Да му помогнеме на Емил Новевски

Статус
Затворена за нови мислења.
Што се случи со емил? Некако стивна кампањата за собирање средства. Можеби веќе е отиден на операција?
 
Не е, уште е во Скопје на терапија, барем по она што го пишува во групава http://www.facebook.com/search/?q=emil+novevski&init=quick#!/group.php?v=wall&gid=245884453121
Мислам дека не се собрани се' уште потребните пари, пред неколку дена мислам дека ја имаше мајка му на телевизија и рече дека имале половина од парите, им требаат веројатно уште околу 25 илјади евра.
 
17531_104347206253061_100000333463450_109249_7609268_n.jpg

bump.
Откажете се од едно кафе или 10 минутен трач на мобилен :smir:
 
Дечки сега баш на вести ударна вест го имаше,ја примил последната терапија на клиника,треба да продолжи да се лекува а му фалат уште 20.000 евра........ВЕ МОЛАМ ДОНИРАЈТЕ :(
 
ИТНО! АПЕЛ ЗА ПОМОШ ОД ЕМИЛ НОВЕСКИ Денес Емил ја прими и последната терапија во Македонија и докторите го подготвуваат да замине на лекување на една од странските клиники. Но, семејството на Емил ги нема обезбедено потребните пари. Досега собрани се само 30 илјади евра, недостигаат уште 20 . Да му дадеме шанса на Емил да продолжи да живее, да има безгрижно детство.

Cите коишто сакаат да помогнат можат да донираат 100 денари со јавување на бројот 070 143 115 ; 077 143 500 ; 075 143 350 или пак да уплатат парични средства на жиро сметката на Стопанска Банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески и на девизнасметка SWIFT: STOB MK 2X IBAN: MK 072 000 020 184 742 .Сре во 19:41

Facebook:

Jovanka Novevska
Emil Noveski
АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ЕМИЛ НОВЕСКИ,


Ајде да го вложиме сите својот максимум и да му помогнеме секој од нас на начин на кој што можеме, за да Емил оздравее!!
А Господ нека биде предводник на нашите активности и нека ги помага и нека му даде здравје и долг и убав живот на Емил!! Амин!!!!!
8.gif
6.gif
 
ЕДИНАЕСЕТГОДИШНИОТ КАВАДАРЧАНЕЦ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ТРЕБА ДА БИДЕ ВО КЛИНИКАТА ВО ФРАНКФУРТ

За лекувањето на Емил неопходни уште 15.000 евра

Единаесетгодишниот Емил Новески од Кавадарци за две недели треба да замине на клиника во Франкфурт, Германија каде што треба да му се изврши трансплантација на коскена срцевина. Емил боледува од редок тип на леукемија, а неговото семејство не е во состојба да ги покрие трошоците за лекувањето. Досега собрале 35.000 евра, а за зафатот им се неопходни уште 15.000 евра.
"Го добивме конзилијарното мислење", вели мајката на Емил Јованка Новеска. "Сега, дефинитивно, знаеме дека лекувањето во Франкфурт ќе нè чини 250.000 евра. За да нè примат на клиниката, треба да уплатиме 50.000 евра, остатокот би требало да го намири државата. Тоа е престижна клиника каде што се лекуваат деца со леукемија од целиот свет, така што освен на физичката состојба на детето, мора да се внимава и на точниот датум даден од клиниката, бидејќи не ретко бројот е пополнет и може да се случи да нема место за нови пациенти. Денес ни јавија дека нè очекуваат на крајот на првата седмица во март, па сега веќе сме во паника и не знаеме каде да се обратиме за помош. Од сите хуманитарни манифестации кои досега се организираа за да се соберат средства за лекувањето на Емил, успеавме да обезбедиме само 35.000 евра", кажува Јованка.
Мајката на Емил вели дека и тој е преплашен за неговиот живот, бидејќи е свесен оти тешко можат да најдат толку пари за само две седмици. Емил бил упатен во целата процедура на собирање на пари и многу тешко прифаќал дека мора да моли за својот живот. Благодарна му е на поп-пејачот Игор Узунов и на неговиот менаџер Ќазим Асотиќ од "Ту хартс продукција", без чија помош, како што вели, сигурно немало да соберат ни третина од парите. Тие речиси секој викенд организираат хуманитарни манифестации за помош на Емил и досега не се случило да побараат ниту денар за себе.
"За да се спаси Емилче, мора да се разбуди хуманоста кај сите навреме, затоа што моето дете нема уште многу време", апелира мајката.
Телефони и сметки за помош

Сите што сакаат да помогнат, можат да донираат 100 денари со јавување на бројот 070 143 115, 075-143-350 и 077 143 500 или, пак, да уплатат парични средства на жиро-сметката на Стопанска банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески, и на девизна сметка СЊИФТ: СТОБ МК 2Џ ИБАН: МК 072 000 020 184 742 53.


http://www.vest.com.mk/?ItemID=E0A50312DBE9D245B22BBA0599F41119
 
Почитувани!
На 23.04.2010 год. во салата на МОБ (МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ) ќе се оддржи хуманитарен концерт за помош на 12 годишниот Емил Новевски.
На концертот ќе настапат познати естрадни уметници, а парите од продадените билети ќе бидат наменети за помош на малиот Емил.

Хуманоста е најблагородната човекова особина, помагајќи им на оние на кои тоа им е потребно - го збогатуваме и нашиот живот. Имате можност да направите нешто што можеби и не е многу, но сепак многу ќе значи за 12-годишниот Емил Новески кој боледува од редок тип на леукемија. Заедно со вашата помош ќе придонесете Емил да биде неколку чекори поблиску до нов живот.

Телефони и сметки за помош
Сите што сакаат да помогнат, можат да донираат 100 денари со јавување на:

070/143 115 T-MOBILE

075/143 350 ONE

077/143 500 VIP


или пак да уплатат парични средства на жиро-сметката на Стопанска банка 200-002-018-470-082, за Емил Новески, и на девизна сметка SWIFT: STOB МК 2X IBAN: МК 072 000 020 184 742 53
 
Штотуку донирав по барање на мајка ми, се утепа од плачење бидејќи моментално зборат за детето на Канал 5 Телевизија. Туку она што најмногу ме зачуди или да кажам ме разочара е што "теткава" што збори кога ќе се јавиш на бројот ( на т-мобајл ) вика тукушто дониравте 118 денари за Емил Новевски, па добро бе нели е срамота од маката на другите ( поточно едно невино дете ) да земаат 18 ден. ДДВ? Не ми е за 18те денари туку за срамотилукот што го прават, срамота! Уште што нема да видиш и чуеш во Македонијава...
 
R.I.P Emil ... (se nadevam informacijata e tocna, taka se pise niz fb) :toe:
 
Колку мразам кога ќе се случи ова...почивај во мир...
 
Жално, сочувство до родителите
Почивај во мир момче
 
Почивај во мир Емил ... Моето најдлабоко сочуство до фамилијата Новевски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom