Да се биде Alpha мажјак и Alpha женка!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Возраст
39
Верувам сите сте се судриле со овој проблем, а и сигурно на форумов.

Под алфа (мажјак/женка) во животинскиот свет (вклучително и ние) значи првиот,најдобриот во групата. Како критериуми се земаат, најчесто почитта од другите, кај некои животни и физичката големина, привлечноста итн.

Но, да не навлегувам во...останатото животинско царство, да преминам на она најниското* човекот.

*Намерно најниско алудирајки на нешто друго не на биологијата :)

Колку често се судирате со овој факт, да бидете најдобри во нешто, подобри од останатите? Не зборувам за конфликт со останатите, туку зборувам за конфликт во вас самите.
Поубаво кажано, еве прост пример, колку „зеленки“ сте освоиле, колку „сонца“ имате, колку ве посакуваат во темата „Со кој/која од форумот сакате да се запознаете?“.

Дали мислите дека тој, условно кажан комплекс „Алфа“ ако можам така да го наречам, влијае на вашите ставови, постови и општо, однесување во секојдневните соочувања со останатите луѓе?
 
...

Што во превод би дошло колку сте арогантни?
estuntih2.gif

Не сум арогантна личност, бар за тие што добро ме познаваат, не ми е битна репутацијата, туку зборовите што одат заедно со неа.
Сакам да запознавам само луѓе кои ми се интересни и битно ми е само нив да им бидам интересна.

Нема голема философија во арогантноста ... небото е високо, падот е уште поубав, само зависи дали ќе те чекаат перничиња или цврсто тло.
 
Ова значи само за форумот се збори? ок

Ништо не ми е битно, можеби некое зеленко ќе ме расположи и ќе видам дека стварно некој го прочитал мојот пост и толку. Моите ставови се тие и не ги менувам, никој и ништо не влијае на нив освен книгата која ме образува. Комплекс „Алфа„ ? Хмм не постои тоа за мене.
 
Убаво кажав дека не е само за форумот. Форумот е даден како пример...
 
Не патам од такви комплекси,ама ме нервира кога "фанатици" ми даваат "црвенки",затоа што не им одговара моето мислење посебно на религиозен план,а не сфаќаат дека тоа не е навреда,туку лично и персонално мислење.
 
Ма не сум бил Алфа и никогаш нема да бидам...а не ме интересира нешто посебно тоа...ма глупости бе.Јасно дека секогаш некој мора да се издвои како водач во друштвото,ама мислам дека ако веке ја имаш таа особина,не треба да ја користиш за поставување на строг авторитет врз другите,туку треба баш со тоа да им влееш доверба во нив и да се осекаат дека има некој кој е во можност да им помогне во случај да имаат потежок проблем...
Сепак,во тој случај постои негативност.Се почнува некако да се врти околу тебе,мораш да ги вршиш значајните одлуки,да разрешиш конфликти...има премногу притисок и со тек на време свакаш дека сето тоа многу штетно ти влијаело на квалитетот на животот.Ама јебига,некој мора да ја направи таа жртва нели...
 
Секогаш се трудам да избегнувам ситуации кога јас сум алфа...многумина тоа ми го прпепишуваат но понекогаш и многу пречи..така да подобро е од позадина...а секој сака кога го читаат и цитираат но да паѓам во несвест или по секоја цена тоа да го добијам...не фала
 
Да, подобро е некоја средина на работите, не сакам ни јас да бидам точка на случувања и некое си „Алфа„ убаво си кажа:helou:
 
За кој може тоа да го поднесе,убаво е да си Алфа. Ама тоа важи за оние со силен карактер,кои ретко прават грешки и сл,зошо ако не и на оној негативен начин се пак во центарот на вниманието. Затоа викам,убаво е ама кој може да се носи со тоа. Јас за мене мислам дека немам потреба од такво нешто,пошо сакам да си праам погрешни работи,а нејкам никој да ми суди. А немам ни потреба да се фалам за убавите работи што ги правам....
 
Убаво е да бидеш на средина, или да не бидеш ниту најдобар ниту најлош. Но сепак ќе постојат одредени ситуации кога сакалче или не ќе постои некоја рабора, некој збор нешто што ќе ве издигне над другите. Или пак ќе постои нешто што толку многу ќе ве уништи што ќе спушти на самото дно.:toe:
 
Животот знае да донесе многу воздигнувања и многу разочарувања. Со првото лесно се снаоѓаме меѓутоа второто ептен не прави да бидеме даун... колку би било убаво да си имаме некоја златна средина, меѓутоа тоа би било совршено и нема да ни биде толку интересно.
А конкретно за да бидеш алфа во некоја област, мислам дека тоа само со себе носи некоја одговорност и треба посериозно да гледаш на некои работи. Затоа не сакам да бидам алфа затоа што е поубаво на сите работи да им пристапувам со мала резерва....
 
Сакам да бидам најдобра што можам, да знам дека сум дала максимум што можам. Освен тоа не ми е важно каде тоа ќе ме стави. Ако сака нека е и на последно место, јас ќе знам дека сум била најдобра за себе и тоа е се што треба да знам. :)
 
Верувам сите сте се судриле со овој проблем, а и сигурно на форумов.

Под алфа (мажјак/женка) во животинскиот свет (вклучително и ние) значи првиот,најдобриот во групата. Како критериуми се земаат, најчесто почитта од другите, кај некои животни и физичката големина, привлечноста итн.

Но, да не навлегувам во...останатото животинско царство, да преминам на она најниското* човекот.

*Намерно најниско алудирајки на нешто друго не на биологијата :)

Колку често се судирате со овој факт, да бидете најдобри во нешто, подобри од останатите? Не зборувам за конфликт со останатите, туку зборувам за конфликт во вас самите.
Поубаво кажано, еве прост пример, колку „зеленки“ сте освоиле, колку „сонца“ имате, колку ве посакуваат во темата „Со кој/која од форумот сакате да се запознаете?“.

Дали мислите дека тој, условно кажан комплекс „Алфа“ ако можам така да го наречам, влијае на вашите ставови, постови и општо, однесување во секојдневните соочувања со останатите луѓе?
Да се биде алфа мажјак/женка, како прво само по себе носи многу голем товар. Да речеме во животинскиот свет, алфа женката е онаа која се грижи за сите малечки на другите женки од групата, додека пак алфа мажјакот е оној кој на свој терет ја носи целата група, и треба да ја брани од се’, па макар тоа било и со неговиот живот.
Алфа комплексот, ниту во минимална мера не треба да биде застапен на форумов затоа што предизвикува напнатост и одбивност помеѓу форумџиите.
 
..вооооооооов.Алфа :pos2:

Когај стануа збор за форумов,па зеленко наравно дека ти подига самодоверба.Знаеш некој го прочитал и му се допаѓа твојот пост.Но дали тоа те прави алфа???
А кога станува збор за животот(надвор од форумов) да. Кажано да.Ама се со тек на време проаѓа.Зашто се сваќа дека цело време не можеш да бидеш алфа.Секогаш се наоѓа некој/а подобра и едноставно ти го зазема алфа местото
 
Ако се цени по физичката големина и сила сум :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom