Дали е човечки да се греши?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eliza
  • Време на започнување Време на започнување
Сосема е нормално човекот да греши затоа што на своите грешки најдобро се учи :) Почни од самиот/самата себеси: ако ти речат не го прави тоа, ќе го направиш за инает. Но ако си згрешил и знаеш за последиците, тогаш нема шанси повторно да го направиш.
 
Covek treba da se trudi da bide fer, odgovoren, nikako toa deka e covecki da se gresi da ne mu bide izgovor da bide kon nekogo nepraveden, oti i gresenjeto od nebreznost ili nemukaet sozdava posledici.
 
Абе ти си Реалиста не Нихилиста. Да, и небрежноста знае гадно да изнервира некого, сам сум го искусил тоа, како не ме уби еден... :) Но има разлика од луѓе до луѓе кога небрежно грешат, некои се правдаат без каење, некои се посовесни.
 
Потсвеста неможе никогаш да згреши.Само свеста под влијание на емоции може да направи грешка.
 
нормално дека е човечки да се греши..никој не е совршен...ниту па ке биди некогаш...
 
Се разбира. Учењето на грешките е особина на паметните, додека оние кои ја повторуваат грешката се условно кажано, глупави. А и секогаш сум се водел според тоа дека грешката е грешка доколку не си ја научил лекцијата. Според тоа, оние кои добро учат од своите т.н. грешки, на еден начин, никогаш и не ги прават!
 
Не треба да учиме од своите грешки туку напротив од грешките на другите, бидејќи ако учиме од нашите нема никогаш да научиме ...... Многу јасно дека е човечки да грешиме да не било човечки би грешеле мајмуните. Самиот наслов кажува се.
 
Секојдневно се` греши. Тоа не е страшно. Страшно е да се греши и грешката да се повторува, страшно е да се греши и од тоа ништо да не се научи. Сакаме да го исправиме минатото, затоа што тоа се поврзува во една целина која го гради нашиот живот. Но, за да ги опоравиме раните кои нашите грешки ги предизвикале кај некој друг или кај самите нас, треба да научиме да си простиме најпрво на самите себеси. Тоа ќе ни даде сила да ги поправиме сопствените гледишта, а со тоа и дела. Затоа што, денес е првиот ден од остатокот на нашиот живот. :back:
 
Па човечки е и најнормално е ако не грешиме како ќе учиме
 
Потсвеста неможе никогаш да згреши.Само свеста под влијание на емоции може да направи грешка.

Свеста е водена од потсвеста,кога грешиме тоа доаѓа од потсвеста , свеста само ја манифестира грешката, ја трансформира...

Не е толку важно дали грешиме или не се додека тоа не ги преминува границите и не ни создава дамка на совеста, најважни се нашите постапки ПО грешката и најмногу се учи од сопствените грешки, а не од туѓите тоа е како онаа поговорка-кој еднаш се изгорел на жешко млеко,потоа дува и на матеница.
 
човечки е да се греши и човечки е да се учиш од сопствените грешки-така се станува човек.
 
Секако дека е човечки да се греши сите грешат и учат од своите грешки.
 
Oној што работи греши,оној што само лежи направил само една грешка а тоа е што не почнал да работи....
Епа човекот е склон кон грешки и нема таков кој не згрешил..Секој мора еднаш да се попари за наредниот пат да знае како треба.На грешките си учиме...
Лично мислам дека мн подобро е на туѓите грешки да учиме...
Јас лично мн пати сум направил грешки дури и си ја закачив шпиндлата во прстот(шпиндла е едно остро шо се клава на машини за резбарење на дрво)и сега нема да згрешам повеќе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom