Дали е човечки да се греши?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eliza
  • Време на започнување Време на започнување
Човечки е да се греши.. Тоа е една од работите кои не прават ЧОВЕК..
Грешките се да не научат дека не е се така подмачкано во животот.. Постојат и препреки, кои те прават подобар човек..
 
Дали е човекот е човек доколку греши?
Човекот е секогаш човек без разлика на се.Не е човечки да се греши (ова некако како изговор ми изгледа за нечии грешки), туку да се учи од грешките за да не се повторуваат.Ако човечкиот род не го прави тоа, отиде и цивилизацијава, отиде и планетава земја во ѓубриштето на овој унивезум.
 
Секако дека е човечки да се греши, а кога тоа некој ќе го стори, до него доаѓаат црните витези на ноќта кои ќе му просскаат и натераат да се покае. Некои од нас, претерале гледајќи цртани филмови како деца па не ги сфаќаат сериозно овие демони и успеваат да се извлечат од лошите чуства.
Да не се зезам... :)
Кога човек ќе згреши, и притоа секој 34 минути ќе се навраќа да каже колку не му е грижа за тоа, и е горд на своето дело... јасно е, жал му е, но ете неспособен е да го реши проблемот па да застане и да се извини, или доколку тоа смета дека не треба да го стори или нема сила да си замине од местото. Но да се навраќа со правење уште поголема фарса е тоооолку смешно, што просто од страна изгледа како најнова епизода од Том и Џери, каде главниот лик е тетката со фустанот како панично скока по столчиња и влетува во нови проблеми...

Кога сме на темава, јас сум светец, не грешам, секогаш сум во право и моите постапки без исклучок се вистински. Ако некогаш бидам близу до грешка, ги навредувам сите наоколу за да не приметат дека знам. Ако по некоја неверојатна случајност згрешам, иако до сега не се случило, ќе го превртам светот додека не се убедам себе си, а со тоа најверојатно и другите дека јас НЕ ГРЕШАМ. :pipi:

(А) (јове копирајтет) :helou:
 
колку повеќе грешки во животот толку побогат!!! се разбира ако учиш од нив ако не обратно!!!
 
nema pravilo bez isklucok(isklucokot samo go potvrduva praviloto)
sekako deka gresime pa i ucime od toa
 
Не ме плашат луѓето што грешат.

Ме плашат оние кои се убедени дека не го прават тоа.
 
Da Ada , taka e ... Shit se onie sto mislat deka ne gresat ... ofkors deka e covecki da se gresi ... ali pa goleminata na covekot se gleda vo priznavanjeto na svoite greski i pokajanieto ( promena na mislenjeto )
 
Секако дека е човечки да се греши. Кој човек на оваа Планета нема направено грешка, дали се мали грешки или пак ептен големи грешки кој ти го отежнуваат животот.
Сепак од грешките се учи и се стекнува големо искуство во животот и те прават подобар и посилен човек, и како што старееме се поретко и поретко ги повторуваме тие грешки што сме ги правеле кога сме биле помлади.
 
Ако не би било човечки да се греши , тогаш се би било перфектно...
 
Poradi toa deka ne postoi sovrsenstvo normalno deka e covecki da se gresi no ne i da preminuva vo navika.
 
Фала богу дека е човечки. Не ја гледам поентата на темава со само едно поставено прашање при отворање на истата. Сите го знаеме тоа.
Кој би рекол не?
Доколку одиме понатаму. Прекрасно е да се греши..развојот не принудува,самата психологија на човекот е таква. Сега зависи за какви грешки станува збор. Сигурно е дека навреда кон најблискиот или грешка во решавање некоја задача не е исто.
Односот на секоја индивидуа е различен. И не можеш да очекуваш иста реакција на една грешка од цела толпа. Перцепцијата е поинаква,но треба да се има осет и свесност за стореното.
Некој не прави дистинкција меѓу грешка и грев.
 
A како поинаку би ги научиле некои работи ако не згрешиме? Како што кажа членот над мене, човекот не е совршено суштество.

е ова е вистина ако не би грешеле никат ништо не би научиле
 
Човечки е да се учи од грешките и да се признае кога се греши.
 
Човечки е да се учи од грешките и да се признае кога се греши.
Тоа е пожелен исход од правењето грешки.

А, ако веќе збориме за нешто својствено на луѓето, тогаш правењето грешки и не учењето од нив, како и не признавањето дека сме ги направиле, е нешто уште "почовечко".

Реално, сите сме лоши ученици во школото на животот. И голем дел од неговите часови ги проаѓаме во повторувањето на една те иста лекција.
Тука е и она што се нарекува его, и што нејќе да признае дека може да погреши и да не биде во право. Не сака да си признае ни само на себе, а не па на другите.
 
Некој мудар и паметен човек рекол: Човечки е да се згреши, но божествено е да се прости!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom