Дали да се биде точен е маана или доблест?

  • Креатор на темата Креатор на темата Luka Peruzovic
  • Време на започнување Време на започнување
Доблест е ама кај нас треба да си малку мрднат па да бидеш секогаш точен. На пример кога ќе се договориш со другарите за во град ќе си слезеш од 1-5 минути покасно, зошто најверојатно некој ќе закасни а ти ќе седиш без врска и ќе чекаш ко глупав. Или на пример, на родендени обично каснам по пола саат, дур да се присобере рајата. Па нема ваљда да дојдам на време и сам да седам таму. Зависи од приликата. Ама кога се договарам со еден човек тогаш идам навреме и очекувам тој/таа да дојде навреме исто. И ако не дојде невреме, нормално, се лутам.
 
"The trouble with being punctual is that there is no one there to appreciate it!"
-Franklin P. Jones
 
Доблест е, затоа што во 99% од времето сум точен освен 1% коа сум нетачен и доаѓам порано :pos:.
Кога се договарам со водкамикс за негде секогаш му кажувам пола саат порано дека сум стигнат и го чекам, затоа што ако се чекаме у 10 саат во градски парк он во 10 саат излага од дома и кога да му се јавиш ти вика за 2 минути сум таму.
 
Абе доблест е да си точен..Ама јас имам проблем со тоа..Колку и да излезам порано ама нема шанси да не закаснам..нема...Или пак никогаш не сум сосем точна или ќе сум порано или ќе сум покасно..Но во најголем случај е ова второво...
 
па според мене е доблест затоа што не ја поседувам.............секогаш,,,ама баш секогаш каснам без разлика каде и да одам мноогу ретко се случува ако се спремам порано да излезам на време........е има само еден исклучок..за автобус никогаш неможам да каснам зашто знам дека само тој нема да ме чека:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 
Doblest definitivno,alal neka im e na tocnite :)
 
За мене до скоро да се биде точен беше недостижна уметност. Али од ден на ден сум се` подобра и подобра! :pipi:
Само понекогаш каснам, чисто колку да не заборавам како се преше тоа. :kez:
 
Доблест е дури и по цена другиот да касни, си имаш екстра време да размислиш каде, колку време и како со кој. Доблест која ја поседувам од проста причина што мразам трошење време а трошење време на блискиот/пријателот е знак на непочитување.

Кога се договарам со водкамикс за негде секогаш му кажувам пола саат порано дека сум стигнат и го чекам, затоа што ако се чекаме у 10 саат во градски парк он во 10 саат излага од дома и кога да му се јавиш ти вика за 2 минути сум таму.

Хах, и јас правам вака со една другарка, со таа разлика што и` кажувам 15 минути порано, а не 1/2 саат. Некои луѓе едноставно секогаш доцнат, па снаџи се па живи. :kafe:
 
никогаш не доцнам, дури доаѓам предвреме....и многу се нервирам кога некој друг доцни...значи дефинитивно доблест
 
100% доблест. Не за друго, туку ако си точен/-на, од тебе може да научат многу и другите. Значи, им служиш и ним како пример и кој си го цени мозокот, ќе го цени и тоа.

Значи, кај што си ги редиш сите работи на време, па уште и на другите им укажуваш како треба и тие да си ги средат нивните. Двојна добивка.
 
Дефинитивно доблест. Најмногу што мразам е да каснам некој да ме чека, порадо јас би чекала..али сепак сметам дека е неодговорно од страна на една личност да доцни...Никогаш не каснам, ретко ми се случило, али сигурно поради некоја оправдана причина!
 
Па доблест нормално, ама колку и да стигнувам на време исто толку и каснам, значи знам да дојдам точно у секунда на време ама знам и да закаснам и по 15 мин што посебно ме нервира. Повеќе се нервирам од што знам дека некој ме чека, ама чудно имам живци да чекам.
 
Јас секогаш сум точен одам најмалку 5 минути порано кога сме договорени за некаде.. освен во школо кога сум сабајле точно во 7:30 сум таму колку што е можно помалку време да поминам во него :pos2: за мене е доблест :).
 
Секогаш пред време стигнувам на договореното место и стално се нервирам што сите каснат ама кога ќе се собереме ќе ми помине лутината и како ништо да не било:toe:
 
Доблест е ,логично е да бидеш точен кога ти врие под нозе за некоја работа,зделка,прв впечаток кај партнер и слично. За друго е маана,оти вените ќе ти попуштат од чекање,а никој нема да те праша-од кога си тука?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom