Многу брзо се приврзувам за личности и за места.
Порано не бев таква, ама сега..
Многу брзо се приврзав за новото школо, после 5-6 дена од почетокот на годината, на првиот викенд, веќе ми фалеше. И сега е така...неиздржувам без тоа место таму. Ме потсеќа на добри луѓе, на убава атмосфера, убаво ми е кога сум таму, дури и да нема никој.
Исто и за личности многу се приврзувам. Не сум од оние што не ти го знаат името, а со тебе седеле некаде и правеле многу добар муабет. Да, убава вечер, убав муабет, пријатни луѓе, ама после 5-6 дена ја сретнуваш истата личност низ улициве, и не ја поздравуваш. Не сум од тие. Па што ако не и го знам името на личноста, сум имала убав момент со таа личност еднаш во животот, и не вреди таквиот момент да се заборави, а не па личноста која го наравила да биде таков. Колку-толку, малку, но сепак ми значи нешто.