Дали би се мувале со некој/а, доколку знаете дека тој/таа има девојка/дечко?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ambrosio
  • Време на започнување Време на започнување
Па пред да ми се случи мислев дека не би се мувал со некоја што има дечко, ама бидејќи ми се има случено не важи ова правило. Девојчето баш ми се свиѓаше и немав појма дека има дечко, ама во текот на муабетот со неа го дознав и тоа. Е сега проблемот беше во тоа што и јас на неа и се допаѓав па не можеше да се воздржи :). Иначе воопшто не ми беше грижа бидејќи додека се мувавме на неа и заѕвони телефонот и она мртва ладна ми вели: застани малку да се јавам ме бара дечко ми :kesa:. Значи кога на неа не и сметаше, не гледам зошто би ми сметало мене.
Ама да му е девојка на некој мој другар никогаш не би го направил тоа.

Што ако се заљубиш?Бидејќи се започнува со игра и потоа се појавуваат емоции,а она е веќе туѓа.Ќе ти биде сеедно кога ќе заѕвони дечкото нејзин?
Те прашувам,бидејќи имав пред свои очи случај.Он се муваше со неа,а она имаше долга врска со друг.Типот се заљуби со текот на времето и веќе не му беше сеедно да слуша како она на својот дечко пред спиење му вели:те сакам.За да испадне покрвава и попатетична приказната,на крајот му соопшти дека е трудна и дека ќе се мажи за дечкото:)Да видите како човек пропаѓа од љубов.
 
Toa sto si e moe moe si e i nesakam nekoj drug da go cepka moze zvuci posesivno no taka ja mislam i veruvam deka ima i drugi koi mislat taka. Nitu cepkam tugo nitu sakam da mi cepkaat
 
Не неверувам дека би го направила тоа, сепак ако тој сака толку да има нешто со мене тогаш ќе си раскине со женската, ако пак сака да биде со неа нека биде нема зошто јас да се мешам во нивната врска. И ако е некој кој многу ми значи го сакам и слично мислам дека не би го направила тоа, бидејќи секогаш премногу размислувам за тие работи и гледам да се однесувам разумно а не така како што вели срцето. Сепак НЕ не би се мувала со некој кој има девојка, ноо никогаш не викај никогаш. (се надевам нема да се доведам до таква ситуација)
 
Јас не, затоа што мојот морал и етика сега за сега се развиени до таа точка да не бидам дел од разно разни зулуми кои вклучуваат такви постапки.

Ако ми се претстави или пак го знам како веќе зафатен, не фала.
 
Како бре уживате додека сте со него, а сабајле бил со неа па вечер пак. Нели ви смрди малку на туѓо?
 
Како бре уживате додека сте со него, а сабајле бил со неа па вечер пак. Нели ви смрди малку на туѓо?


Ваљда појако смрдат и се неутрализираат.
 
Јок.
Како прво не би било фер воопшто спрема неговата девојка,без разлика на тоа што он е во врска со неа,а не јас.Знам како би ми било на мене на нејзино место и затоа не би се смувала без разлика колку и да ми се свиѓа типацот.
Има милијарда слободни други,не е само он.Едноставно не сум таков тип на личност и знам дека ако се смувам со него дека се поголеми шансите да се затрескам,што не би било убаво.
Единствената повредена тогаш би била јас,затоа што самиот факт што тој е со неа кажува дека ја сака неа,а не мене,а за една ноќ авантура...Не ми треба.:toe:
 
Како бре уживате додека сте со него, а сабајле бил со неа па вечер пак. Нели ви смрди малку на туѓо?

Кога гледаш така, треба да и` смрди на таа што е со него во врска.
Девојката која што се мува со него, ако е доволно паметна нема да си дозволи да и` се создадат чувства спрема него за да не и` пречи фактот дека тој официјално е со друга, за што била свесна уште на почеток кога “се согласила“ да ја игра играта без било какви продлабочувања на односот. :)
 
Ако дечко и не ја задоволил би се мувал(ах го мразам зборов) зошто да не...ама пак некако глупо ми е...совеста, моралот...
 
Ја не би,знам како би ми било девојка ми да ме извара,најгрдото нешо у свет
 
Што ако се заљубиш?Бидејќи се започнува со игра и потоа се појавуваат емоции,а она е веќе туѓа.Ќе ти биде сеедно кога ќе заѕвони дечкото нејзин?
Те прашувам,бидејќи имав пред свои очи случај.Он се муваше со неа,а она имаше долга врска со друг.Типот се заљуби со текот на времето и веќе не му беше сеедно да слуша како она на својот дечко пред спиење му вели:те сакам.За да испадне покрвава и попатетична приказната,на крајот му соопшти дека е трудна и дека ќе се мажи за дечкото:)Да видите како човек пропаѓа од љубов.

Најверојатно не би ми било сеедно и доколку би се заљубил во неа сигурно не би дозволил нашиот однос да се сведе исклучиво на мување. Од друга страна пак и од неа ќе зависи дали нешто ќе се смени или не. Доколку не сака ништо повеќе од мување џабе е се. Но сепак мислам дека ако свесно одиш со намера да се муваш, значи свесен си дека тоа нема да прерасне во нешто повеќе (макар што никогаш не се знае) а и не посакуваш ништо повеќе од мување со неа, нема да дојде до заљубување.
Бтв. Подалеку од вакви и слични случаеви (мислам на тој што го наведе ти).
 
Со задоволство ептен голем кејф ке си направам:vozbud::vozbud::drk:
 
Да,ако типот не ми некој близок....И всушност јас него му ги отварам очите:), а и плус, ако веќе таја сака да и забега газето, ако не сум јас ќе биди некој друг:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom