Дакар рели (2012)

  • Креатор на темата Креатор на темата Guljo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 јули 2008
Мислења
24
Поени од реакции
0
Тема за сите љубители на Дакар релито :)

Барав по интернетов деновиве ама не можам да најдам на која телевизија ке даваат. Зошто порано даваа на а1. Ако има некој информација нека каже:
 
mislam porano go imase na Eurosport valjda i pak ke davaat se nadevam ke nema zrtvi godinava inace cela godina se ceka ovoj nastan bar od mene :)
 
Да на еуроспорт некаде кај 11 вечерта мислам.
 
Подгответе се за Дакар 2012

Уште само малку време не дели од почетокот на 33-то издание на релито Дакар кое ќе се одржи од 1 до 15 јануари 2012. Поделено на 14 етапи, на 1 јануари релито ќе го започнат 465 возила во 4 различни категории (мотори, автомобили, камиони и моторцикли на четири тркала ), што е за 15% повеќе од претходното издание.
Logo_Dakar_2012.jpg
За разлика од минатата година, кога релито се возеше само низ Аргентина и Чиле, во 2012 година учесниците ќе поминат низ три држави. Аргентина, Чиле и Перу. Стартот на релито ќе биде во Мар де Плата, Аргентина за да продолжи во Чиле и последните три етапи да завршат во Перу. Релито Дакар или оригинално познато како „Париз- Дакар“ започна да се одржува во 1979 година и се до 2007 година релито се одржуваше на европско и африканско тло, но во 2009 година беше префрлено во Јужна Америка.
Дакар 2008 кој требаше да започне од Лисабон беше откажан на само еден ден пред стартот поради страв од можни терористички напади врз учесниците. Со новата локација, учесниците, фановите и наредната година очекуваат нови возбудливи мигови. Дакар 2012 може да започне.

Одвај чекам возбудата да почне... :D
 
Да на еуроспорт некаде кај 11 вечерта мислам.
Според програмата на британскиот еуроспорт таму ќе почне да се емитува од 21:30 британско време значи кај нас ќе почне од 22:30.
 
Shteta najdobriot vozac na site vreminja
Епа 40 години е неможе да се држи темпо,ајде да возеше автомобил лесно* е,ама да се одглавува и да се менува гума на камион не е лесно.
*На Дакар ништо не е лесно но потешко е да се натпреваруваш со камион отколку автомобил.
 
За жал лош почеток на релито.. :/

Недела, 01 Јануари 2012 18:33
Триесет и осумгодишниот аргентински мотоциклист Жорге Мартинез Боеро загина за време на првата делница од Мар дел Плата до Санта Роса дела Пампа на штотуку започнатото Рели Дакар.


jorge.jpg
Брзата спасувачка интервенција на медицинските екипи не беше доволна за да се спаси животот на мотоциклистот и да се спречи уште една трагедија на Дакар.

Боеро починал по падот на два километри од завршувањето на првата етапа од 33. издание на Дакар.
-По несреќата, мотоциклистот беше жртва на срцев удар, велат организаторите, кои додаваат дека Аргентинецот бил спасен со хеликоптер само пет минути по несреќата, но починал на патот кон болницата




ИЗВОР: http://kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/55556-Zagina-motociklist-na-relito-Dakar
 
Добро бе која е поентава на реливо кога секоја година има жртви... Сега уште проширено на високи надморски висини во Перу...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom