Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
коа ке пораснам заминувам за америка и не се враќам:salut:
 
Ако си способен за учење и за работа би заработувал добро и овде, во Македонија, со што автоматски ќе заработуваш добро и ќе имаш добар живот.
Единствено што може мене да ме натера да се иселам од Македонија е општо подобрите услови за живот во поразвиените држави. Уредните градови, средените и функционалните институции, без разлика дали се приватни или државни кој во Македонија тоа го нема.
 
Би заминал ДА,само во случај да имам отворено пат или иднина во некоја од државите на Балканот или подалеку.Или ако во нашава држава неможам да просперирам.Но ако тука сум на супер поле или прилично богат-НЕМА ШАНСИ да ја напуштам земјава!
 
Понекогаш сакам да заминам, ама кога ќе размислам дека се што имам ми е во оваа земја (Фамилија, другари, женски, се што ме исполнува ...) и дека нашите предци се бореле да живееме во своја држава, кога сме ја немале, сметам дека ние сега сме должни сами да работиме да си го подобриме животот тука, и да не бидеме кукавици што не може да останат во својата родна земја. Може ви личи на застарено сфаќање ова, ама сепак македончето по традиција е издржливо па може да опстане и во вакви услови (било и бетер).
 
Ако имам потреба би заминало, доколку немам никогаш нема да ја напуштам мојата сакана ТАТКОВИНА!!!!!!!!:oeoeoe:
 
Со оглед на тоа што моментално сум во странство(Америка) и тука сум веќе 5 месеци а ми останаа уште 5, Македонија ми фали премногу, не можам ни да ви објаснам со зборови колку сакам да се вратам...Сфатив дека ние сме многу паметен народ, а имам добиено и коментари како на пр. "I would like to be born in another country, you people are so smart"...мислам, hello??? Го променив начинот на живеење тотално и најубав дел од денот ми е кога моите или другарите ке ми се јават... Не би останала тука да живеам иако имав неколку можности... Зошто? There is no place like my beautiful Macedonia!!!!


И јас сум во странство ама поблиску па имам можност да се враќам во Македонија, тука сум од септември, веќе еднаш си бев дома и ќе си одам наскоро пак. И исто, и мене најубав дел од денот ми е кога ќе зборувам со домашните, со другари/ки, со дечко ми... Ама сфатив дека не е Македонија тоа што ми недостига, туку луѓето кои ги сакам и ме сакаат таму. Инаку, да бидеме реални, можности, среден живот, функционални институции... Тоа е само дел од она кое го има овде, а дома го нема. Не знам уште дали ќе се враќам за живеење во Македонија, тоа ќе зависи од еден куп нешта и не можам да ги предвидам сите (особено не личните прилики), ама за сега... Македонија ми изгледа како совршена за одење на одмор, да се исповидиш со сите, да си поминеш најубаво, ама со броени денови... Не сум сигурна дека сакам да работам таму...
 
Jас би сакал да ги посетам далечните мистични места, Кавадарци, Кочани, Демир Капија... да ги видам домородците, нивната култура....
Еднаш бев во Прилеп и многу ме бендиса, а планирам на крајот на летото ко ќе подолабават работите в поле да слезам уше еднаш в Ресен.
 
Само да ми се укаже прилика да одам во странство, одам и не се враќам.
 
Не би заминала. само на одмор, или на гости, ама да знам дека кај и да е се враќам дома. носталгичарка максимално сум. Дури некогаш на одмор кога сум ми се плаче.
 
Да, бидејќи со енергијата што ја вложувам овде за најбанални работи, во некое нормално општество планина ќе поместев досега, но не би заминала по секоја цена. Ова нема врска со љубовта кон татковината, туку со егзистенцијата. Инаку, си ја сакам Македонија, мислам дека е рај на Земјата, штета што ја трошат морони од политичари (да бидам праведна, чест на исклучоците).
 
Би заминала во странство истиот момент кога би ми се понудила шанса нема да размислувам двапати.Сите се правиме патриоти и велиме дека ја сакаме земјата и јас ја сакам сите ја сакаме али од љубов кон неа не се живее туку се живее од пари кои тука ги нема.и во странство можда не е нај нај и таму има црни дамки и не е се така розево ама таму барем знаеш работиш и добиваш пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom