Значи за да дојдеме до одговорот зошто е некој чесен или нечесен треба да го дефинираме тој збор. Еве во Meriam Webster речникот што најдов под овој збор. Дека тоа е искреност и отвореност. Дека во основа тоа значи одбивање да се лаже (лагата е во тоа што овој исклучително интимен однос кој треба да прозилезе како резултат на љубов е најобично преправања заради задоволувања на нечии извртени страсти од една страна и заради финансиската корист од друга страна), одбивање да се краде или да се измамува некој на било кој начин. Синоними на чесноста се ЧЕСТА - сугерира на активен или почитувачки однос кон нечија професија, позиција или звање (каде е честа во курварлукот?), ИНТЕГРИТЕТ - под што се подразбира сигурност во нечија личност (не знам исто кој има доверба во проститутка? или тоа ми е само предрасуда хехе) и некорумпираност( па ако некој е спремен да си го продава телото за пари сигурно дека ќе биде спремен се да направи за пари значи е корумпиран) и ИСПРАВНОСТА - под која се подразбира веќе докажан интегритет и чест (види претходното).
Значи да се зборува за ЧЕСНОСТ кај проститутка е како да зборуваш за метално дрво.