Почнав да ја читам темава од првото мислење, и не забележав дека е три години стара... Ова е историски документ, вистинска реликвија. И од нејзино согледување излегува дека сето тоа што било напишано пред три години било попусто....
Три години од повикот за разбудување на младината и дигање на нејзината свест.
Што е напишано после тие три години?
Фрази од типот:
„Ајде бе војна ќе сме воделе, нас за ништо не не бива...“
„Народот е глуп, џабе е се’...“
„Абе гледајте да легнете нешто вечерва, шо се замарате со глупости...“
...олицетворение баш на она против коешто повикувал Wolkswagen.
Народот е глуп, да, ама не затоа што не може да разбере, туку затоа што не сака да разбере. А зошто не сака да разбере? Затоа што е бомбардиран од сите страни со информации дека ако прочита книга ќе му се смеат; ако направи нешто добро за општеството а не за себе е глупав; ако постапува чесно е смотан итн...
Секогаш има некој кој сака народот да е глуп. Народот го тупчат толку време, што веќе нема потреба за интервеции од трето лице. Нашето општество веќе самото се убива. И затоа манипулира со него кој ќе стигне.
Еден од 10 е свесен за срањево во кое се наоѓаме. Еден од 100 прави нешто!
Оваа „војна“ не се води на бојно поле, оваа се води во друга димензија. Промена на менталитет не е процес кој се свршува за неколку години, како Втората светска војна. Ова може да трае со поколенија. И овде војната не ја водат војници. Секој еден од нас е воин. Секој којшто разбира нешто може да го шири моралот. Некои ќе ве сметаат за луд, некои за глупав, ама некој ќе ве разбере. И ако тој го продолжи процесот, мислата се шири, уште има надеж...