Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
Мистичен напиша:
Други времиња беа тогаш. Во тоа време и тука секој можеше да има куќа. Ама ако си сигурен во тоа што го тврдиш, што чекаш, што не заминеш? И најчудно, ако така се праат 5 куќи, роднините твои што не те повлечат да напраите 10?
Сакас виза, мора копаш, не копаш, нема виза. Не ми даваат виза, да ми дадеа толку лесно виза до сега заминат ќе бев
 
Странство немат шанси. Си ја сакам земјава и не одам нигде од неа (засега) хехе
 
Да можете да заминете странство во овој момент, дали би заминале...
На прошетка, без размислување, а да живеам, никако.

Да ви ветат работа, пристојно живеење...или би останале тука и би ја граделе својата „империја“ во Македонија?
Прво, не верувам во бајки за да поверувам во нечие такво ветување. Второ, и кога би верувала, дефинитивно не е тоа за мене ... својата империја сум почнала да ја градам тука, тука ќе ја продолжам, унапредам и завршам. Имам доста блиски по светов, па знам колку е "убаво" да имаш пари и ништо друго, иако и по парите баш не сум лакома. Исто и јас сум имала повеќе шанси да заминам надвор, но строго ги одбив, а така ќе биде и ако ги имам повторно некогаш. Си ја сакам државичкава каква-таква, тука сум се родила, тука ми е се` и сите што ги сакам, па не би издржала да останам без тоа само за пари кои ќе ги заработувам црнчејќи по цели денови.

Народот овде што живее ...за ништо не го бива...и да почнам нешто, за инает ќе пронајдат начин да ти ја урнат среќата...
Ова ти е повеќе од точно, ама зошто не си фраер па да ги зае*еш таквите со тоа што ќе останеш, ќе створиш повеќе од нив, па после тоа од повисока скала, со поголема среќа да им се насмевнеш? Мене и во депресија знаат да ме паднат таквите створења, ама па после тоа, уште порешителна сум за се`што правам, а им смета ... туку таквите луѓе ги има секаде, така да, не е тоа доволна причина да се замине ...
 
НЕ !!! Никако не заминувам од тука ... Јас на одмор ќе отидам па ме фаќа носталгија за блиските, за Скопјето, а не пак негдека подалеку. Сите ми викаат што си будала, да ти пратат гарантно писмо што и иди си и така имаш кај да одиш, ама незнам се плашам од самотија, од сето тоа што го има таму, а го нема тука и обратно ... Не ја гледам иднината во странство, ја гледам тука ... Џабе ми е и работа и пари и се кога ќе го немам сето тоа што сум го градела тука цело ова време ... И во Македонија можам да си најдам асална работа, каква и да е, ама не идам нигде, па и пари да ми даваат. А за одмор негдека Куба пр. одма идам ама не повеќе од 7-10 дена . :helou::helou::helou::helou::helou:
 
абе хоум свит хоум...каде и да одиш али најубаво дома кога ке се вратиш..да шетам да патувам секаде...да...но да живеам без лугето кои ме опкружуваат ме сакаат и јас нив никако!
 
Некаде 25-6 години се таму, ама сепак повеќе пари има таму од колку тука нели?
 
JuveFan напиша:
Некаде 25-6 години се таму, ама сепак повеќе пари има таму од колку тука нели?

А зошто ги ставаш парите на прво место? Според тебе, се` треба да се преживее за нив?
 
Во Шбедска има една битна разлика од Македонија и тоа е социалната грижа , има за секој . Никогаш нема да останиш ни гладен ни страден , да помошта е намалена и не се живее како цар , ама имаш основата .За невработен, за болен , за бездомници , алкоси на сите се помага . И да не ги забораваат програмите и поволните кредити за школованје на било која возраст . Има за сите..
Друга разлика се можностите за успех , каде полесно е тука да успееш и да опстаниш од колку во зафркната средина како во Македонија .
Друга предност е шетанје ,сакам на викенд Шпанија , ријан аир и картата со се такси е 50 евра , а од Македонија де треба виза но и многу повеке кеш.
Во странство фали срдачноста која до душе се повеке и повеке се губи и во Македонија , така да ке си живееш со полн фрижидер и без гајле но мегу зоомбиес.
 
Ако човекот го бива ќе се снајде за опстанок и во една и во друга средина. Разликите во квалитетот на живеење е сепка е очигледен.
Само да карикирам во Македонија ќе имаш порелаксирана работна околина 4 недели одмор кои може да ги потрошиш во излагање по кафани и дискотеки, евентуално по неокј излет, ако отидеш на шопинг до солун „на коњ си”, додека тука во германија, ќе имаш ефективни две недели и доста прецизни и однапред испланирано работно темпо (кое најчесто е брзо) , али тие 2 недели можеш да ги искористиш во едриличарење по грчките острови со изнајмен едрењак.
Менталитетот на луѓето не го коментирам пошто секоја особа е различна и зависно од тоа може да му одговара односно не одговара менталитетот односно начинот на живот на „туѓинците”.
За да не срипате, кај мене бидејќи стои науката во преден план ,бидејќи од неа има придобивка целото човечштво а не само Македонија сум навор на студии, и постои можност да моето понатамошно работење во сферата на науката да не биде во Македонија бидејќи едноставно сеуште нема реални услови за да би ги постигнал моите цели, но во моментот каго што би се создала можност да ја имам истата работна и евентулно истражувачка ефективност во Македонија како што би имал на страна, веднаш би се преместил во Македонија па макар и по цена на понизок стандард на живеење, бидејќи лично не барам премногу материјално богатство во животот.
 
Со „од овој народ ништо не бива“ мислев на простотилокот кој владее...

Можеби има МНОГУ интелектуалци во државата, кои да речеме се „ескперти во својата струка“, но зависта, суетноста, нискиот морал...склоноста кон „да му умре на комшијата магарето“ веќе е ПРЕ раширено.

И што со тие што сакаат да останат?
Во што гледате светла иднина овде, кога сте окружени со такви морони?

Да, на запад не течи мед и млеко, но барем трудот се вреднува и имаш право да го собериш плодот на твојот труд!
 
Volkswagen напиша:
Со „од овој народ ништо не бива” мислев на простотилокот кој владее...

Можеби има МНОГУ интелектуалци во државата, кои да речеме се „ескперти во својата струка”, но зависта, суетноста, нискиот морал...склоноста кон „да му умре на комшијата магарето” веќе е ПРЕ раширено.

И што со тие што сакаат да останат?
Во што гледате светла иднина овде, кога сте окружени со такви морони?

Да, на запад не течи мед и млеко, но барем трудот се вреднува и имаш право да го собериш плодот на твојот труд!

Разбрав на што мислеше со тоа дека од овој народ ништо не бива ... тука живеам и јас и многу ми е јасно тоа, како што кажав.
Туку на запад се вреднува плодот на твојот труд, но ништо освен тоа немаш ... тука барем имаш неколку блиски луѓе, семејство со кои ќе се видиш, излезиш, развеселиш итн ... таму ваквите наши секојдневни дружења ги нема, а јас сум просто зависна од нив. Ти ако не си, цела процедура ти е полесна и со среќа нека ти е ако си успееш ... :salut:
 
Секогаш важи правилотот: потребни се 100 учени луѓе да ја исправат грешката на еден неук или подобро кажано една будала.
Решението е да им се укажува на сите кои сеуште се робови на на лошиот менталитет дека ако го сменат начинот на размислување, дека и тие и ние подобро ќе живеме.
Бегањето од ваквите проблеми не е решение на самите проблеми.
 
Ако ме покани Pearl или ако ме земе под свое би заминал, зошто да не.
Не дека овде нешто ми фали ама зошто да не идам да сменам нешто, да пробам нешто ново, нешто не секојдневно.
А муабетот за народот наш и народите надвор нема везе. И тие се исти како нас, само со малку поинакво образование од нас, па тераат поинаку.
Инаку сите исто какаме сите исто други работи правиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom