Да не те инспирира најавата за емисија (која оди на Канал5 ми се чини) а ја третираат проблематиката од земјоделството! Ја гледав најавата и јас. Велат со инвестирање во оваа култура еден декар по 3-4 години почнува континуирано да носи 700-800 Евра, доколку лешникот ја задржи оваа цена. Значи хектар 7-8,000 Евра... без некое предходно искуство и знаење. Интересно! Но уште поинтересно би било да чуеме колкава би била почетната инвестиција за 1 Хектар да речеме. Натаму што други трошоци или ризици има. Какво земјиште е погодно? Планинско или низинско... на пр може ли во Катланово, или пак мора да биде нешто повисока надморска висина, црногорието - Бродец на пример или што знам каде.... Дали некој знае кога оди на телевизија оваа емисија? И се разбира.... ако знае за лешниците уште подобро!