Постоењето на религиите е,благо речено,најглупавата работа кога се работи за односот човек-Бог.Дефинитивно религиите се човечка работа,човечка измислица чие постоење во минатото било неопходно за одредени цели,манипулации,остварување на разно-разни интереси.Можеби порано религиите и биле корисни за некои работи,можеби и имале некоја позитивна функција и покрај тоа што маме му еб*ле на човештвото.
Муабетот со "вистинската религија",како што многу милуваат да кажат за својата,од друга страна е уште поретардирана работа од самото постоење на религиите.Еве да кажеме дека јас сум добар Христијанин,ги почитувам сите божји заповеди напишани во Библијата,животот ми е во согласност со сето она што го проповедал Исус.И доаѓа Судниот ден,мене ме чека страшен суд за моите дела е недела и се одлучува дали ќе одам во Рајот или пак во Пеколот.И замисли Бог ми вика-"А не дечко,ти се си супер,добар,поштен,хуман,им помагаш на сиромашните,правиш само добри дела ама глуп си зашто ме викаш Исус а јас сум Алах ај сеа гитла ќе гориш во Пеколот!!!!!"
Па добро бе мме зар јас сум крив ти што си неспособен да ни предочиш на нас луѓето која е вистинската религија и кој е вистинскиот Бог?За што се мачев јас во животот и бев добар кога некој умешал прсти и однел во заблуда милијарди луѓе?Што сум јас,баба Ванѓа да знам кој е вистинскиот пророк и кој е вистинскиот Бог?Ете тоа е сликата за Бог според многумина верници,тоа е сликата за нешто совршено и семоќно.Не фала,јас во таков Бог кој не знае работата да си ја заврши а се фали дека е семоќен,нема да верувам.На крајот на краиштата,што му е битно на Бог дали јас верувам во него а од друга страна водам колку-толку морален живот а некој што верува во него прави се и сешто ама ќе се покае пред да умре и ќе оди во Рајот?Епа ако е Бог егоистичен-не фала,други нека му го исполнуваат Егото и нека не лаже дека е праведен зашто не е правда јас да се варам во казан а Осама Бин Ладен да си го прчи во Рајот со 72 девици.Дефинитивно,Богот во Јудеизмот,Христијанството и Исламот е човечки Бог,создаден од луѓето.Земи само Куран отвори и прочитај неколку стихови и да видиш ти што е влевање на страв-јас сум еден,јас сум семоќен,јас ќе те казнам,јас ќе те уништам,јас ќе ги уништам неверниците,јас ќе ти се одмаздам.Јас што не верувам,страв ме фати кога читав стихови во Куранот да бидам искрен.Е тоа нека се плашат Ал Каеда од измислени ликови,јас одбирам слободен живот со достоинство и љубов,ама вистинска а не љубовта на Бог,кој те сака ама не си свесен што ќе ти направи во Пеколот ако не поверуваш во него.