Да објавиме војна!

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Револуционери, кај сте бе?

Ех, сите сте биле ко Гоцета изгледа. Чекале 500 години, па рано им било. И вас ви е изгледа.
 
Почнав да ја читам темава од првото мислење, и не забележав дека е три години стара... Ова е историски документ, вистинска реликвија. И од нејзино согледување излегува дека сето тоа што било напишано пред три години било попусто....

Три години од повикот за разбудување на младината и дигање на нејзината свест.
Што е напишано после тие три години?

Фрази од типот:
„Ајде бе војна ќе сме воделе, нас за ништо не не бива...“
„Народот е глуп, џабе е се’...“
„Абе гледајте да легнете нешто вечерва, шо се замарате со глупости...“

...олицетворение баш на она против коешто повикувал Wolkswagen.

Народот е глуп, да, ама не затоа што не може да разбере, туку затоа што не сака да разбере. А зошто не сака да разбере? Затоа што е бомбардиран од сите страни со информации дека ако прочита книга ќе му се смеат; ако направи нешто добро за општеството а не за себе е глупав; ако постапува чесно е смотан итн...
Секогаш има некој кој сака народот да е глуп. Народот го тупчат толку време, што веќе нема потреба за интервеции од трето лице. Нашето општество веќе самото се убива. И затоа манипулира со него кој ќе стигне.

Еден од 10 е свесен за срањево во кое се наоѓаме. Еден од 100 прави нешто!
Оваа „војна“ не се води на бојно поле, оваа се води во друга димензија. Промена на менталитет не е процес кој се свршува за неколку години, како Втората светска војна. Ова може да трае со поколенија. И овде војната не ја водат војници. Секој еден од нас е воин. Секој којшто разбира нешто може да го шири моралот. Некои ќе ве сметаат за луд, некои за глупав, ама некој ќе ве разбере. И ако тој го продолжи процесот, мислата се шири, уште има надеж...
 
Почнав да ја читам темава од првото мислење, и не забележав дека е три години стара... Ова е историски документ, вистинска реликвија. И од нејзино согледување излегува дека сето тоа што било напишано пред три години било попусто....

Три години од повикот за разбудување на младината и дигање на нејзината свест.
Што е напишано после тие три години?

Фрази од типот:
„Ајде бе војна ќе сме воделе, нас за ништо не не бива...“
„Народот е глуп, џабе е се’...“
„Абе гледајте да легнете нешто вечерва, шо се замарате со глупости...“

...олицетворение баш на она против коешто повикувал Wolkswagen.

Народот е глуп, да, ама не затоа што не може да разбере, туку затоа што не сака да разбере. А зошто не сака да разбере? Затоа што е бомбардиран од сите страни со информации дека ако прочита книга ќе му се смеат; ако направи нешто добро за општеството а не за себе е глупав; ако постапува чесно е смотан итн...
Секогаш има некој кој сака народот да е глуп. Народот го тупчат толку време, што веќе нема потреба за интервеции од трето лице. Нашето општество веќе самото се убива. И затоа манипулира со него кој ќе стигне.

Еден од 10 е свесен за срањево во кое се наоѓаме. Еден од 100 прави нешто!
Оваа „војна“ не се води на бојно поле, оваа се води во друга димензија. Промена на менталитет не е процес кој се свршува за неколку години, како Втората светска војна. Ова може да трае со поколенија. И овде војната не ја водат војници. Секој еден од нас е воин. Секој којшто разбира нешто може да го шири моралот. Некои ќе ве сметаат за луд, некои за глупав, ама некој ќе ве разбере. И ако тој го продолжи процесот, мислата се шири, уште има надеж...

Глупавиот не знае дека е глупав.
 
Нема некој шо ќе истапи да ја води таа интелектуална војна,а уште полошо нема ни персонал шо ќе учествува во таа војна оти денес не постојат морални вредности помеѓу луѓето,еве јас имам 18 години(за некоја недела 19),и стварно ми е срам од мојава генерација,до кај стаса светов,ете другари ми се,ги сакам ама шо ќе правиш кога така ги учеле по дома и така слушале на телевизија,некој од нив не ни знаат кој бил Ченто или дали има Македонци во Егејска/Пиринска Македонија,шо се случувало 2001 или шо се крие зад ''убавините'' и ''рамноправноста" на ЕУ,за нив едноставно е оноа обичното..ВМРО или СДСМ.За да се создаде база/движење на интелектуалци во државава треба да има некој достоен за тоа,а и да постои не верувам дека е спремен да го издржи притисокот од ''патриотите''.Еве да речеме таа организација добива некој статус и позиција,прашањето е дали може да оддолее на позицијата(власта) и можностите шо таа му ги нуди,или пократко кажано дали ќе остане рамнодушен на неа...не верувам,како статус на неразвиена,''ново оформена'' и нереформирана земја мора да се трпи диктат однадвор,шо уствари се одликува на луѓето шо ја водат државата(како ни свират така).Е сега ти кажи ми како може да се создаде таква младина кога тие уште на предучилишна возраст се делат партиски...е таа младина после ја сочинува простата маса шо секоја сезона за гласање има различна партиска книшка.Нив им е важно шо ќе слушнат на телевизија(Латас,Чомовски,Геровски,Јанко етц.)и тоа им е конечното и неможеш да ги убедиш оти нели...на тв го имало.Место да седнат нешто да читнат по нетов они дремат по фб и порно страници со сарбошка музика ставена на плејлиста.И после младина..ЕПА НЕМА!Како да има кога 90% од младата генерација е глобално заладена,нив им е поважно да се пофалат каква кола му купиле неговите дома или каков мобилен си земал а незнае шо ден е 8 Септември.Денот кога ќе почнат со свои очи и од нивен аспект да гледаат на работите тогаш можеме да се надеваме на нешто,ама на многу тоа не им одговора..оти нели...како инаку ќе го контролираш народот ако му ја кажеш вистината или тоа што сака да го знае.Додека постои простата маса до тогаш ќе постојат и моќните/богатите.За да се смени тоа мислам дека е веќе касно,оти за таква војна треба масовност и поддржаност од некој(НЕ ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА).Повеќе народ ќе собереш ако речеш се одржува собир на интелектуалци каде на крајот ќе гостува Цеца одколку само собир на интелектуалци.Зошто?Епа оти дома тоа слушаат мајка му и/или татко му,тоа се научени од време на Југославија(братство и единствно демек)на која се гордеат и кажуваат како се живеело а уствари пак на крајот останале со отворена уста. Децата учат од родителите(кои голем процент имаат политички испран мозок)и тоа станува нивно мислење.Е сега некој ќе рече па на училиште...е како на училиште кога 75% од нив не ги интересира тоа шо го учат еве да речеме по Историја(која сепак не се прикажува толку точно колку шо треба) и други 25% кои учат напамет за да им ги покажат петките на мама и тато,и на крајот ни едните ни другите поима немаат шо се случува.И така,со овој гнил систем,прост народ и однадвор контролирана администрација се останува во сенка,освен желбата на луѓето за подобар живот којa очигледно,им ja диригира некој друг.Сепак на крајот,шоуто можеш да го смениш,публиката е иста,прашањето е колку добро можеш да ја контролираш публиката... :smir:
 
Не треба никој да истапи да ја започне таа „војна“. Тоа не е борба за некојси крал, диктатор, за некоја држава, вера или систем што треба да го браниме. Тоа е борба за самите нас, за подобар живот. А верувајте живот заснован на моралните вредности, каде очекуваш од блискиот да ти помогне, а не да те зафрке - е навистина подобар живот.
Не е потребна никаква организација. Не сум анархист, ама за овој случај сметам дека не треба да постои никаква хиерархиска поставеност. Тоа може само да биде искористено од противникот.

Очите на младината не треба да и отвори некој друг, туку самата таа, со други зборови ТИ!. Младината е мисловна именка. Си ја видел како изгледа? Како тебе и како мене. Сите ние ја сочинуваме младината. Ако мислиш дека треба да се смени младината, смени се самиот себеси, и почни да ги менуваш своите блиски! И ако видиш дека само 10% можеш да ги убедиш да почнат да мислат, не мисли дека е залудно. Некој ќе убеди 11%, некој 12% и така започнува „војната“. Гледај само и ти да се „бориш“ во неа.

И во право си за едно. Комунизмот беше почетокот на сево ова. Убодот кој ја предизвика оваа инфекција која сега се шири и како лепра го зафаќа целото општество. Тоа ќе гние се дури не изумрат идеите на оние одгледани во него, заедно со нив. И баш тука е проблемот: декаденција, атомизам... се шират како чума, само заради тоа што некој неписмен старец вели дека во тоа време се живеело поубаво, дека треба државата да ни ги решава проблемите и да стори ова или она...

--- надополнето ---

И де жити се, дели го текстот во пасуси. Многу боди очи вака. Напорно е за читање. :smir:
 
за жал поголемиот дел од високостручниот кадар што го произведува/ла државава побрзо би работеле во странство отколку тука,државава вложила во тие кадри и нивното знаење,меѓутоа младите незадоволни од ситуацијава веднаш ги прифаќаат понудите од странските компании или самите им се нудат,наместо да се трудат како би направиле подобро општество дома,затоа што само дома си е дома.....за жал двопартискиот систем(не гледам трета или друга партија со некаков капацитет за водење на држава) не понуди подобар живот за граѓанинот кој е притеснат и принуден да живее под овие услови затоа што никако не му текнува да створи нешто подобро за него и идните поколенија.....
 
Уште на самиот старт од формирањето на државата го поделија народот во две партии.Беа едните на власт,беа другите и повторно си ги заменија местата.Резултат под нула.Денес освен што владее истата поделба,се подели народот на ушта два новокомпонирани табори:патриоти и предавници.Истите тие кој служат во едниот табор,си го заменија името напред бидејќи нели сме нов милениум.Се направи обид на трета поделба,славомакедонци и антички и повторно истите фигури во двата табора.
Најголема болка е што денес има толку заслепени луѓе,што незнам воопшто дали имаат нешто да тропка во главата.Јас плукам по власта од моите 16 години,од кога сфатив дека ме дупат во здрав мозок.На уста се се менува на терен само лопати се фрлаат и по некоја панделка.Или пред избори извади ги булдожерите и прави тротоар од 5см.
Ќе плукам до оној момент додека со свои очи не видам дека нешто се менува во оваа проклето бирократска/апашка држава.Под поимот се менува и оди на подобро подразбирам промена,ама вистинска промена на се она што се случува,пред се економска,инфраструктурна и политичка.Жал ми е што многу очечуваат да дадам аплауз за една плажа..Жал ми е што некој мисли дека тоа е промена....Жал ми е и што многу мозоци се подложни на гол популизам...И најмногу жалам што морав да живеам во времето на приватизацијата и вечната транзиција на едно парче земја 2*2 со една шака народ.
Ќе бевме Монте Карло на Балканот да имаше чесни луѓе...жалосно.
 
Срамота е голема наместо да се гради македонски се гради масонски споменик, и никој ништо не вика не реагира. Се бараат причините кој зошто како што ги бараш кога причината е очигледна во споменикот, и во медиумите кои што бесрамно го тврдат тоа, барем да беше затскриено некако а не вака јавно ќе разберев зошто луѓето не можат да разберат, а вака јавно.....
 
Некој овде спомна дека високостручниот кадар е интелигентен. Кој е тој интелигентен кадар бе? Тие со дипломите од ФОН? Тие со завршени факултети во Бугарија? Тие со ..... Голем е бројот на факултетлии на кои единствена прочитана книга им е Зоки Поки, последен гледан филм некој со Џеки Чен. За греота е македонскиот интелект. Ма каква греота бе, скоро и да го нема е. Со такви не се гради држава. Такви не треба да владеат, такви не треба да бидат ни воопшто вработени. Познавам среднисти кои се гении за нив. Живееме во општество каде дипломата е битна, а не знаењето. Ех, проста рајо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom