Самите ние, безбедни меѓу четири ѕида. Немоќни да еволуираме психички, душевно, но и спасени од надворешните предизвици и влијанија кои би можеле да ни ги поместат границите на разумот на екстремно подалечни простори.
Затворени.
Неослободени и закоравени.
Удобно засолнати следејќи ги принципите и моралите на однесување и размислување.
Прифатени од околината како успешни, разумни, морални индивидуалисти, незнаејќи што е тоа индивидуалност. Каде е интегритетот?
Кој е клучот за пронаоѓање на себеси, ако такво нешто воопшто постои во едно општество?
Дали страшно го загрозуваме своето постоење, својата хармонија со нас, само за слепо да припаднеме некаде, или некому; Или сето тоа е еден животен пат исполнет со догми кои мораме да ги испочитуваме за на крај да добиеме пакетче од дедо Мраз??