно друштво, душата не го сака тоа, не ме привлекуваат работите што нив ги веселат се во мене се буни а јас продолжувам да се наоѓам со нив .Немам храброст да ставам крај на се . Што е тоа ,зар сум толку голема кукавица ? Да,јас навистина ја нарушувам хармонијата сама со себе ,и не се сакам заради тоа ,има ли излез ?????:smir::smir::smir:
 
„ Нема пастир, постои само едно стадо!Секој го сака истото, сите се еднакви, тој што се чувствува различен, доброволно заминува во лудница. “
Ниче​

Vidi ja ti Satori Nice ...bravos :smir:

Imase den decko bukvalno ja razbra ovaa mudrost koga mu bea kriticni godini, inteligenten mnogu citase Nice i polude ...i den denes e lud .

Dal on u toa pa ludilo se cuvstvuva bezbedno ne znam al znam deka ima izreka sekoj covek svoj ostrov ... e sea sto saka da se kaze so toa ne znam al ete mi tekna da kazam i ja nesto :smir:
 
Сигурна сум дека Сатори го цитираше Ниче зато шо и е познат насловов од темава како негов цитат. Инаку, за Ниче како збирка од генијални размислувања е релативно да се зборува која е пораката на неговата филозофија. Да кажам народно, некои го мислат скинер, ама јас го гледам како хипик. :)
Да се вратам на темава, ценам самосталност, неограниченост и интегритет, ама во таков случај не гледам место за зближување и сакање. Ќе речиш, откриј се самиот себеси па потоа можеш да дозволиш да сакаш друг. Но како „објективно“ ќе се откриеш себеси кога голем дел од твојот персоналитет го зафаќаат баш оние кои заслужуваат да ги сакаш?
 
Сатори го цитираше Ниче не за насловот, туку за да долови поента.
Да се вратам на темава, ценам самосталност, неограниченост и интегритет, ама во таков случај не гледам место за зближување и сакање. Ќе речиш, откриј се самиот себеси па потоа можеш да дозволиш да сакаш друг. Но како „објективно“ ќе се откриеш себеси кога голем дел од твојот персоналитет го зафаќаат баш оние кои заслужуваат да ги сакаш?
Еми, си ги утнала луѓето.:smir:
 
Но како „објективно“ ќе се откриеш себеси кога голем дел од твојот персоналитет го зафаќаат баш оние кои заслужуваат да ги сакаш?
Ај пообјасни ми го овој дел. На кој точно начин мислиш "зафаќаат голем дел од твојот персоналитет"?
 
Околу тебе се, помагаат, љубат, те враќаат кога не си при себе, а при враќањето даваат и малку од себеси.
 
Back
На врв Bottom