Да се биде, значи да се биде забележан

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Сега јас да Ве прашам онака филозовски мислите ли дека постоите и дали треба да сме забележани за да сватиме дека постоиме.Што би рекла по народно што да сторам за да останам запаметен?Зарем потребно е сето тоа?Потребно ли е самодокажување?Или се правам за да оставам трага на моето битисување...

Ова овде кога би го додале на изреката на Рене „Мислам,значи постојам”тогаш би почнале да се вртиме во круг!
И едното и другото е постоење само по себе, разликата е во интензитетот на тоа постоење. Постоење и перцепирање по мои сопсвени и индивидуални критериуми (изолирано постоење)-е еден тип на постоење. Претежно мисловно и субјективно.
Другиот тип на постоење е доживување на себе и своите постапувања преку другите и натпреварување со нив. Џанам пообјективно, не мора да значи.
Суштината на прашањето допира до еден од обидите да се дефинира смислата на животот. А тоа е пази сега, (колку досаден коментар релативно и индивидуално. Ама и не е ако си голем философ, кој ќе биди убеден како е работата, или барем ќе си истера една философска концепција.
Јас -философот сум практична и буквална и не мислам дека ако некој не ме збележал дека не постојам. Луѓе кои не постојат, најверојатно и ме оговараат. Ама ќе се сложам дека постојат енергетски нивоа на постоење (си уфрлив термин). Некој постои повеќе, некој помалку.
 
Повеќе би се сложил со Џорџ Беркли, бидејќи забележани се сигурните во себе, оние кои не се плашат од нивните постапки, и оние кои имаат доток на постојана „позитивна“ енергија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom