Лас Вегас е срање во боја не би го посетил ни ако се ми е платено како наградно патување или одмор, а пак не пари да давам за таму.
Тоа не е за мене ја би искрено би ја шетал Индија цела.
Сум бил во Индија, јака работа е, но Лас Вегас е еден од најјаките градови за неколкудневен провод. Конкретно:
1. Има најдобри ресторани и барови на светот.
2. Има многу јаки претстави и концерти во секое време. Секогаш има некакво шоу со најдобрите маѓионичари, комичари, циркуси итн.
3. Има уникатни изложби на уметнички слики како на пример во хотелот Белажио.
4. Има забави преку целата ноќ (може треба да си поканет), но градот односно туристите не спијат.
5. Хотелите се супер и релативно евтини, секогаш има зделки. Секогаш има некакви фори пред и во хотелите. На пример вулканот пред хотел Мираж експлодира на секој саат и тоа со сите керефеки, додека фонтаната што игра пред Белажио е ремек дело, во Венецојанецот можеш да пловиш на гондоли, а на бродот во вештачкото езерото пред Трежр Ајленд има цела театарска претстава со пирати, итн.
6. Имаат најубав трговски центар. Мојата девојка тогаш, инаку битолчанка, БУКВАЛНО падна на дупе кога го виде.
7. Има неколку јаки екскурзии од Лас Вегас -- можеш да одиш на Големиот кањон во Аризона (со автобус или хелихоптер), или на браната Хувер.
8. Проституцијата е легалзирана на посебни ранчови (не препорачувам).
Има и негативни работи. Сепак е пустина и страшно е топло. Сепак е вештачка атмосфера и не е за секого. Градот се повеќе бледнее бидејќи коцкање сега има насекаде, а Вегас е далеку. Но вреди да се посети неколку дена.