Дали е грев да не се верува во господ?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
Си имам јас моја религија според мене треба секој човек за себе да одлучи посебно и да не зема ништо здраво за готово.Е сега не би ја нарекол религија туку повеќе како животна филозофија слично нешто како будизмот што не вклучува слепа верба туку повеќе се базира на проверка и преиспитување на самиот себе си.
.
Па тогаш зошто темава? Ако сам за себе си гледаш ти немаш потреба да дознаеш дали е грев или не е грев.
Еве да речеме ти си атеист. Значи самото прашање дали ти сакаш да дознаеш дали ќе одиш во пеколот е апсурдно, бидејќи во твоето гледање на работите не постои нешто такво како пеколот. Исто и со другите религии/верувања/неверувања.
 
А доколку не веруваш никој ништо нема да ти направи, па дури ни Господ xD Работата е до тебе и до твојата потсвест :)
Ова е точно само ако живееш во секуларна држава. Ако живееш на пример во некоја од арапските земји, каде владее шеријатот, одлуката да неверуваш се казнува со одсекување на главата, или бесење.
 
Ne e grev bidejki ako veruvas vo recimo Jehova grev e sto ne veruvas vo Allah i t n posto sekoja vera drzi dekas samo ona go ima vistinskiot kluc koj gi otvara portite na Onoj svet.
 
Божја волја било да бидеме неверници клети и да гориме во пеколот, нели? :)
Па така некако,малку е збунувачки ама ти како добар верник и не треба многу да прашуваш и интересираш.Треба само да веруваш.А Бог ти дал слободна волја,ама после ти ја одзема со светите книги ама сума-сумарум се е божја волја.
 
од кој да се информирам? од твои коментари?

твојов пост ама баш ништо не ми кажа и досадни ми се, освен што кажа дека многу си се изнасмеал ништо друго не прочитав.

Инаку дефиницијата за духовност ми е од Ошо. Aко незнаеш кој е тој пиши на википедија.

Еве ти информирај се што е духовност и каква е таа духовност за која ти зборуваш, денеска ќе научиш нешто ново.
http://en.wikipedia.org/wiki/Spirituality
http://en.wikipedia.org/wiki/Spirituality#Religion

штета што форумов труе од неаргументирани коментари како твоите
.

Твојот учител ошо и такви како тебе на коишто им е потребен ошо и википедија за да знаат што е духовност, не се ништо друго освен надувенковци што трујат!

Мудроста и Духот БОЖЈИ Кој што те створил во мајчината утроба и те одржава за да можеш да живееш (покрај глупостите што ги тресеш) е многу пред зборот духовност, википедија, ... твојот учител ошо и слични на него и тебе!

Можеш ли сега да го сватиш тоа (без ошо и википедија)? :)

А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на се’, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

(1 Јован. 2:27)
.
 
Па така некако,малку е збунувачки ама ти како добар верник и не треба многу да прашуваш и интересираш.Треба само да веруваш.А Бог ти дал слободна волја,ама после ти ја одзема со светите книги ама сума-сумарум се е божја волја.

Чекај малку, ми кажуваш дека верниците треба да бидат добри и умни, и да не поставуваат многу прашања... ?
Критичкото мислење е грев! Слепо следи наредби! Лоша, лоша AnFem! *се самокамшикува*
Колку игнорантно и наивно! Браво бе! Утре ти деца ќе воспитуваш овака?

Значи е божја волја јас да бидам грешник и да горам во пеколот, како тоа бог одредува кој ќе биде грешен, а кој не? Види ама бил неправеден овој бог!
 
.

Твојот учител ошо и такви како тебе на коишто им е потребен ошо и википедија за да знаат што е духовност, не се ништо друго освен надувенковци што трујат!

Мудроста и Духот БОЖЈИ Кој што те створил во мајчината утроба и те одржава за да можеш да живееш (покрај глупостите што ги тресеш) е многу пред зборот духовност, википедија, ... твојот учител ошо и слични на него и тебе!

Можеш ли сега да го сватиш тоа (без ошо и википедија)? :)

А вие, помазанието што го примивте од Него, останува во вас, и немате потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на се’, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

(1 Јован. 2:27)
.

ти си забеган скрос, ништо не те сФаќам.
Интересен ми стануваш со твоиве смешни коментари:pipi:
 
Прашај го ошо, или википедија, можеби тогаш ќе сватиш! ;)

Лека ноќ
.
 
.

Ако мислиш дека е грев тогаш, ДА грев е .... Мислиш дека Господ ке ти се налути ако не веруваш во него? Ако имаш потреба, ако сакаш да веруваш, ако тоа на некој начин ти помага верувај во Него.... А доколку не веруваш никој ништо нема да ти направи, па дури ни Господ xD Работата е до тебе и до твојата потсвест :)

.

Се лажеш себеси ангелче ако мислиш дека консеквенците зависат само од твоите мисли, бидејќи се’уште не Ја познаваш и несакаш да И’ се поклониш на БОЖЈАТА Првородена Мудрост - Таа Чудесна Радосна Вест - , Која е пред се’ што е’ и е поголема од секоја човечка и ангелска *подсвест, *свест и *совест!

Поздрав

Ти благодерам за просветлувањето Чедо Божје :)
 
.
Се лажеш себеси ангелче ако мислиш дека консеквенците зависат само од твоите мисли, бидејќи се’уште не Ја познаваш и несакаш да И’ се поклониш на БОЖЈАТА Првородена Мудрост - Таа Чудесна Радосна Вест - , Која е пред се’ што е’ и е поголема од секоја човечка и ангелска *подсвест, *свест и *совест!

Поздрав
.

Ти демек ја познаваш? :pos::pos: :tapp: .

И ПРЕВЕДИ ГИ на форумски јазик тие твојте цитати/извадоци од Библијата или шо знам јас таму од што читаш...
 
Чекај малку, ми кажуваш дека верниците треба да бидат добри и умни, и да не поставуваат многу прашања... ?
Критичкото мислење е грев! Слепо следи наредби! Лоша, лоша AnFem! *се самокамшикува*
Колку игнорантно и наивно! Браво бе! Утре ти деца ќе воспитуваш овака?

Значи е божја волја јас да бидам грешник и да горам во пеколот, како тоа бог одредува кој ќе биде грешен, а кој не? Види ама бил неправеден овој бог!
:eek:
 
Да, грев е, и тоа најголем, непростлив грев е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom